ОК,
Се слагам со тебе дека топлификација не треба да зема пари само за тоа што поминуваат цефки кај мене дома. И еве се слагам дека топлификација бесправно им земала пари на луѓето и дека ги краде 3 000 000 евра годишно. И се слагам дека има и ред други работи што не се во ред во државава.
Но имај го ова на ум. Тие пари топлификација ги земала и ги зема на 16 000 домаќинства. Тие домаќинства имаат еве по просек пута 4 = 64 000 луѓе. Едно елементарно прашање е каде се овие луѓе да протестираат? Да немаат да јадат, сигурно нема да седат дома. Значи економската ситуација и не е толку лоша колку што некои ја прикажуваат. И ете не е само тоа, има и 300 други проблеми што ги кажуваат. Од секој еден проблем што се кажува, нека има по 1000 опфатени, тоа е една армија народ.
Симптоматично во твоето тврдење е дека во последните 7 години сите избори што поминаа убедлива победа имаат овие што се сега на власт, притоа морам да напоменам дека нема никакви сериозни индикации дека има до толку местенки да може да сериозно да се наруши валидноста на власта.
Значи не е дека во државава цветаат рози, меѓутоа да викаш на протест, и притоа главната причина да биде тоа што во Украина имало протести, некако ми е клише од времето на третата интернационала.
Да се вратам на топлификација, заклучокот е овој, топлификација решила да зима пари, добила амин од власта, народот имал пари па платил(точка). Имало дел што се бунеле, биле толку малку што власта ги исмејала (нивно право), како што власта е исмејувана за некои свои потези (право на опозицијата). И све така по ред. Јас тоа со топлификација го решив на друг начин. Кога ми стигна сметката се побунив, кога добив одговор дека е тоа за тоа што поминуваат цевките низ мој стан и дека по закон морам да платам, отидов во подрум го исклучив парното и ги исеков цевките кај мене дома. И веќе не добивам сметки од топлификација. Е сега, кај нас у зграда тогаш се крена толкава галама за тоа што го направив, што на крај се собравме цела зграда и решивме целосно да ја откачиме топлификација. И еве нас топлификација не не пљачка повеќе.
Значи сум имал избор,
1. да отидам со АМИН и да се бунам и да држам сесии од типот на народен фронт на јудеа, притоа да бидам подложен на потсмев, или
2. да направам нешто во врска со тоа.
(претпоставувам дека сеуште плаќаш дека ти поминуваат цевките дома)
И на крајот, не ти е примерот со топлификација добра причина за протести.
Башка све ова, се ближат избори некакви пролеттва, некако ми мириса темава како предизборна кампања.