Има и попросто детално објаснување за оваа измама.Одиш во банка да бараш тековна сметка за да можеш да работиш со чекови.Банката те прашува колку ти е платата и ти и викаш 40000 денари и таа ти вика еве ти 30 чекови во вредност максимална од 60000 денари бидејки еден чек има максимум 2000 денари и плус со останатите 10 да имаш дозволен минус до 20000 денари.Ти прашуваш кој е директор и те упатуваат кај него.Одиш и му викаш да ти даде пример 1000 чекови бидејки ти си шериф на подземјето во градот кој функционира како држава во држава и кој ќе се погрижи да ниеден од тие 1000 чекови не се врати во банката за да биде сменет за денари.Ти даваат и одиш во куп дуќани со закани дека од утре наместо со денари сите да ги користат твоите чекови во купопродажба и ако случајно некој го смени во банка му отиде и дуќан и семејство комплет.Почнуваат да циркулираат твоите чекови а ти во меѓувреме дознаваш кој има најмногу и кроиш план како да го завојуваш со оној што има приближно за да почнеш да им продаваш украдено оружје и муниција што подолг период кое ќе го плаќаат со твоите чекови.