Демонстрации

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
Табелата ми е земена од истата страна, само е мојата за 2009 2010 и 2011 а твојата е за 2011 2012 и 2013 и ќе видиш дека струјата кај нас е поевтина од 10% до 100% зависно од земјата во која што се прави компарација.

Значи пак ќе кажам, цената на струјата не зависи од власта, која власт и да дојде, цената ќе биде таа од причина што без разлика на тоа што кај нас стандардот е помал, таа инфраструктура мора да се одржуваи тоа повлекува трошоци кои не се многу пониски од трошоците што ги имаат другите држави.

Каде виде дека е поефтина?
Најскапа индустриска струја има Ирска 13,6 кај нас индустриската 9,90 : 0,62 = 16 евро центи
А за второто си во право - цената на струјата не зависи од власта туку од Регулаторната комисија.
А што Регулаторна има направено околу цената е приказна за себе и ако сакаш да отвориме тема само за тоа како Регулаторна ги формира цените на струјата.
Цените на струјата, во последниве неколку години се покачени за 70%.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 01:28 ---
Струмица предводена од З.З е прва гасифицирана општина во МК, додека ти ги сечеш цевките што поминуваат низ твојот стан за да не плаќаш на топлификација.Ова е реалноста.
Колку пари е гасот во Струмица?
Дали во системот е пропан бутан или метан?
 
Ај ставете клуч на темата, почнаа да се мерат партиски пениси.
 
Ај ставете клуч на темата, почнаа да се мерат партиски пениси.

Не клуч сега кога Јамајка го „донесов до ѕид“
Избришете го оној кој има „предводник“
 
Ај ставете клуч на темата, почнаа да се мерат партиски пениси.

Не клуч сега кога Јамајка го „донесов до ѕид“
Избришете го оној кој има „предводник“
 
Едно австралиско семејство плаќа просек од 200$ AUD или 8191.75ден. месечно за 85м2 стан и тоа вода, струја, греење и ѓубре.
Знаме ние добро дека нашиот стандард е далеку помал од оние кои си ги набројал. Па ајде вака да видиме. Наместо граѓанинот да ја плаќа струјата која се увезува нека плати добар дел од неа самата држава. Сите тие буљаши у парламент ја продадоја, па нека плаќаат 20-30% од сметката на секое домаќинство наместо грандиозните споменици и исценирани протести. Зар треба да му се забрани на едно 15-25год. дете да излезе на кафе? Па и последните пари да ми се ќе му ги дадам наместо да го гледам дома како го боли душата. Си видел дека добар дел од граѓаните идат во Веро за да утепаат време, во зиме влегуваат за да не им студи, си ги видел насолзените деца во Џамбо и лицата на нивните родители? Да ќе му купат бе, и последните пари ќе ги дадат за да видат насмевка на лицето на нивните деца, може е неразумно за тебе ама државата не направи такви, неразумни, се фајќаме на емоција, моментално задоволство на душата заради тоа што знаеме дека без разлика колку се трудиме долгорочно задоволство и неможиме да си приуштиме. Знаеш ти колку семејства во прилепско садат тутун за да едната година го поправат WC-то, другата година кујната оти нели невеста дома не се носи така на ништо. Знаеш ли колку граѓани преживуваат заради тоа што нивните пензионирани родители, баби и дедовци сеушто го крепат кровот над куќата...
Ахх...
 
Не клуч сега кога Јамајка го „донесов до ѕид“
Избришете го оној кој има „предводник“

И "firewall" и "jamajka" почнаа да редат химни за достигнувањата на едната опција и неспособноста и грешките на другите...
Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие. Секогаш изборот ќе ни биде "змија да те апне или магаре да ти го бапне".
А баш си мислев, може некогаш... I'm sick of this bullshit.
 
Тука си делумно во право ама пак сакаш да ја тргнеш државата настрана.Тоа е тоа, изгледа си десничар:) .Бројот на партиски административни паразити за 3 години нараснал 50 000.
Абе јас не го негирам тоа, ниту пак некој од власта го негира тоа. Ама тоа ти е социјална инекција, која ја држи оваа влада на власт. Со тие 50000 плати директно живеат 100000 луѓе, а индиректно преку 200 000 тоа се исто толку гласачи. Како и секоја политичка партија, така и оваа, целта и е да направи некаква рамнотежа, да има подобра понуда од опозицијата и така да остане на власт.

