Штеф, чичина, ќе мора да ти цртам, сори.
1. Го оставаш на привремено чување, саат-два или преку викенд. Лично пораснав со бабите и дедовците, со едните првата половина од моето детство бевме и под заеднички кров. Тогаш беа работоспособни, не беа пензионери, и да, не' чуваа. Не' чувале и како бебиња, посебно мене, сум цицал релативно краток период, неколку месеци (не до 5 години ко Робин Арин). Биле дежурна служба. Сега, детството, моите работеа теренска работа, ги немаше дома по цели денови, баба ми ме исчува, и по забари, и по продавници за облека и обувки.
Тоа опцијата еден, привремено чување, неколку часа, патем и тие се родители, поминале низ потешкиот пат, во тоа време немало пелени ко што имаш за малиот. Рачно перење, вриење, сушење, пеглање, па облекување на детето. Кашичка немало во најблиската аптека или маркет, немало ни блендер, рачно. Било процес, ова не е за нив новина, секако, ако се способни да чуваат дете. Моите станале баби и дедовци во своите касни 40ти односно рани 50ти, родители станале во своите рани кон средни 20ти. Еднаш родител, целиот живот родител.
2. Им го оставаш периодично, на ден-два или на неколку часа. Другото е идентично со горенапишаното.
Ова се однесува ако се способни за грижа на дете. Ако не се способни, болест, сенилност, изнемоштеност, длабока старост, јасно е дека не можеш да им ја натовариш оваа обврска. Со душа сакаат да ги видат. Мене повеќе ми се радуваат отколку на нивните родени деца. Со нас поминаа повеќе време, посебно откако станаа пензионери, родените деца и да не ги виделе, дома-работа-дома. И секако, имаат различен пристап спрема нас и нивните деца, дедо ми сеуште е релативно строг кон татко ми, не смее да му повиши тон, не смее да му се инаети, се знае чив збор е последен.
Сите имаме одредена точка од која тргнуваме, моите не се стари, а старите сеуште се способни за самостоен и индивидуален живот. Сметката за лекови им се зголемува со текот на времето, но тоа си го прават годините. Имаат активен живот, имаат земја, тука набија кондиција последниве 20 години, а имаа лежерна канцелариска работа. Лежерна во однос на физичката кондициона спрема која е потребна за извршување на тие работни задачи, не значи дека биле лишани од стресови и нервози. Психички се сеуште со нас, рефлексите полека откажуваат, но има зелено светло за возачка дозвола, додека ја има, ќе биде поврзан со цивилизацијата, откако ќе добие црвен печат, ќе мора да има преорганизација.
Сега, чичо, не растеше пред еони, претпоставувам дека сме тука некаде со години што значи дека сме поминале низ слично детство- повеќе на улица отколку дома. Сите сме со различни животни приказни, но барем во твојата околина, најголемиот дел од дечињата пораснале со своите баби и дедовци.
Сфаќам што сакаш да кажеш, ќе појдеш на работа, не би им го оставила целиот товар, тие 10 часа, на целосно нивна грижа и товар, можеби се стари и не се способни за справување со таа тешка задача, во ред, но во нормални околности, ако имаат слобода, способност, желба и волја, не глеам зошто не би се грижење, периодично, за бебе/дете. Физички изморува, исцрпува и изнемоштува, но психички е мелем за душата.