Демонстрации

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
И ако го прочиташ воведниот пост, ќе видиш дека на темава се повикува на второто. Веројатно ќе се согласиш дека на општество како нашево, во кое виреат тензични и накриво засадени меѓуетнички односи и е економски на колена, најмалку што му треба е уште идеолошка поларизација. Во таа насока ми беше напишан коментарот што ја поттикна дискусијава.


Проблемот е што ги има, и таа идеолошка поларизација веќе ја има, мене тоа ми е поентата.Само кај нас незадоволството го изразуваме на сосем поинаков начин: со одење од државава, затоа го споменав земањето бугарски пасоши.И наместо државава да прекине да си игра со оганот, таа полева уште толку масло во оганот.Јас веќе не знам само до каде ќе оди ова, двете ни најголеми политички партии се апсолутна нула, со никаков концепт, никаква визија, и без идеи.За да се спречи таа поларизација потребно е да се крене стандардот на граѓаните и да се крене економијата за жал нешто што веќе дваесет години не се прави во државава, туку од независноста наваму одиме подоле и подоле.Затоа требаше да го фатиме возот на време.
Двете најголеми партии реално, на идеолошки план не се обединети и кај нас, во една Германија на пример, па и во Италија каде има криза во моментов, опозицијата во кризни периоди не гледа никогаш да ѝ наштети на државата, туку секогаш се поддржуваат едни со други..Да беше и ВМРО во опозиција кај нас да речеме на пример и ВМРО ќе гледаше да наштети на позицијата.Најсвеж пример во Италија сега е Берлускони кој и покрај неговите закани му беше откажано следењето од страна на неговите луѓе и истите тие формираа нова партија која ја поддржува сегашната Влада Во Германија SPD на пример, сега на неодамнешните избори.Меркел ги доби изборите со доста голем процент но пак мораше да склучи коалициски договор со SPD, пази, нивните најголеми довчерашни ривали, и на тоа SPD-водството се согласи само да не пропаднат изборите и да влезе Германија во криза, а на тоа Меркел со CDU и CSU одговорија со попуштање во некои области на опозициската партија, зошто нели, договор куќа гради.Ваква спремност за попуштање кај нас нема да најдеш, ниту кај едната, ниту кај другата партија, факт.
Во Украина е токму истото, ако не истото, тогаш слично.Реалноста е таму дека опозицијата и позицијата не се согласни, поради тоа што едните се про-руски настроени а другите се про-европски настроени, и реалноста е дека поради оваа поделба и Украина не оди толку напред зошто и кај нив ја нема онаа обединетост кога станува збор за кризни времиња, исто како што ја нема кај нас.
Има доста сличности меѓу Украина и Македонија на овие две полиња, а и на полињата на економијата.Не се зрели и двете држави на ова поле реално гледано, кај нив во Собрание гледаш тепачки кај нас во Собрание гледаш свекрви кои само се жалат и по некоја неписмена сиротиња како Амди Бајрам кој не знам зошто уште го влечат во Собрание да лапа државни пари кога е крајно некадарен и необразован за таква функција.
На Украинците најголемата шанса им е ЕУ и никој друг.Русите така се закануваа и на Полјаците пред да станат тие членка на ЕУ па ништо не се случи.Ако отидат накај Русија ќе им се случи и они да станат тоталитаристичка држава, под прикривната наметка на демократијата, исто како што е сега во моментов во Русија, каде две клучни фигури ги менуваат своите шаховски позиции.Украина со Русија уште повеќе ќе потоне.
 
Зошто да протестирам, да дојдат другите и да го прават истото што го прават овие?

Тоа е единствениот можен исход, нема друг.

Ова е вистина ...
Сите видовме што стана со зонско во општина центер. Се симна курта - се качи мурта.
Затоа треба да протестираме против сите го*нојадци.
 
Хаха цевки поминувале низ ѕидовите. Ова како приказната, лижи преку џам. Од каде слободата да ми се наплаќа за цевките што поминуваат во ѕидовите од МОЈОТ стан.
Ќе си го ладат курот и едните и другите додека нардодот си молчи и полека се иселува од дупкава. И вас кои лапате државни пари ќе ви натежни за кратко. За мала непослушност ќе ве испуштат и онака илјадници овци чекаат да се отвори било какво место под државна капа. Ќе кукате по братучеди, војковци, стрини, баби, пријатели да ве повлечат некаде подалеку. Од ова држава не бидува се видело тоа. Може ќе опстојат палатите на олигарсите да сведочат за еден народ, еднаш..
 