Еве ти лично, а доста често и политичарите од опозицијата, многу грешиш кога ставовите ти се полни со предрасуди. Неправилните ставови донесуваат неправилни одлуки.

Да се вратиме на платите. Не можеме проблемот на платите да го префриме на државата во едно капиталистичко уредување. Зошто? Затоа што реално моќта на една држава е во нејзината индустрија. А на тие што ја водат таа индустрија, ниските плати им се гарант на поголема заработувачка. Така да без разлика кој и да дојде на власт, што и да ветува тој што ќе дојде на власт, на крајот секогаш ќе се сведе на истото што го имаме денеска. Разликата помеѓу досегашните власти и оваа што е во последните 8 години е токму таа социјална инекција кај народот (зголемената администрација и покачувањето на пензиите). Кога ќе се додаде на тоа градењето, субвенциите и така натака, се добива добитна комбинација.

Б.Ц е историја .Н.Г е последниот транзиционен политичар во Македонија. Струмица предводена од З.З е прва гасифицирана општина во МК, додека ти ги сечеш цевките што поминуваат низ твојот стан за да не плаќаш на топлификација.Ова е реалноста.

Јас ќе ти кажам дека изјавата ти е преамбициозна. Не дека ЗЗ не го бива или сл. Таа политичка структура бара коренити промени, не беше проблемот до сега во немањето лидер, туку во немањето идеја.
 
И "firewall" и "jamajka" почнаа да редат химни за достигнувањата на едната опција и неспособноста и грешките на другите...
Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие. Секогаш изборот ќе ни биде "змија да те апне или магаре да ти го бапне".

Тие „достигнувања „ се лага.
Во мометов цената на гасот (метан ) во Макпетрол гас пром е 28 денари. Значи еден квч чини околу 3 денари. Што значи поефтино е да се грееш на струја со термо печка одколку на гас.
А никаде не можам да најадам цена на гасот во Струмица
Инаку во право си „ Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие.“
Ајде и јас се согласувам темава да се стави под клуч
 
И "firewall" и "jamajka" почнаа да редат химни за достигнувањата на едната опција и неспособноста и грешките на другите...
Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие. Секогаш изборот ќе ни биде "змија да те апне или магаре да ти го бапне".
А баш си мислев, може некогаш... I'm sick of this bullshit.

Види , темава по политичка не може да биде.Ајде разговарај за демонстрации во Украина без да го спомнеш Јанукович кој е политичар.Со Јамајка гледаме да го задржиме нивото погоре од штабско размислување, затоа кулирај малку.
 
И "firewall" и "jamajka" почнаа да редат химни за достигнувањата на едната опција и неспособноста и грешките на другите...
Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие. Секогаш изборот ќе ни биде "змија да те апне или магаре да ти го бапне".
А баш си мислев, може некогаш... I'm sick of this bullshit.

Тука си грешка за мојот став, јас сметам дека проблемот со стандардот не може да го реши ниту една политичка структура.
Еве и ти самиот викаш дека нема да подржиш никакви протести, претпоставувам дека тоа е заради тоа што претежно протестите се исполитизирани.
Јас викам не е само тоа, туку е проблемот што протестите во Македонија ја изгубија својата тежина. Ништо не се постигнува со протести, се додека се бара правда од државата. Платата еве 22 години никад не се зголемила на протест. Место вработените да плачат, нека си организираат синдикати. Власта во државата апсолутно секогаш ќе биде наклонета кон бизнисмените поради многу причини. А они се додека има јагма, ќе го молзат народот. Ако неќеш ти да работиш за 6000 има најмалку 100 000 други што ќе работат за толку.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 02:00 ---
Не клуч сега кога Јамајка го „донесов до ѕид“
Избришете го оној кој има „предводник“

За што на ѕид?
Ти сметаш дека цената на струјата е доволна причина за масовни протести кај нас ?
Па да беше така ќе имаше веќе протести. Очигледно си грешка нешто.

Не ми е мене поентата да ја бранам власта, туку да кажам дека можеби проблемот е кај нас обичните луѓе, а не кај власта.

Тоа што ти го кажав за парното, е метафора. Да делуваш, а не да се тужиш. Ако имаш плата од 10 000, владата нема да ти ја покачи платата, туку ти треба да се избориш за тоа. Ако не можеш сам, треба да се здружиш. Има легални форми на организација на вработените. Кај нас освен тој државниот синдикат и некои синдикати на вработени во државниот сектор, други синдикати не сум запознаен дека постојат.

Платата може да се зголеми само со организирано дејство на вработените. Ако работодавецот знае дека нема да може да најде човек за 6000 денари, ќе мора да бара за повеќе.

Мене ти не си ме донесол во ќош, јас немам егзистенцијални проблеми, ниту пак зависам од економијата во Македонија или пак од било која политичка партија. Јас тука бистрам политика и губам време од едноставна причина што ја сакам Македонија.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 02:03 ---
И "firewall" и "jamajka" почнаа да редат химни за достигнувањата на едната опција и неспособноста и грешките на другите...
Еве од вакви дебати нема никогаш ова општество да се развие. Секогаш изборот ќе ни биде "змија да те апне или магаре да ти го бапне".
А баш си мислев, може некогаш... I'm sick of this bullshit.

Ок чисто ме интеерсира каде тоа јас мерев достигнувања. Може сум ти оставил погрешен впелаток па да видам каде сум згрешил.
 
За што на ѕид?
Ти сметаш дека цената на струјата е доволна причина за масовни протести кај нас ?
Па да беше така ќе имаше веќе протести. Очигледно си грешка нешто.

На ѕид затоа што докажав дека цената на струјата во Македонија е огин скапа
Индустриската струја во Македонија чини 16 евро центи, а во речиси сите други европски земји е поефтина.
Струјата за домаќиствата во ЕУ и кај нас не може да се споредува бидејќи во ЕУ се врши посебно опорезување на струјата за домаќинствата, кај нас такво опорезување не постои.
Струјата за домаќинствата кај нас е поскапа од колку што е во САД. Во САД, исто како кај нас, струјата посебно не се опорезува и тие врдности можат да се споредуваат.
За цената на струјата во Македонија е лошо, што се должи на огромната заработка на претпријатијата кои ја продаваат, ЕЛЕМ, МЕПСО и пред се ЕВН. Тоа им е овозможено од страна на лепотаните од регулаторна.
Инаку за протестите си во право - кај нас било какви протести нема да успеат бидејќи сите видови властодршци не третираат како стока.
Е за тоа треба да се протестира
За жал сеуште има обични луѓе кои имаат „ предводници “.
Мило ми е што ти немаш „ предводници “
 
Не ја свати поентата.

Прво и основно, струјата не е скапа, туку ни е тапа стандардот. Поточно речено не е до толку скапа струјата, колку што ни е лош стандардот.

Второ, протестите не се вишак од причина што нема да успеат и ќе се политизираат. Туку протестите организирани поради единствена причина -низок стандард, воопшто се неполезни и непотребни. Не може еден таков протест да обезбеди повисок стандард на народот.

За да се канализира силата на работноспособниот човек постојат организации наречени синдикати. Еден протест организиран од синдикат, би ги чинел компаниите многу пари, а тоа би значело дека тие компании би се запрашале дали можат економски да си дозволат таков протест. Кај нас освен државно контролирани синдикати, не постојат вакви организации, кои ќе ги заштитат правата на обичниот вработен.

Зборот ми е, до сега има незадоволство и од двете политички структури кои биле на власт. За жал сеуште не сме научиле дека владата не може да се бори против појавата на претерана експлоатација на вработените, кога вработените не само што доброволно влегуваат во експлоатација, туку учествуваат и во прикривање на таа експлоатација, а неретко и во оправдување на таа експлоатација (поарно да работам за 6000 непријавен одколку да не работам).

Таквата свест на вработените во Македонија генерално е проблем кој го држи стандардот низок.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 10:06 ---
За жал сеуште има обични луѓе кои имаат „ предводници “.
Мило ми е што ти немаш „ предводници “

Не се проблем предводниците. Не се проблем ниту луѓето кои имаат симпатии кон политички партии или активно учествуваат во промовирање на истите. Нема тука ништо лошо еден човек да е за СДСМ, а друг да е за ДПМНЕ.
Тука на форумов и воопшто во Македонија стана срамота да подржуваш партија. Те етикетираат итн.

