Многу е назад државата и во размислување и во финансиски можности за овој вид на работи.
ДА, демографијата паѓа од веќе познатите феминизми, ливадарења, инфлуенсерства ама и паѓа најповеќе од финанската неможност на некој да планира фамилија кога е принуден да живее под ист покрив со уште најмалку една генерација, ако не и две.
Кој луд би го правел тоа?
Прво, терет си на старите - да се разбериме. Второ, немаш секогаш тотална приватност. Трето, сум се женил, да седам дома на софра и да ме строи „стариот“ или „старата“ оти сум ја акнал вратата посилно ко сум се вратил од работа. Батали тоа.
На дневна основа те јадат нерви од такви баналности шо после се рефлектираат на жена, дете, на твојот однос со твоето потесно семејство кое си го креирал.
Ако нема никакви можности пеки, живееле старите по 3 генерации под ист покров. Но, ако си во можност ќе се отселиш и ќе уживаш во самостојноста - со сите нејзини привилегии и последици.
Повторно, во право е Стефи - ако не знаете јајце да испржите или ако ви е тешко сопственото дете да го гледате тогаш терајте ергени и стари моми и тоа е легитимно, кој ви брани.
НО, кога сум отселен од домот знам дека имам родител кој е добредојден и ќе дојди да се видиме, да ручаме, да си поседиме, да си поигра со внуци кога ќе можам или тој кога ќе може - по договор. А не денес на еден не му се збора и е нервозен, на друг му се спие, на трет му се урла на цел глас и седи сите под ист покрив или иста куќа па трпи си ги табиетите и карај се крајно (кога тогаш).
Такви мазохистички идеи се во ред и успеваат само кај луѓе кои се крајно либерте во мозокот и кои во својата снаа/свекрва не гледаат натпревар и конкуренција туку другар. Да, некои 0,2% од популацијата на Балканот е тоа, другите подобро подалеку од очи, поблиску до срце.
ЕДИТ: Инаку, решение има за сè ако се има пари.
Стан на страна, приватна градинка или училиште, бебиситерка, крај краева и чистачка дома ако мајката си ги гледа децата, а друг треба да ги превземи обврските околу домот.
Кога старите ќе дојдат во години што не им овозможува да се грижат за себе директива во старски дом, ем имаат врсници ем грижа медицинска АМА ниту кај нас старските домови се од тој тип, ниту пак финансиите им дозволуваат на луѓето да плаќаат бебиситерка, чистачка и слични потребни работи на ова темпо на живот.
Така дедовците и бабите би биле само гости кај детето и тоа кај нив и никој нема да биди ничиј терет, бидејќи и тие како луѓе во години не заслужиле да му ги тупниш децата по цел ден со 300 обврски околу нив додека ти си го прчиш или работиш (сеедно).