Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И ако го прочиташ воведниот пост, ќе видиш дека на темава се повикува на второто. Веројатно ќе се согласиш дека на општество како нашево, во кое виреат тензични и накриво засадени меѓуетнички односи и е економски на колена, најмалку што му треба е уште идеолошка поларизација. Во таа насока ми беше напишан коментарот што ја поттикна дискусијава.
Зошто да протестирам, да дојдат другите и да го прават истото што го прават овие?
Тоа е единствениот можен исход, нема друг.
- Суштината на македонската транзиција.Се симна курта - се качи мурта.
.
Не пали овој виц бе, дечко.Џабе и говорот на Митре Вењаноски џабе и отпор шо праеа, џабе што се тепаат наши деца по автобуси од Албанци, џабе што све е корумпирано од фудбалска репрезентација која е приватна и е срам за македонија...
И одвреме на време ке искочи нешто како говорот на Вељаноски у собрание пред 3-4 недели и ај шер на фејсбук сите и по некој коментар у стилу добро кажува чоеков ама нишо џабе он тоам ора да го кажува за да дое на власт. Уствари кој го ебе него шо знае он јас сум у екот на мојата младост зашо да се замарам со политика коа ми почиња Манчестер за 2 саата. Нема везе шо моите деца ке мизеруваат зашо Мак е отидена у курац со кредити. Нема шанси на ова ладно време да идам да се глупирам да протестирам. Кај шо не смеам зашо ке ми избркаат мене или мој (внеси рандом роднина) од администрација па и срамота е ке ме гледаат таму. батали да си изгледам Барцелона па после на кафенце ке си идам некое.
Да. Порано се смеевме на случката од приказните за итар Пејо, кај шо отишол со леб у раце, у близина на кафана, да јаде леб и да мириса од чадот, па меанџијата излегол да му бара пари и за тоа шо го мирисал чадот, односно што го користел како додаток во јадењето.Хаха цевки поминувале низ ѕидовите. Ова како приказната, лижи преку џам. ..
Најголем проблем не само на мене туку на сите е тоа што постојано се додаваат нови давачки на товар на граѓаните на оваа држава.Јас ако немам егзистенцијален проблем, значи ли тоа дека немам причина за протест?
Според тоа правило нема критична маса на луѓе со егзистенцијален проблем за да има поголеми социјални протести. Како што кажав на почетокот, бензинот е над 80 денари, а од коли градот е презагаден. Неможеш да најдеш место за паркинг, а се плаќа. Неможеш да најдеш место во кафана.
Но ете, јас можда не ги гледам проблемите, еве кажи ти каков проблем имаш и да видиме кој е крив за тој проблем.
Најголем проблем не само на мене туку на сите е тоа што постојано се додаваат нови давачки на товар на граѓаните на оваа држава.
Секогаш каде и да отидеш има гужва
Со зголемувањето на цените се зголемуваат давачките.Кој се тие давачки, дали некој пробал да ги канализира и да каже кои се тие давачки и од каде потекнуваат. Дали станува збор просто за цени на производи, или изричито за зголемени давачки кон државата. Дали тие давачки се светски тренд или појава само кај нас. И после тоа дали некој има оддржлива формула да се намалат тие давачки.
Јас се сеќавам дека кога се воведоа фискалните каси во 2000 година, има толкава ука бука од страна на опозицијата, што ветуваше дека тоа е толкава глупост, што кога ќе дојдат на власт ќе ги укине. Од тогаш се промени два пати власта, а фискалните си останаа.
Точно е дека се тешки времињата и дека народот е оптоварен со разни давачки, меѓутоа позивите за протест и демонстрации кои наликуваат на тие од пред една година, немаат врска со тоа. Позивите за протест се од дневнополитички карактер и се последен здив на една политичка структура на умирање, која сака целиот Македонски народ да го повлече со себе во гроб.
Не е проблем апсолутната моќ на естаблишментот на власт, таквите моменти обично траат 1-2 години. Проблемот е кај нас опозицијата е толку инфатилна, што може да се каже дека е директно одговорна што таа апсолутна моќ на власта се одолговлекува, а како што стојат работите, и ќе се одолговлекува уште долго време.
Точно е дека се тешки времињата и дека народот е оптоварен со разни давачки, меѓутоа позивите за протест и демонстрации кои наликуваат на тие од пред една година, немаат врска со тоа. Позивите за протест се од дневнополитички карактер и се последен здив на една политичка структура на умирање, која сака целиот Македонски народ да го повлече со себе во гроб.
Не е проблем апсолутната моќ на естаблишментот на власт, таквите моменти обично траат 1-2 години. Проблемот е кај нас опозицијата е толку инфатилна, што може да се каже дека е директно одговорна што таа апсолутна моќ на власта се одолговлекува, а како што стојат работите, и ќе се одолговлекува уште долго време.