Демолирани водопадите

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
108
Средношколци од Струмица ги демолирале Смоларскиот и Колешинскиот водопад, причинувајќи штета од 20.000 евра. Сега се каеле за вандалското уништување и барале милост да не бидат казнети. Сами ќе ја надоместеле штетата.
Според кривичниот законик, за оштетување или уништување на културно наследство и природни реткости предвидени се парични казни и затвор до три години.
И додека полицијата се уште го расветлува случајот, вандалското однесување на средношколците го осудуваат љубителите на природата, посебно локалната власт, која со помош на странски донатори вложила 70.000 евра за нивно уредување.
„Јас сум згрозен од она што го видов, но не ми е познат мотивот, кој може да го прави тоа на нашата заложба како локална самоуправа и како граѓани на општина Ново Село да направиме многу подобро за граѓаните и за пошироко“, изјави Никола Андонов, градоначалник на Ново Село.
По ова демолирање ќе бидат ангажирани чувари, бидејќи Смоларскиот и Колешинскиот водопад се главен адут на општина Ново Село за развој на еко-селскиот туризам. За подобрување на туристичката инфраструктура планирана е инвестиција од 340.000 евра.
„Има голем интерес и за вложување во угостителски објекти, како што се мотели и ресторани, но чекаме уште некој ден да бидат готови деталните урбанистички планови за овие два локалитета“, додаде Андонов.
Смоларскиот е единствен постојан водопад во Македонија и највисок со 39,5 метри. Во 2006 година е прогласен за споменик на природата.
Пет години Смоларскиот и Колешинскиот водопад се главна туристичка атракција во Струмичко, која годишно привлекува и до 20.000 посетители од земјата и странство.

Извор.



Добро бе, до кога ова самоуништувачко понашање? На кој ненормален му пречел средениот простор и убавината на природата? Кој ум треба да се има за да се уништи нешто што претставува гордост и на жителите и на државата? Му умре козата на комшијата?
Сепак мислам дека ова е направено од самонаречените „градски фраери“ како одмазда на „селските пети“, како што обожаваат да ги нарекуваат.
Барам изјаснување од струмичани посебно.
 
Абе кога ѓи видов снимките си викам, аман бе што дивјаци биле, тие, е сега барале милост, и се што скршиле они ќе надоместиле, е нема да е исто, ама и ништо ќар ако ѓи бутнат во затвор.
 
Да погодам, пијани бевме, млади сме, боље бити пијан него стар... ебате кретените.
 
А кои се? Од кое училиште?
 
Робија за овие, и тоа максимална според законот.
Колку се курчам коа ќе видам нешто вакво.

После тоа зборат наркоманите биле вакви, даркерите онакви.
А овие што го слават култот на цецијанството со демолирање не нешто што некој се трудел да го направи убаво да биде?!
Се надевам дека во групата нема син на некој локален моќник, бидејќи тие имаат навики да го „избегнуваат“ законот.
 
за мороните треба максимална казна, тоа не да биде поука само за нив туку и на било кој друг што ќе му текне такво нешто
 
Maksimalna kazna, bez moznost za pomilovanje, a baska da si ja platat ostetata.
 
Најсоодветна казна би била да им влезат сега мештаните по дома и да им излупаат се низ куќа, така би било доволно фер.:)
 
Идиотизам. Некој ќе дава пари и фрла труд за нешто (макар и од државни пари) а некој ќе демолира. Затвор!
 
Се надевам дека системот ќе профукционира како што треба, и уште повеќе се надевам дека судијата ќе најде начин да ги натера стокиве да ја поправат штетата во целост.

Нека им нареди од нивен/џебот на нивните родители да ја платат штетата и самите да поправаат све под надзор.

Сега е по важно да се надомести штетата што побрзо место целава работа да се заборави и смоларските водопади да не бидат посетени колку што биле...

Пууу да си еби мајката, а баш сакав да одам летово да ги видам. И покрај ова ќе одам... Ваљда самите водопади нема некој исфрустриран млад човек да ги осквернави.
 
Back
На врв Bottom