Овој народ нема муда ни акл за да протестира,све му е нагодено зашто да диза џева.По катил народ нема,само да се олајава позади грб на интернет сите јуначишта у реалност пичиња.Продадени души колку сакаш,денес на цена е да си предавник,а не борец.Апатија,пиши пропало.
 
Џабе и говорот на Митре Вењаноски џабе и отпор шо праеа, џабе што се тепаат наши деца по автобуси од Албанци, џабе што све е корумпирано од фудбалска репрезентација која е приватна и е срам за македонија...
И одвреме на време ке искочи нешто како говорот на Вељаноски у собрание пред 3-4 недели и ај шер на фејсбук сите и по некој коментар у стилу добро кажува чоеков ама нишо џабе он тоам ора да го кажува за да дое на власт. Уствари кој го ебе него шо знае он јас сум у екот на мојата младост зашо да се замарам со политика коа ми почиња Манчестер за 2 саата. Нема везе шо моите деца ке мизеруваат зашо Мак е отидена у курац со кредити. Нема шанси на ова ладно време да идам да се глупирам да протестирам. Кај шо не смеам зашо ке ми избркаат мене или мој (внеси рандом роднина) од администрација па и срамота е ке ме гледаат таму. батали да си изгледам Барцелона па после на кафенце ке си идам некое.
Не пали овој виц бе, дечко.
Знаеш зошто?
Оти е многу пати и слушнат и виден и резултатот е 0. Имало и протести и демонстрации и на крајот исти к*р. А за фамозниот говор на Митрета, и тој е слушнат многу пати. Митре не ја измисли вистината. Вака зборуваат сите пратеници кога се во опозиција.
Проблемот е што народот не му верува никому, затоа што многу пати е искористен. Ако ја симнат власта која е гаранцијата дека тие што ќе дојдат нема да бидат исти па дури и полоши??
Еве, и тебе повеќе од половина од тие што ќе те прочитаат нема да ти веруваат во добрите намери со отворањето на темата. Ќе мислат дека си ја отворил само затоа што ти одговара смена на власта, а повеќето баш ги заболе што ти одговара тебе. Не го сфаќај ова лично, но тоа е вистината и реалната ситуација - нема веќе доверба во Македонија.
 

Не, вака, мора да правиме разлика помеѓу интензитетот на раслоеноста. Во Македонија (тука мислам само во етнички македонскиот блок) има две групи кои се тотални опозити едни на други и се мразат меѓу себе. Ама тие луѓе не се ни 20% од населението. Постои огромно мнозинство, на кое таа поделба не му е примарна. Си имаат други проблеми, најчесто од економска природа. Кога е економското прашање во предвид, не можеме да зборуваме за раслоеност, затоа што целото општество е согласно дека состојбите таму не ни чинат.

Во Украина го нема тоа. Во Украина секој од тие 40 милиони е доведен во ситуација да бира страна. Украина денес, е исполаризирана како Босна во 90-тите и секако дека заради тоа може само полошо да живеат, никако подобро.

За големите коалиции во Германија и Австрија и за падобран коалициите во други развиени држави имам нешто подруг став од твојот, ама да не ја раслојуваме темата, ти ја разбирам поентата и можам да се согласам. Убаво е кога целото општество има фатено ист правец и расправата се води околу начините како да се стигне таму, не чини кога општеството се расправа за правецот на движење. Тогаш дефинитивно стои во место. И тоа ми е поентата цело време. Ние како Македонци немаме проблем со ставот во кој правец треба да се движиме, имаме со брзината со која се движиме (или не се движиме воопшто). Тој застој е резултат на „капацитетот“ на политичките чинители многу повеќе отколку на поделеноста на општеството.
 
Хаха цевки поминувале низ ѕидовите. Ова како приказната, лижи преку џам. ..
Да. Порано се смеевме на случката од приказните за итар Пејо, кај шо отишол со леб у раце, у близина на кафана, да јаде леб и да мириса од чадот, па меанџијата излегол да му бара пари и за тоа шо го мирисал чадот, односно што го користел како додаток во јадењето.
Денес, меанџијата навистина ни наплатува за чадот од скарата.
 