Редно е народот да свати, дека главната цел на една политичка структура е да дојде на власт и што е можно повеќе да остане на власт. Колку тоа ќе го постигне врз грбот на народот, зависи само од тоа колку народот ќе дозволи.

Се додека не почне така да се размислува, Македонија нема да мрдне од местото.

Моќта на една власт да делува врз стандардот на народот е доста ограничена. Владата не е бизнис субјект и токму досегашниот мејнстрим на размислување на народот дека владата е пред се социјален работник ја држи оваа влада цврсто на власт. Направив пред некој пост и конкретен пример како тоа го постигнува, за жал бев сватен од каран дека со тоа сум ги набројувал успесите на владата.
 
Прво и основно, струјата не е скапа,
Повторно пишуваш „ не е скапа “
А веќе покажавме дека индустриската струја е поскапа од било која друга земја
Не е точно ниту дека Владата не е одговорна. Еве погледај го билансот на струја за 2012 година
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=62.
Можеш да видиш дека загубите на струја и сопствената потрошувачка заедно изнесуваат околу 20%. Кој е виновен што една петината на струјата во Македонија се загуби?
Член 14 од Законот за енергетика гласи:
Член 14
(1) Заради спроведување на социјалната заштита од енергетската сиромаштија на граѓаните, Владата на Република Македонија, на предлог на министерството
подготвен во соработка со министерството надлежно за за социјална заштита, донесува годишна програма за намалување на енергетската сиромаштија во која што, меѓудругото, се предвидува: субвенционирање на потрошувачката на енергија и енергенти за одделни домаќинства, видовите на енергијата и енергенти кој што ќе бидат предмет на субвенцијата, поефикасно користење на енергијата, начинот на спроведување на мерките, изворите на буџетски и други средства за финансирање на мерките и органите одговорни за реализација на мерките
http://www.ea.gov.mk/images/stories/E_Izdanija/Regulativa/zakon_za_energetika_465615465.pdf
 
Добро, скапа е, ти победи :) Излези да се буниш и по можност тужи ги.

Немој да се лутиш, јас сум ти пријател и го почитувам твоето мислење.
Нема да се бунам, бидејќи од искуството со АМАН видов дека не помага бунење. Ако се буниш, веднаш почнуваат да се сомневаат дека си од другата партија.
Но верувај ми правам се што можам да се намали цената на струјата. Веројатно забележа дека сум одлично информиран за состојбите со струјата, а тоа го направив за да можам да се борам.
Еве денес, до Владата поднесов предлог за дополнување на Законот за енергетика. Ако го прифатат ќе те известам.
 
Attachments

  • a.pdf
    a.pdf
    164,7 KB · Прегледи: 1

Не се љутам де. Си праиме муабет. Само погрешно ме сваќаш. Муабетот ми е дека во сета оваа ситуација кривицата во голем дел е и кај нас. Не е секогаш владата (било која да е) одговорна за борбата која и не е нејзина. Намалување и субвенционирање на струјата и слични пакети се социјални мерки, а не економски, тука се слагам со тебе дека треба нешто да се превземе. Меѓутоа за стандардот сносиме и самите кривица и треба и самите да се избориме за поголеми плати, а со тоа и за поголем стандард.

Замисли кој ефект ќе има зголемување на сите плати за 1000 денари? Не само што ќе се зголеми стандардот, туку како секундарна последица тоа ќе значи и отварање на нови работни места, подобрување на финансиската ефективност на малите претпријатија итн.
 
Ако ја симнат власта која е гаранцијата дека тие што ќе дојдат нема да бидат исти па дури и полоши??
.

Нема гаранција, но ако не е добра ке ја симнат и таа, тоа се случува во секоја нормална држава, ако испаднеме масовно на протест за секоја поголема пиздарија таквите пиздарии ке бидат поретки поради фактот што политичарите ќе знаат дека надвор ќе ги чека зовриена маса на народ, кога ќе знаат дека после направена пиздарија ќе изгубат подршка кај народот......но да ние не сме народ офци сме...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom