Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Батка, у кој универзум живееш ти? Ако мама и тато ти купиле станче значи тоа дека секој може да си дозволи?
Многу е просто, ако не можеш да си дозволиш покрив(кирија или купиш) и да си ти на чело на фамилијата, не си маж и не зимаш жена.
 
Многу е просто, ако не можеш да си дозволиш покрив(кирија или купиш) и да си ти на чело на фамилијата, не си маж и не зимаш жена.

По која логика, по нова помодарска ? 80% од татковците ви имаат живеено со неговите родители ама ок они не биле мажи вие сте :ROFLMAO: Да не зборувам дека еден куп од овие „независнисниве“ одма трчаат по пари кај нивните за учество, за плаќање рати и слични работи
 
Ова е уште поголемо лицемерие, ќе ги молземе родителите ќе ги оптоваруваме да ни чуваат деца во секоја прва прилика ама затоа ќе бегаме што подалеку од нив да не ни сметаат. И родителите кога ќе остарат имаат потреба од грижа помош ама испаѓа кој ги тит

Нема врска и да имаш пари да обезбедиш стан, која е логиката ако веќе имаш простор и поголем и поубав да одиш на полошо ? Оние што треба да отплаќаат кредити воопшто да не зборувам, ќе шибнеш 100-150к за да одиш на полошо место кога истите пари може да ги искористиш за поголема финансиска стабилност (инвестиции во бизнис, акции итн) или пак на одмори уживање.

Долга и широка е темава, еве ти пишуваш дека си била во добри односи ама испаѓа дека и не сте се разбирале баш многу добро. Не гледам и зошто не би заклучила врата на свој спрат, исто е како во становите ако не сакаш некој да ти додева заклучуваш и тоа е тоа.
Еден куп парови во моја околина што ги имам функционираат на тој начин, родителите не им се мешаат не одат ако не се повикани

Ама твоево е барем за респект 100% независна, многу подобро отколку како на Менетил погоре што реков ги користат родителите на секој начин ама кога ќе дојде време тие да вратат барем 20% од тие што родителите им го дале бегаат што подалеку од нив
Коа ќе остарат ќе ги чуваш, каква врска има тоа со муабетов. Како што кажав 10 пати на темата, старите сами ги сакаат внучињата и не е никакво молзење.
Автоматски споено мислење:

По која логика, по нова помодарска ? 80% од татковците ви имаат живеено со неговите родители ама ок они не биле мажи вие сте :ROFLMAO: Да не зборувам дека еден куп од овие „независнисниве“ одма трчаат по пари кај нивните за учество, за плаќање рати и слични работи
И пола од нив седеле со свиткани опашки пред старите дома. Но, баш и немале можности. Сеа имаш, и нема потреба да го трпиш тоа.
 
Коа ќе остарат ќе ги чуваш, каква врска има тоа со муабетов. Како што кажав 10 пати на темата, старите сами ги сакаат внучињата и не е никакво молзење.

Да да сигурно сакаат по жештини ладно да одат да ги зимаат од училиште, да им врескаат и урлаат кога треба да одмараат и сл. Родителите гледаат да им се најдат првенствено на своите деца да им помогнат оти гледаат дека немаат многу време со обврски/работа

Јас реков поштувам 100% независни како чолисимо што пиша погоре. Ама прва прилика така да ми рече женава ќе ги натерам моите ќор денар да не даваат ниту ми оставаат нешто во наследство, сакаш независна без обврски додевање ? Океј тогаш биди до крај. Кога ќе треба некој да ги чува децата ќе си платиме жена бејбиситерка да ги чува а не да малтретираме родители со обврски на постари години
И пола од нив седеле со свиткани опашки пред старите дома. Но, баш и немале можности. Сеа имаш, и нема потреба да го трпиш тоа.

Тоа свиткана опашка зависи од човекот, конкретно кај мене се знае уште од 1 ден - мој спрат мои правила.
Попрво со нив ќе правам некои компромиси отколку да трпам разни 30-40 други станари, ама секој со својот памет
 
Многу е назад државата и во размислување и во финансиски можности за овој вид на работи.
ДА, демографијата паѓа од веќе познатите феминизми, ливадарења, инфлуенсерства ама и паѓа најповеќе од финанската неможност на некој да планира фамилија кога е принуден да живее под ист покрив со уште најмалку една генерација, ако не и две.

Кој луд би го правел тоа?
Прво, терет си на старите - да се разбериме. Второ, немаш секогаш тотална приватност. Трето, сум се женил, да седам дома на софра и да ме строи „стариот“ или „старата“ оти сум ја акнал вратата посилно ко сум се вратил од работа. Батали тоа.
На дневна основа те јадат нерви од такви баналности шо после се рефлектираат на жена, дете, на твојот однос со твоето потесно семејство кое си го креирал.

Ако нема никакви можности пеки, живееле старите по 3 генерации под ист покров. Но, ако си во можност ќе се отселиш и ќе уживаш во самостојноста - со сите нејзини привилегии и последици.
Повторно, во право е Стефи - ако не знаете јајце да испржите или ако ви е тешко сопственото дете да го гледате тогаш терајте ергени и стари моми и тоа е легитимно, кој ви брани.
НО, кога сум отселен од домот знам дека имам родител кој е добредојден и ќе дојди да се видиме, да ручаме, да си поседиме, да си поигра со внуци кога ќе можам или тој кога ќе може - по договор. А не денес на еден не му се збора и е нервозен, на друг му се спие, на трет му се урла на цел глас и седи сите под ист покрив или иста куќа па трпи си ги табиетите и карај се крајно (кога тогаш).

Такви мазохистички идеи се во ред и успеваат само кај луѓе кои се крајно либерте во мозокот и кои во својата снаа/свекрва не гледаат натпревар и конкуренција туку другар. Да, некои 0,2% од популацијата на Балканот е тоа, другите подобро подалеку од очи, поблиску до срце.

ЕДИТ: Инаку, решение има за сè ако се има пари.
Стан на страна, приватна градинка или училиште, бебиситерка, крај краева и чистачка дома ако мајката си ги гледа децата, а друг треба да ги превземи обврските околу домот.
Кога старите ќе дојдат во години што не им овозможува да се грижат за себе директива во старски дом, ем имаат врсници ем грижа медицинска АМА ниту кај нас старските домови се од тој тип, ниту пак финансиите им дозволуваат на луѓето да плаќаат бебиситерка, чистачка и слични потребни работи на ова темпо на живот.

Така дедовците и бабите би биле само гости кај детето и тоа кај нив и никој нема да биди ничиј терет, бидејќи и тие како луѓе во години не заслужиле да му ги тупниш децата по цел ден со 300 обврски околу нив додека ти си го прчиш или работиш (сеедно).
 
Последно уредено:
Да да сигурно сакаат по жештини ладно да одат да ги зимаат од училиште, да им врескаат и урлаат кога треба да одмараат и сл. Родителите гледаат да им се најдат првенствено на своите деца да им помогнат оти гледаат дека немаат многу време со обврски/работа

Јас реков поштувам 100% независни како чолисимо што пиша погоре. Ама прва прилика така да ми рече женава ќе ги натерам моите ќор денар да не даваат ниту ми оставаат нешто во наследство, сакаш независна без обврски додевање ? Океј тогаш биди до крај. Кога ќе треба некој да ги чува децата ќе си платиме жена бејбиситерка да ги чува а не да малтретираме родители со обврски на постари години

Тоа свиткана опашка зависи од човекот, конкретно кај мене се знае уште од 1 ден - мој спрат мои правила.
Попрво со нив ќе правам некои компромиси отколку да трпам разни 30-40 други станари, ама секој со својот памет
Вајда од родител до родител, сва среќа неам и не знам многу такви. Моите се љутат ако не ги им доаѓаат често пример.

Работата е како е тоа имотно регулирано, твојот спрат и мојот стан, макар и под кирија, не зависи од никој друг. Но, ете имаш спрат, некој и се на исти спрат.
 
Po muabetive od zenite ispagja deka vistina bila onaa narodnata, zena na zena najgolem dusman :D

Сум забележал дека во голем број случаи жените се дотеруваат со шминкање, фенирање и фарбање коса, ставање вештачки нокти и трепки, правење вештачки веѓи и останати козметички надоградби, сети тоа го прават не поради мажите за да се допаднат на мажите, туку тоа го прават поради другите жени кои прават такви надоградби на телото.

Од завист една кон друга жените одат пи козметички и фризерски салони.

Ама од друга страна жените се многу повеќе суптилни и интровертни, повеќе едни со други се штитат и кријат ако спиеле со различни мажи.
Мажите се многу повеќе отворени за фалење дека биле со таа и таа жена, а жените се повеќе солидарни едни со други и ги кријат тие работи за спиење со различни мажи.

Е проблемот доаѓа ако две или повеќе жени се интересираат за ист маж, тогаш меѓусебно се фаќаат за косите и се скубат за косата.
Пред месец дена една од Скопје дошла во Куманово и истепала една Кумановка, поради ист маж.
 
Голема е разликата од тоа да им ги однесеш на саат два да се поиграат со тоа да ги чуваат по цел ден/ови и други обврски околу нив

На исти спрат тоа е веќе друга работа, различни генерации не можат да функционираат заедно тоа е повеќе од јасно
 
Po muabetive od zenite ispagja deka vistina bila onaa narodnata, zena na zena najgolem dusman :D
Мајка ми вика кога бев млада бев на страната на снаите, сега се вртам од кај свекрвите, така и јас, имам син истото ме чека :)
 
Мајка ми вика кога бев млада бев на страната на снаите, сега се вртам од кај свекрвите, така и јас, имам син истото ме чека :)

Не е работава да се вртиш со тек на времето како ти одговара само тебе, работата е да бидеш либерте и да ја согледаш и другата страна уште во моментов па да се прилагодиш на тоа. Таквите фамилии функционираат одлично и да се надополнуваат, а не да си пречат
 
Сум забележал дека во голем број случаи жените се дотеруваат со шминкање, фенирање и фарбање коса, ставање вештачки нокти и трепки, правење вештачки веѓи и останати козметички надоградби, сети тоа го прават не поради мажите за да се допаднат на мажите, туку тоа го прават поради другите жени кои прават такви надоградби на телото.

Од завист една кон друга жените одат пи козметички и фризерски салони.

Ама од друга страна жените се многу повеќе суптилни и интровертни, повеќе едни со други се штитат и кријат ако спиеле со различни мажи.
Мажите се многу повеќе отворени за фалење дека биле со таа и таа жена, а жените се повеќе солидарни едни со други и ги кријат тие работи за спиење со различни мажи.

Е проблемот доаѓа ако две или повеќе жени се интересираат за ист маж, тогаш меѓусебно се фаќаат за косите и се скубат за косата.
Пред месец дена една од Скопје дошла во Куманово и истепала една Кумановка, поради ист маж.
Zeni be, to e :toe:
Автоматски споено мислење:

Мајка ми вика кога бев млада бев на страната на снаите, сега се вртам од кај свекрвите, така и јас, имам син истото ме чека :)
Teritorijalni ste :D
 
По која логика, по нова помодарска ? 80% од татковците ви имаат живеено со неговите родители ама ок они не биле мажи вие сте :ROFLMAO: Да не зборувам дека еден куп од овие „независнисниве“ одма трчаат по пари кај нивните за учество, за плаќање рати и слични работи
Значи сум човек што сум си купил 2 стана без никаква помош, за добро или лошо. На моите не сум рачунал затоа што историски претходно за секој чекор што сум се консултирал со нив било прво немој, после лекции и паметување и уште лекции и паметување. Ако нешто било неуспешно, тие успешно ми го враќале години напред „за да сум научел“. Значи моите не знаат дека иам втор стан за да си заштедам ремоут лекции како не сум требал и што ти ја знам други олд скул клишиња. Си имаме добри односи но за финансиите, сум можел сум постигнал. Сега, со тоа во предвид, сметам дека секој што може да купи стан, макар и со помош на родители, си е супер работа и инвестиција, не мора и не може секој од нула, тоа не го прави човекот независен, секој има потреба понекогаш во животот во каква и да е форма. Е сега, ако невестата (зборам ко маж) е ок да живее со родителите и кај нив има услови, зашто да не. Но тука секогаш си имаш стан во ракав за ако работите не излезат ко што треба. Ако излезат ко што треба, станот под кирија, да враќа инвестиција. А ако нема амин од старт од невестата за живот со родителите, џабе се убедуваме тука по форумов што е или не е ок, животот ќе си покаже.
 
Абе кој нормален ако има стан настрана би живеел во заедница, се слушате ли вие шо пишите ?
Ниту старите сакаат ниту младите.
Тој маж шо не е спремен да се одлепи од мајката не е маж и крај.
Освен ако не живеете во некои палати со дворци како во турските серии тогаш не знам како можи да ви е комотно да живеете во иста куќа со било кој.
Другарка ми со нејзините живеат посебни влезови, куќа модерна палата и нема рајат, мајка и како контролорка седи на прозор и гледа кој дојде на гости, зошто дојде, па оти плачи детето, па претура во кантите дали пиеле алкохол.
И се да е како шо треба ( а нема да е ) нема да има комоција невестата никогаш, под притисок цело време ќе биди и таа нервоза ќе избие во брак кога тогаш.
 
Back
На врв Bottom