Јас ако немам егзистенцијален проблем, значи ли тоа дека немам причина за протест?

Според тоа правило нема критична маса на луѓе со егзистенцијален проблем за да има поголеми социјални протести. Како што кажав на почетокот, бензинот е над 80 денари, а од коли градот е презагаден. Неможеш да најдеш место за паркинг, а се плаќа. Неможеш да најдеш место во кафана.

Но ете, јас можда не ги гледам проблемите, еве кажи ти каков проблем имаш и да видиме кој е крив за тој проблем.
Најголем проблем не само на мене туку на сите е тоа што постојано се додаваат нови давачки на товар на граѓаните на оваа држава.
Секогаш каде и да отидеш има гужва
 
Најголем проблем не само на мене туку на сите е тоа што постојано се додаваат нови давачки на товар на граѓаните на оваа држава.
Секогаш каде и да отидеш има гужва

Кој се тие давачки, дали некој пробал да ги канализира и да каже кои се тие давачки и од каде потекнуваат. Дали станува збор просто за цени на производи, или изричито за зголемени давачки кон државата. Дали тие давачки се светски тренд или појава само кај нас. И после тоа дали некој има оддржлива формула да се намалат тие давачки.

Јас се сеќавам дека кога се воведоа фискалните каси во 2000 година, има толкава ука бука од страна на опозицијата, што ветуваше дека тоа е толкава глупост, што кога ќе дојдат на власт ќе ги укине. Од тогаш се промени два пати власта, а фискалните си останаа.

Точно е дека се тешки времињата и дека народот е оптоварен со разни давачки, меѓутоа позивите за протест и демонстрации кои наликуваат на тие од пред една година, немаат врска со тоа. Позивите за протест се од дневнополитички карактер и се последен здив на една политичка структура на умирање, која сака целиот Македонски народ да го повлече со себе во гроб.

Не е проблем апсолутната моќ на естаблишментот на власт, таквите моменти обично траат 1-2 години. Проблемот е кај нас опозицијата е толку инфатилна, што може да се каже дека е директно одговорна што таа апсолутна моќ на власта се одолговлекува, а како што стојат работите, и ќе се одолговлекува уште долго време.
 
Џабе говорот на Митре, џабе отпор :), преку она ми е од политички говори, сите се исти за нив си се арни, кој како дојде на влас заборава на то што кажал, полни раце работа додека да си ги вработи своите.
Кога сме кај протестите се сеќавам на то кога во Шемшево мислам дек беше преименуваано училише во јумни јунузи насекаде низ Македонија учениците излеговме на протес, денес ко печурки се преименуваат училишта молк. Да не спомуваме протести кој се организираа кога го убија Мартин ако се исклучи Скопје во останатите градови по 10-20 млади одзив . Побрзо педерите ке добијат деца него кај нас да се случи некој студентски протес или пак синдикатот да излегне да протестира, го заболе она за работничките права.
 
Кој се тие давачки, дали некој пробал да ги канализира и да каже кои се тие давачки и од каде потекнуваат. Дали станува збор просто за цени на производи, или изричито за зголемени давачки кон државата. Дали тие давачки се светски тренд или појава само кај нас. И после тоа дали некој има оддржлива формула да се намалат тие давачки.

Јас се сеќавам дека кога се воведоа фискалните каси во 2000 година, има толкава ука бука од страна на опозицијата, што ветуваше дека тоа е толкава глупост, што кога ќе дојдат на власт ќе ги укине. Од тогаш се промени два пати власта, а фискалните си останаа.

Точно е дека се тешки времињата и дека народот е оптоварен со разни давачки, меѓутоа позивите за протест и демонстрации кои наликуваат на тие од пред една година, немаат врска со тоа. Позивите за протест се од дневнополитички карактер и се последен здив на една политичка структура на умирање, која сака целиот Македонски народ да го повлече со себе во гроб.

Не е проблем апсолутната моќ на естаблишментот на власт, таквите моменти обично траат 1-2 години. Проблемот е кај нас опозицијата е толку инфатилна, што може да се каже дека е директно одговорна што таа апсолутна моќ на власта се одолговлекува, а како што стојат работите, и ќе се одолговлекува уште долго време.
Со зголемувањето на цените се зголемуваат давачките.
Најди стара сметка за струја од пред 4-5 години и види колу си плаќал за улично осветлување.
Во сметката има и 33% енергетска ефикасност која нема причина да се наплаќа.Кога на крајната сума ќе додадеш ДДВ,сметка се зголемува за 51%.
Најтрагично е тоа што тие пари место да служат за обновување на мрежата и изградба на нова тие пари се користат за плати,крадење или финансирање кампањи.
Друг проблем е сметките за парно кои ги плаќаат тие што се одамна исклучени од парното.
Ист проблем е и со банките.Плаќаш месечна провизија за водење сметка а во исто време ти наплаќаат и поровизија од 15 до 50 денари по платен налог или при подигање на материјални трошоци.Во зависност од износот на налог за пренос имаш различно тарифирање.За водење трансакциска плаќаш месечен надомест која ако примаш плата преку банката не треба да се наплатуваа и во исто време ти наплаќаат по 12 денари за секоја проверка на состојба на банкомат.
Не дај боже да имаш изгубено или не чуваш некоја сметка извршител има да те одере додека докажеш дека ја имаш платено.
Има уште давачки за кои моментално не ми текнува ама сите се со одобрение од власта не е важно дали е оваа,мината или идната важно е дека се на грбот на
граѓаните.
Не е добро ова што се прави уште полошо е тоа што сите молчиме како неми и велиме ,,Ќути може и полошо'' а не гледаме дека ситуацијата од ден на ден е се полоша.
 
Точно е дека се тешки времињата и дека народот е оптоварен со разни давачки, меѓутоа позивите за протест и демонстрации кои наликуваат на тие од пред една година, немаат врска со тоа. Позивите за протест се од дневнополитички карактер и се последен здив на една политичка структура на умирање, која сака целиот Македонски народ да го повлече со себе во гроб.

Не е проблем апсолутната моќ на естаблишментот на власт, таквите моменти обично траат 1-2 години. Проблемот е кај нас опозицијата е толку инфатилна, што може да се каже дека е директно одговорна што таа апсолутна моќ на власта се одолговлекува, а како што стојат работите, и ќе се одолговлекува уште долго време.

Хохохохо, добри вицеви.Кај живееш ти ? Апсолутната моќ на оваа власт е проблем веќе 8 години, а не некој момент од 1-2 години.Да кажеш дека опозицијата е крива за оваа кадифена диктатура во која живееме е рамно на тотална глупост.Цела генерација порасна и се описмени за 8 години под овие феудалци.
 
За пример ќе ги земам протестите кои ги организираа средношколците против законот за екстерно тестирање. Дали некој знае што и како им се случува во приватните животи на организаторите?-мислам да фирми и невладини кои ги држеле и држат нивните родители и училишен живот или тој момент од денот кои го поминуваат во старите клупи финансирани од Ј.Б.Тито ? Терор и одмазна се вистинските зборови кои ќе го опишат одговорот на прашањето кое го поставив самиот.
Потоа, еден вид забрана за протест од страна на директорите на средните и основните училишта, пазете по наставата, а не за време на реализирање на истата. Каде е правото на протест? Понатаму, унијата на млади сили испрати деца од своето ниско раководство облечени со блузи со лого на СДСМ. Каде е тука полицијата да ги утепа од ќутек како страни тела меѓу оние кои го изразуваат своето незадоволство?
Прво треба почитување на осносните човекови и права, па потоа почитување на законите ако сакаме држава во која ќе може слободно да го изразиме својот став, а не секој коментар да биде цензуиран и тука на форумов и јавно.
И за крај ќе се надоврзам со тој мрачен 24 декември кога приврзаниците на Б.Ц, беа мавани со камења од страна на приврзаниците на Н.Г. и самиот беден и “паметен“ Амди Бајрам ги провоцираше. Дали вреди да се протестира?
Од друга страна за време владеењето на СДСМ и почетоците на голготата кога масовно се ставаа катанци на фабриките и фирмите и СДСМ ништо, ама баш ништо не предзема, иако вината не беше нивна, да го спречат тоа што се случи. И за жал ако излезам и протестирам против одлуките на оваа влада ќе испаднам соросоид, комуњар и веќе не знам каква етикета ќе си добијам што е спротивно на мојот политички став кој е против политиките на опозицијата ,но и против политиките на власта.
“Во секој живот мора да заврне малку дожд.„
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom