Падот од Германија, кој е само тероетски веројатен, нема да значи и крај на Европа, т.е. ЕУ. ЕУ ионака ќе се преуреди на начин кој за некои земји ќе биде повелен, за некои не.
Ако Германија навистина падне, веднаГА ќе се најде нејзина замена, како на пример Франција, која тековно глуми водечка земја во ЕУ, заедно со Германија.
Русија помина низ далеку полоши ужаси во 1990-те години и еве ја денес жива и посилна од порано.
САД изгубија во Виетнам, па откако си заминаа од таму се однесуваат како никогаш да не биле таму и како никогаш да не изгубиле.
Ништо нема да им биде на швабите во случај на било каков економски или политички колапс, животот ќе си продолжи од утре, но под поинакви околности.
За почеток ќе мораат да прифатат потешки и послабо платени работни позиции за да можат да се исправат и да застанат на здрави нозе.
Од таму доаѓа и изреката:
Тешките времиња создаваат силни луѓе;
Силните луѓе создаваат подобри времиња;
Подобрите времиња создаваат слаби луѓе;
Слабите луѓе создаваат тешки времиња;
Тешките времиња создаваат...
И така во круг одново и одново.
Животот доаѓа без упатство и секој мора самиот да си го најде сопствениот пат, дали одбраниот пат ќе го однесе кон ужаси или кон подобри времиња ќе покаже времето.