"Дечко ми"/"Девојка ми" или неговото/нејзиното име?

  • Креатор на темата Креатор на темата devojka111
  • Време на започнување Време на започнување
Прво името, и кога ќе ме прашаат која ако случајно не им текнува, им кажувам..... дека Женска Ми....
 
Најчесто го користам името на мојот дечко но ми се случува некогаш и "мојот дечко" ама многу ретко...:smir:
 
Зависи од ситуација. Ако разговарам со луѓе кои не ја познаваат, велам -девојка ми. Ако ја познаваат, тогаш сосема нормално е да го употребувам нејзиното име.

BTW, зошто е тоа толку важно?
 
Името, така се навикнав од почеток и сега терам така.
 
Пошто ако кажам девојка ми (кратка заменска форма од Мојата девојка) веќе означувам нечија присвојност кон нешто а не сум сигурен уште колку имаат тапии, имотни и поседовни листови кон тоа нешто, па да не излезе дека се фалам на празно ќе си ја викам Трајанка.
 
име бре.......женска ми.....женска ми = ЕУ емисари :) Вашата земја...вашата земја :)
 
Не бе ја надимак и давам одма и така ја викам
 
По име. Ако нешто треба да објаснам додавам дечко ми или ако некој праша.
 
за луѓе кои ја познаваат девојка ми си ја кажувам по име.. бев со елена дрн дрн дрн.. за некои така кои што поодамна не сум ги видел или па незнаат дека имам девојка ке им кажам девојката/девојка ми па ако ги интересира нека прашаат.. да го дрвам цел ден со девојка ми девојка ми девојка ми ке искочи ко фалење ко само ја да иам девојка на цел свет :)
 
Претежно го користам изразот „оној мојот„
 
Или името или „понежниот ми пол“ . Девојка ми ми звучи као фалење, од непозната причина.
 
Претежно го користам изразот „оној мојот„

,,оној мојот,, ме потсетува на билјарката од бушава азбука. :) (нема лутиш)

инаку за луѓето што ја знаат девојка ми го користам името, а спротивно како сега на форумов си пишав девојка ми :)
 
Секогаш го спомнувам по име :) Освен ако некој не го знае го кажувам како дечко ми,па името :))
 
Зависи, обично си ја викам по име, затоа што и е лесно за изговарање.
 
Во принцип некој многу ако потенцира дечко ми, девојка ми, си има некој проблеми или пати од тоа сите да знаат дека е во врска.Јас лично, најчесто си зборам по име, освен ако некој не го знае, па ајде епитет - дечко ми... Али ако тоа ти е узречица поготово во сингл друштво испаѓа се фалиш дека имаш дечко
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom