Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Мажот се знае колку можи дете да чува, чување не е да го подржиш во раце дури мајката се тушира, оние кои чуваат се искажаа тука какво мислење имаат за чување на децата.
Дефиниција за чурук човек
Автоматски споено мислење:

Модерните баби и дедовци се уморни....уморни од што си го проживеале животот у втора брзина.

Работното време кога бевме деца беше до 2, 3 максимум. Значи у 3 и пол беа нашите дома ручани, ние денес у 6 ако си дома е добар ден со гужвите по Скопјево.

Да не зборам што немаше викенд да не си кај баба и дедо, ако не викенд тогаш обавезно после школо или градинка.

Кој имал баба и дедо на село се знае, цел распуст таму.

А денес????? Многу биле уморни, притисок имале вака така а по цел ден денгубат на фејсбук или со турските серии. Тие што имаат паричка шетнуваат а внуците идат болни у градинка пошо нема кој да ги чува.
Не знам какви баби и дедовци имате у околина, ама скоро сите што ги знам едвај ги чекаат внучињата.

Приказнава за изморените баби и дедовци си ја измислија ликови кој нејќат да делат простор со никој на планетава, па ни сопствените родители. Идел до 64 на работа 8 саати, ама на 65 е стар за 2,3 саати дете да почува.
 
Никој совесен човек што има чувано дете знаејќи колку е напорно и захтевно нема да му го остави тој терет на постари родители. Сите тука кои поминале низ таа фаза се согласни со моето мислење.
Штеф, чичина, ќе мора да ти цртам, сори.
1. Го оставаш на привремено чување, саат-два или преку викенд. Лично пораснав со бабите и дедовците, со едните првата половина од моето детство бевме и под заеднички кров. Тогаш беа работоспособни, не беа пензионери, и да, не' чуваа. Не' чувале и како бебиња, посебно мене, сум цицал релативно краток период, неколку месеци (не до 5 години ко Робин Арин). Биле дежурна служба. Сега, детството, моите работеа теренска работа, ги немаше дома по цели денови, баба ми ме исчува, и по забари, и по продавници за облека и обувки.
Тоа опцијата еден, привремено чување, неколку часа, патем и тие се родители, поминале низ потешкиот пат, во тоа време немало пелени ко што имаш за малиот. Рачно перење, вриење, сушење, пеглање, па облекување на детето. Кашичка немало во најблиската аптека или маркет, немало ни блендер, рачно. Било процес, ова не е за нив новина, секако, ако се способни да чуваат дете. Моите станале баби и дедовци во своите касни 40ти односно рани 50ти, родители станале во своите рани кон средни 20ти. Еднаш родител, целиот живот родител.
2. Им го оставаш периодично, на ден-два или на неколку часа. Другото е идентично со горенапишаното.

Ова се однесува ако се способни за грижа на дете. Ако не се способни, болест, сенилност, изнемоштеност, длабока старост, јасно е дека не можеш да им ја натовариш оваа обврска. Со душа сакаат да ги видат. Мене повеќе ми се радуваат отколку на нивните родени деца. Со нас поминаа повеќе време, посебно откако станаа пензионери, родените деца и да не ги виделе, дома-работа-дома. И секако, имаат различен пристап спрема нас и нивните деца, дедо ми сеуште е релативно строг кон татко ми, не смее да му повиши тон, не смее да му се инаети, се знае чив збор е последен.

Сите имаме одредена точка од која тргнуваме, моите не се стари, а старите сеуште се способни за самостоен и индивидуален живот. Сметката за лекови им се зголемува со текот на времето, но тоа си го прават годините. Имаат активен живот, имаат земја, тука набија кондиција последниве 20 години, а имаа лежерна канцелариска работа. Лежерна во однос на физичката кондициона спрема која е потребна за извршување на тие работни задачи, не значи дека биле лишани од стресови и нервози. Психички се сеуште со нас, рефлексите полека откажуваат, но има зелено светло за возачка дозвола, додека ја има, ќе биде поврзан со цивилизацијата, откако ќе добие црвен печат, ќе мора да има преорганизација.

Сега, чичо, не растеше пред еони, претпоставувам дека сме тука некаде со години што значи дека сме поминале низ слично детство- повеќе на улица отколку дома. Сите сме со различни животни приказни, но барем во твојата околина, најголемиот дел од дечињата пораснале со своите баби и дедовци.

Сфаќам што сакаш да кажеш, ќе појдеш на работа, не би им го оставила целиот товар, тие 10 часа, на целосно нивна грижа и товар, можеби се стари и не се способни за справување со таа тешка задача, во ред, но во нормални околности, ако имаат слобода, способност, желба и волја, не глеам зошто не би се грижење, периодично, за бебе/дете. Физички изморува, исцрпува и изнемоштува, но психички е мелем за душата. :backa:
 
Па тоа викам и јас де привремено чување не цела смена, и се зависи од состојбата на старите и нивната возраст. Согласна со тебе :)
Автоматски споено мислење:

Дефиниција за чурук човек
Автоматски споено мислење:

Не знам какви баби и дедовци имате у околина, ама скоро сите што ги знам едвај ги чекаат внучињата.

Приказнава за изморените баби и дедовци си ја измислија ликови кој нејќат да делат простор со никој на планетава, па ни сопствените родители. Идел до 64 на работа 8 саати, ама на 65 е стар за 2,3 саати дете да почува.
Оти ги вртиш муабетите сега ? Прајме муабет за чување фул тајм не за два три часа.
 
...детето треба да биде пораснато од своите родители доколку ги има или не се со некој хендикеп, ако имаат пречки физички и психички тогаш ги заменуваат бабите и дедовците оправдано.

...тука чолисмо има целосно право, нема никакво оправдување сопственото дете да биде пораснато и да ги заменат улогите со бабите и дедовците, не е во прашање само менталниот развој на детето со своите родители, туку и младите родители се менуваат и ментално созреваат во животот со сопственото дете.
 
Убаво е да имаш помош од баби и дедовци се додека не дојде моментот кога ќе сфатиш дека се стари да гледаат деца.
Ова го кажувам од искуство не лупам на празно.
Мајка ми му ги порасна децата на брат ми, јас дури живеев со нив знам колку и беше тешко и колку пати имало моменти кога едноставно жената крена раце и децата беа оставени сами на себе да се справат во ситуација, на ситуација мислам кога имало детски тепачки меѓусебе, па сакаат на жешкото надвор, па сакаат да им се купи нешто, па им текнува некои егзибиции низ дома од типот на да прскаат со вода низ дневна, хаос значи, тоа ретко кој стар човек можи да го издржи, и оди моменпкога бабата за да смири тензија и да си најди мир му го дава телефонот и детето цел ден е со телефон во рака.
Остајте вие на времето, други времиња се сега, порано децата со кал играле и среќни беа, сега се распрдени и екстремно тешки за чување, со чест на исклучоци нормално.

Јас со очи гледав и слушав како мајка ми скоро и да немаше ден да не се жали дека и е претешко, во години жена не можи фул тајм дадилка да биди, крај.
Замисли баба од 70 и кусур години на раце да го нишка бебе да заспие, има и такви моменти.

Кога и да и го оставев моето бебе со го оставав многу ретко и тоа на кратко, да одам да испазарам нешто, едвај чекаше да си дојдам за да превземам, претешко и беше и стално ми велеше како не бев помлада да си го изнамилвам.

Друг пример, прв пат го оставив малиот на чување навечер и тоа во комшии мазник вртевме, и тоа со триста убедувања, ајде реков немам со друштво излезено ќе одам, го заспав малиот и заминав, свекрва требаше да го чува.
Едно десет пати пишевме дали спие, дали плачи и сл, ме убеди да не се секирам и да си поседам, инстинкт мајчински, после извесно време откако му ги игнорираше пораките фатив станав и си дојдов дома, сверква грчи во дневна а бебе на спална само спие, два пати се случи, еднаш во раце бебе заспа со се него, јас ѓоа да одморам да посппијам, еден час оти тие први недели вкупно сон десет пати дали имав.
Од тогаш реков повеќе бебе јас не оставам никаде освен кај таткото, едноставно престари се и преизмоштени да чуваат деца, свекрва ми е помлада ама си има проблеми со притисок и тоа е уште една причина да не и оставам дете на чување, мешањето околу одгледување на дете е бонус.

И не се жалам, засега одлично се снаоѓам, ќе видиме како ќе биде понатака кога ќе почне во градинка ама одлучна сум дека сами ќе си го изгледаме детето, ќе работам ако треба само викенди сопругот ќе го чува тогаш и решен проблем.
Во градинка негователките одвај чекаат детето да се расплачи за да ти се јават да си го земиш. А ти и сопругата сте на работа. И кажи ми сега како? Затоа треба влегување во брак на помлади години за да можат баба и дедо да помогнат во вакви ситуации. Не е исто баба и дедо на 55 години , со баба и дедо на 80сет.
 
И за тоа има решение ама нашите трупови од влади не мрдаат со прст.
Во Европа постои родителско отсуство, до три години можиш да го користиш и работодавецот нема право да те избрка од работа.
 
Нашите влади не се замараат со такви работи. Нив им е побитно каде да ги пикнат на работа партиските ботови и колку тендери да лапнат. Иначе ако имаш над 38 години не влегувај во брак. Поминал возот. Тоа ми беше поентата.
 
Се согласувам за првиот дел од коментарот за работата на политичарите дека не се оптеретуваат со потребите на народот.
А за вториот дел не се согласувам.
Никогаш не е доцна, возот уште оди.
Добро, пругата кон границата со Бугарија нема да е уште готова ама не е ниту успехот конечен ниту неуспехот не е фатален.
 
Се треба во свое време. Едно е да имаш бремена жена на свои 24 години а друго на 40. Едно е да имаш млади дедо и баба кои можат да ти помогнат а друго 80 годишни страци со едната нога на другиот свет. Зборувам за практични и реални работи а не празни филозофирања.
 
И за тоа има решение ама нашите трупови од влади не мрдаат со прст.
Во Европа постои родителско отсуство, до три години можиш да го користиш и работодавецот нема право да те избрка од работа.
Тоа само во Германија и Шведска и можеби уште некоја земја. Германија со претераните бенефити(ма да ова за неработниците што цицаат) оди надоле и веќе не е конкурентна. За тиа што сум запознаен Швајцарија и Холандија кои се далеку подобри земји 3 години можеш да ги сонуваш, во Швајцарија 3 месеци е само породилното. Патем овие 2 имаат подобра демографска слика од Германија(не дека имаат добра ама имаат подобра од Германија).

100 страни се вадат статистики овде и се дискутираа причини и последици и што да се смени. Мерките такви го ублажуваат само неизбежното и нема да го смени трендот. Не дека не треба да ги има ама нема тоа да помогне многу.
 
Нашите влади не се замараат со такви работи. Нив им е побитно каде да ги пикнат на работа партиските ботови и колку тендери да лапнат. Иначе ако имаш над 38 години не влегувај во брак. Поминал возот. Тоа ми беше поентата.
Не е
Тоа само во Германија и Шведска и можеби уште некоја земја. Германија со претераните бенефити(ма да ова за неработниците што цицаат) оди надоле и веќе не е конкурентна. За тиа што сум запознаен Швајцарија и Холандија кои се далеку подобри земји 3 години можеш да ги сонуваш, во Швајцарија 3 месеци е само породилното. Патем овие 2 имаат подобра демографска слика од Германија(не дека имаат добра ама имаат подобра од Германија).

100 страни се вадат статистики овде и се дискутираа причини и последици и што да се смени. Мерките такви го ублажуваат само неизбежното и нема да го смени трендот. Не дека не треба да ги има ама нема тоа да помогне многу.
Не зборам за породилното, за родителско отсуство, три години имаш вкупно да ги користиш како сакаш, тоа оди најчесто кога се децата болни, породилното е една година со можност да се продолжи ама тогаш значително помалку пари ќе земаш.
Не се лоши мерки овие барем некоја да применат кај нас, еве ко за почеток да го направат породилното една година, и да има мала финансиска помош за секое дете, оние кои имаат две или три нека имаат поголеми бенифити
 
И Германија од она што читам веќе наголемо ги намалува бенефитите за мајкате, децата итн не е како што било порано
 
Mуабетот ми беше дека 3 месеци ти даваат породилно, а вакво родителско отсуство во рок од 3 години можеш да го сонуваш. Имаше едно време мерка донесена од татко Мак за трето дете и првично беше донесена за општини што имаат слаб демографски раст(читај сите македонски општини) ама имаше и едни уставни судии од комуњарите што поништија тоа и се направи на цела Македонија па потоа и се укина.
И Германија од она што читам веќе наголемо ги намалува бенефитите за мајкате, децата итн не е како што било порано
Ми кукаа за ова пријатели, дека не ги намалиле бенефитите на овие неработниците мигранти и азиланти ама за мајките и децата ги намалиле. А и најболното за нив што нема да може да земаат боледување кога им текне без никаков доказ.
 
Се треба во свое време. Едно е да имаш бремена жена на свои 24 години а друго на 40. Едно е да имаш млади дедо и баба кои можат да ти помогнат а друго 80 годишни страци со едната нога на другиот свет. Зборувам за практични и реални работи а не празни филозофирања.
Океееј, нека горам во пеколот.
Не е доволно тоа што секојдневно имам притисоци за деца, па сега и тука почнав да читам.
 
И Германија од она што читам веќе наголемо ги намалува бенефитите за мајкате, децата итн не е како што било порано
Единствено скратија парична помош до три години и еднократната помош во Баварија, друго се си стои.
Се злоупотребуваат и овие мерки, многу од мигрантите на социјала тераа и само деца котеа.
 
Back
На врв Bottom