Денес најдобар другар, а од утре не те познава...

  • Креатор на темата Креатор на темата kapetan
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се случило и ми се случува . како он така ја .!.
 
Не сум имал досега таков случај, и не ни сакам да имам.
 
Ми се има случувано.Цело време заедно а кога ти е најпотребен измислува причини неможам ова она.Кога ти си му потребен веднаш трчаш и како што кажав нареден пат ке те зезне се додека не сватиш каков е :toe:
Утре го видеш со некои сосема други непознати личности за тебе на другата страна од улицата,зјапа во тебе и не прозборува,преку глава ми е од такви препотенти личности кои мислат дека светот се врти околу нив:pop::pop::pop:
Утре кога ке те побара ке измислува илјадници работи.
Право да кажам порано се нервирав за такви работи а сега на памет не ги ставам.
 
Тури им го...мене ми е интересно да си играм така они.....не се свесни дека намерно грешам...додека истите сметаат дека сум торко...Штета ретки се таквите,а да видите која гордост ја имаат демек зверој,мерој а не сваќаат декам јас сум им гајденс систем за наведување....и ги насочувам кон...АМБИС(то поретко) а најчесто кон 2 шанса да се корегираат....и имало случаи пак да грешат...абе научно е докажано животиња не можеш да го фатиш два пати на иста финта а луѓево...абе чудо.
 
Сељак........
 
Не ми се случило до сега вакво нешто. Можеби е затоа што поминаа 15 години пред да ја најдам најдобра другарката, и имав многу пријателства, кои се распаднаа. За тоа дали ќе ми речат сега здраво или не кога ќе ме видат на улица, и не ми е битно зошто од такви идиоти кои ќе те заебат за најмала ситница што на тебе ти значи а они можеле да ти ја овозможат ама не сакале, ми е преку глава. Затоа што, процентуално гледано, 90% од луѓето околу тебе се идиоти.

Пријателството не е нешто што може да се распадне преку ноќ. Да, ми се случило да ја изнервирам најблиската другарка, да се налути, и да ми напраи муабет од типот: "да, згреши и ти се лутам пошто си идиотка и пошто понашањето не ти беше на место, него, ти се иде на кафе?" И мило ми е што имам такво пријателство кај што ценам и знам дека ме ценат, затоа што не секој кога ќе ти се пружи само на тебе можност да ти се оствари животниот сон, а истиот сон го имал и некој кој го сметаш за бест френд форевр, да ти рече "не пеер, можноста ти се пружа на тебе, искористи ја максимално, и немој да заебеш зошто ќе те ебам мртва" во случај кај што и двајцата имате аплицирано, а другарот/ката се одбиени. Истото е и кога ти е најтапа и кога се бедираш за некое срање кое ти се десило, тој по кој се трескаш од земја ти мавнал корпа, имаш проблеми дома или било што, ти се јавува у 4 саат навечер и ти праи муабет за тоа како ќе го/ја/ги убиете оние што ти имаат згрешено и како се ќе се среди. Другар кој не ти е вистински не праи такви муабети, и колку да се одалечиш, утре кога ќе те сретне, ако ништо друго, барем ќе те поздрави. А ако е идиот, ќе сврти глава и ќе помине покрај тебе. И секако, тебе нема да те боли кур за тоа, затоа што сепак, имал намери да те искористи.
 
Што кога другар/ка ваша шо сте се дружеле цел живот и наеднаш или заминува во друг град па иди и се прави нешто демек покултурен....или заминува во друго друштво па не ви прави повеќе муабет не ве познава..

Чао пријатно,можеби и ќе ми недостигаш...неколку секунди...ваљда:toe:
 
Коа ке му треба нешо пак кај тебе ке се обрати некој ден ке видиш;)
 
Шо се замарате бре...
Зарем до сега не ви стана јасно дека нема најдобар другар?
Па така да воопшто не е чудно ако некој ден коа ќе се сретнете со некој "најдобар другар" случајно, да те одмине, нит здраво да ти рече, нит да те погледне.
 
^Нема Мацо денес сите гледаат како да ти забијат нож во грб,само корист и ништо друго.
 
Ми се нема случено тоа до сега со личноста која ја сметам з анајдобра другарка.Тука е за мене кога ми треба нешто и јас и помагам во се и ми нема досега забодено нож во грбот.Може само некогаш на шала да се скараме ама утредента:ааааааанааааааааа ке ми даеш ли книга математикааа?Или па:Глоријааа дој да ми објаснеш деклинациите гермнански тук тапа сам јас ти одила си на курс па по ги знааш од мене :pipi: .Или пак кога имам казна з аинтернет ми дава да поседам од кај неа.

Но не е таа славна(ниту пак јас сум).Не знам како би реагирала сега да стане популарна(мислам дека ја знам подобро но во последно време човек не може да гарантира за самиот себе, денес си еден човек а утре друг, а не пак за некој друг).А сум имала и уште имам другарки од корист но ги знам и со нив сум само на еден прост муабет и ако ти потражи нешто да смислиш причина да го откачиш(бидејки сум помагала а јас кога ми била потребна помош мене никој не ми помогнал од тие „другари“).Ги знам какви се и не се замарам ако шират некои невистинит за мене низ градот или пак ако не ми кажат здраво.Па чудо.Кога ке им биде потребна помош ке се улизнуват ама нема....Затоа сакам да сум поблиска со фамилијата(родители, братучетки).Но за жал дури и таму има предавство.Не боли кога ке те предаде другар...но кога тоа ке го направат твоите први братучеди....луѓето кои треба да ти помогнат ако ти е тешко и ако некој зборува лошо за тебе па дури и да е точно да одрекуват......е тоа заболува.Но да не забегам со оф топик.Темата е за предавство од „најдобар пријател“ а јас се префрлив и на роднини.
 
Sum imal vakvi slucaevi i mislam deka sekad ke gi ima ...takov e zivotot deneska drugar utre ne te znae..a sve toa se desava poradi korist sto ima od tebe..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom