Децата се испотепаа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не само сериите што ги даваше мачо Велија во кои немаше минута да не се испотепаа и да не вадеа пишЧоли за ситници туку...сигурно кочанските тепачи, охридскиот инцидент, кичевскиот сериски убиец...сите тие играле Кантер...ммм, да. Ниту треба да знае новинар што е гејминг експириенс и негова рефлексија во реалноста, но треба да се распраша кај соодветни професии, наместо да ги слуша зборовите на својот газда и уредник.
Според весникот само затоа што јас последно време играв medieval fantasy rpg и стратегии ќе излезам на улица и ќе колам гоблини за да добијам Икс-Пе и бонус сет? Интересно :) Ова со гејмингот го кажав прилично детски и едноставно за авторот на написот да ме сфати што полесно.

Браво за ЕнтитиМк. Симплекс, ЕнтитиМк...сеедно, битно е ги бива и се на солидна меѓународна позиција
 
Entity ..

1j1282598521.jpg

Jovan "KaLaN" Kalanoski
Anel "NENO" Cekovic
Jovan "N1GHTMARE" Derebanoski
Vlatko "CI@" Sekovski
Kiril "kIRIL" Ognenov

Предлагам Велија под итно да ја извести американската амбасада за да ги следи овие убијци во Лос Анѓелес, некако многу агресивно ми изгледаат...
 
Што се однесува на овој натпревар, не го поддржувам, зашто јас сметам дека треба да се прават тродимензионални натпревари во спортските сали, да се игра шах на клупа и децата да ја играат постарата верзија на Кантерстрајк што меѓу народот е позната како „камај - камај“.
Зашо си против технологијата и напредокот на софтверот? Коа ќе го џитнеш ајподот и ќе си праќаш пораки по гулаб, јави ми се. Т.е. прати ми гулаб.
 
И ајподот го користам, и шах играм (а на собиранка викате дека сум асоцијална ради тоа :)), и одбојка на градска плажа. Ама не можам да кажам дека за мене повеќе значи виртуелниот ајпод одошто реалните фигури шах. Арно ама, виртуелни игрици никогаш немам играно, не ме влечело тоа. Можно е да станат насилни децата ако играат игрици, али може и да не станат. Верувам дека медиумите и овие игрици прават да бидеш ИМУН НА НАСИЛСТВО. Да не те потресува толку многу крв и бубрези растечени, зашто ти се секојдневние. Во секој случај додека не премине во опсесија, нека се прават натпревари. Повеќе поддржувам реално од виртуелно, ама тоа не значи дека од игриците не може да се развијат некои способности како рефлекси и брзо резонирање (ако се тоа способностите што се развиваат, не сум сигурна зашто не сум пробала да играм игрици). И така. Нешто друго околу мене вака?
 
И така. Нешто друго околу мене вака?

Аха. Не те видов да напишеш "Новинарката која си земала за право да ги критикува квалификациите за WCG е ретардирана."
 
Си играла некогаш игра? Не!
Епа тогаш како сите паметни се правете и солите памет на форум, кога воопшто не сте се соочиле со некој виртуелен противник. Прво играјте, па после дадете свое мислење- дали е добро или не.
Толку од мене.
Онтопик: Секоја чест за организацијата на натпреварот и им посакувам многу среќа на учесниците во наредните натпревари.
 
Аха. Не те видов да напишеш "Новинарката која си земала за право да ги критикува квалификациите за WCG е ретардирана."
Зошто би го напишала тоа? Ако и` дошле при рака такви извори на информации и ако проценила дека интернет гејмерството е опасно по живот, тогаш нека ги сноси консеквенците од коментарите. Ќе има и такви што ја поддржуваат тезата и такви кои нема да ја поддржуваат. Немам диплома од психијатрија за да кажувам кој е ретардиран, кој не е.
 
Ко ја што станав фудбалер од играње Фифа,така и овие ќе станат тепачи од играње кантер... :tapp:
Уште еднаш се потврдува колку е исполитизирано новинарството кај нас.
Шо ќе каже газдата,тоа ќе го пишеш....
 
Зошто би го напишала тоа? Ако и` дошле при рака такви извори на информации и ако проценила дека интернет гејмерството е опасно по живот, тогаш нека ги сноси консеквенците од коментарите. Ќе има и такви што ја поддржуваат тезата и такви кои нема да ја поддржуваат. Немам диплома од психијатрија за да кажувам кој е ретардиран, кој не е.

Извори на информации = Пари...
Биди конкретна, нема да те сфати секој :)
 
И ајподот го користам, и шах играм (а на собиранка викате дека сум асоцијална ради тоа :)), и одбојка на градска плажа. Ама не можам да кажам дека за мене повеќе значи виртуелниот ајпод одошто реалните фигури шах. Арно ама, виртуелни игрици никогаш немам играно, не ме влечело тоа. Можно е да станат насилни децата ако играат игрици, али може и да не станат. Верувам дека медиумите и овие игрици прават да бидеш ИМУН НА НАСИЛСТВО. Да не те потресува толку многу крв и бубрези растечени, зашто ти се секојдневние. Во секој случај додека не премине во опсесија, нека се прават натпревари. Повеќе поддржувам реално од виртуелно, ама тоа не значи дека од игриците не може да се развијат некои способности како рефлекси и брзо резонирање (ако се тоа способностите што се развиваат, не сум сигурна зашто не сум пробала да играм игрици). И така. Нешто друго околу мене вака?

Ако го изгледаше бар почетокот на видеото кое го постирав, ќе забележеше дека почнува со оваа реченица:

"Every time a new artistic medium emerges, there will always be controversy. People thought radio was rotting kids minds, then it was comic book, then music and movies...I mean, there are people who thought that, like, the jitterbug will be the downfall of society."

Проблемот е што Кантер-страјк е игра стара над 10 години, турнири се оддржуваат од 2003/2004, Време има ПИШУВАНО за тие турнири...и сега некоја небитна (8-битна) новинарка, која очигледно се заборавила со времето, годините и информациите - ќе напише ваква глупост. Она што ме иритира моментално кај тебе е што немаш став, викаш дека може расипуваат, може не, ама бидејќи се работи за новинарка од "Време", доаѓаш на темава и ја браниш. Затоа ти реков, информирај се, разви мислење, вака само дебатираш со гејмери кои прошле сито и решето низ игрите и знаат, па, бар милион пати повеќе од тебе за таа тематика.

Психички пореметени индивидуи секогаш имало, чист пример е како луѓето се фаќаат за Колумбајн инцидентот (будалата што влезе во школото и пукаше се околу себе) и како тој дечко бил инспириран од Doom играта...Но, не сфаќаат дека ако не била тука Doom, тој ќе најдел инспирација од Lethal Weapon 4, Terminator 2, The Expendables...ако ги скинеме и филмовите, ќе најде инспирација од стрипови, од рап песни, од документарци за банди. Таков човек веќе си е дефект сам по себе и само му треба мал поттик, дури и целосно да го изолираме, пак проблемот ќе постои и ќе најде начин...

А за делот со бубрезите, не знам од каде во целата вселена ги вадиш тие реченици (дали си видела бубрези во кантер-страјк, пример), ама еве ти слика од мртов човек во играта.
Нема крв. Нема бубрези.

0.jpg

--- надополнето ---

И по ѓаволите, не ги нарекувај "игрици", нарекувај ги "игри" или "видео игри". Игрица ти е она на фејсбук, глупоно малоно. Во овие е вложуван голем труд е греота е да се рамнат со фејсбук игриците.
 
Игриве и др,пример насилни филмови и сл неможат да те натераат на ништо... ако имаш барем малку мозок...
 
И ајподот го користам, и шах играм (а на собиранка викате дека сум асоцијална ради тоа :)), и одбојка на градска плажа. Ама не можам да кажам дека за мене повеќе значи виртуелниот ајпод одошто реалните фигури шах. Арно ама, виртуелни игрици никогаш немам играно, не ме влечело тоа. Можно е да станат насилни децата ако играат игрици, али може и да не станат. Верувам дека медиумите и овие игрици прават да бидеш ИМУН НА НАСИЛСТВО. Да не те потресува толку многу крв и бубрези растечени, зашто ти се секојдневние. Во секој случај додека не премине во опсесија, нека се прават натпревари. Повеќе поддржувам реално од виртуелно, ама тоа не значи дека од игриците не може да се развијат некои способности како рефлекси и брзо резонирање (ако се тоа способностите што се развиваат, не сум сигурна зашто не сум пробала да играм игрици). И така. Нешто друго околу мене вака?
Неможат да станат насилни од игри.Јас играм игри 6 години и воопшто не сум насилен.Не колам животни,луѓе,не разнесувам предмети со експлозиви и слични работи.Точно е дека при играње игри може да се изнервираш и тоа многу,но таа нервоза поминува за 10-ина минути.Но можеш да се изнервираш од се.Може да се изнервираш поради училиштето,поради другарите,поради родителите и т.н.Дали тоа значи дека треба да се забрани училиштето,дружењето,разговор со родителите и слични работи?
 
Дечки, џабе везете. „Новинаркава“ и понатаму ќе си ја брани колешката без оглед на се. Побитен е фактот што ваквите неуки „новинари/ки“ пласираат нешто за што постарите граѓани им веруваат и после идат караници по дома оти малиот игра „насилни“ игри, оти некој направил нешто злобно сигурно е од играта и такви глупости. И ти после иди докажувај колку тоа нема врска. Старите на пишаниот збор повеќе му веруваат, зошто на времето новинат значеше НОВИНАР, а сега секоја глуперда која едвај знае литературно да пишува и да се изразува ми глуми писател.
 
Скоро се` би се сложил со тоа што го кажа Мас)) (поготово со цитатот на почеток и ова:
Психички пореметени индивидуи секогаш имало, чист пример е како луѓето се фаќаат за Колумбајн инцидентот (будалата што влезе во школото и пукаше се околу себе) и како тој дечко бил инспириран од Doom играта...Но, не сфаќаат дека ако не била тука Doom, тој ќе најдел инспирација од Lethal Weapon 4, Terminator 2, The Expendables...ако ги скинеме и филмовите, ќе најде инспирација од стрипови, од рап песни, од документарци за банди. Таков човек веќе си е дефект сам по себе и само му треба мал поттик, дури и целосно да го изолираме, пак проблемот ќе постои и ќе најде начин..

Но би го нагласил и тоа што Новиванрка сакаше да го каже а тоа е дека игрите создаваат еден вид на оттуѓеност/забегување на денешнава младина. Phoenix рече дека почнал да игра пред 6 години и нема side effects од неговата гејмерска кариера. Би го прашал на колку години е започната? 5? 7? или 10 кога веќе голем дел од човечкиот мозок е далеку поразвиен за да осуди што е насилно а што не.
Истотака би напоменал за порнографијата. Иако е друга тема, не знам може и тука да се дискутира или евентуално да се отвори посебно за овој проблем. А тоа е напоменето во следнава изрека: Порано децата кога ќе беа сами, гледаа „Сам дома“, денес тие гледаат Red tube.

На крај ќе напоменам дека не е виновно целосно општеството кое го сервира сево ова, туку родителите. Ако родителите го тераат малото дете уште од 5 годишна возраст да користи компјутер или да му пуштаат Lethal Weapon/random филм со насилство, нема да направат од него психопат, но ќе направат личност која ќе биде далеку поимуна на насилни сцени. А со тоа се создава и желба за оние кои се зависни од истражување на нови ислуства. И не е ни чудно ако еден ден тоа дете посегне по оружје just for curiosity.
 
Uste od mal gejmam, kojznae kolku igri imam igrano podolg period. Toa ne vlijaelo na mojata socijalizacija, obrazovanie nitu pak predizvikalo devijantni odnesuvanja. Sto znaci mene mi e ova banalno, ali neka tropaat gluposti mene ne mi smeta toa.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom