Дебата на Канал 5 - Орце против Амар 28.10.2025

Кој е победник на дуелот?

  • Амар

    Гласови: 83 66,9%
  • Орце

    Гласови: 41 33,1%

  • Вкупно гласачи
    124
  • Гласањето е завршено на .
Искрено океј ми е Амар, ама се плашам дека на крај може да излезе ко Данела Арсовска. Штета што е со Левица.
 
Нема потреба брат, ниту сум политички определен ниту гласав 1 круг ниту ќе гласам 2 круг, јас само ти ја кажувам фактичката состојба. Ако мислиш дека Амар ќе тепа тогаш не знам што да ти кажам, или не следиш политика или живееш во некој паралелен универзум. Те сфаќам што сакаш да кажеш, мала е веројатноста дека нешто драстично ќе се смени али тоа е..
Ne ti se smeeme na toa deka kje tepa Orce, toa mu e jasno na sekoj so dve cisti tuka. Se smeeme za toa deka ova bilo zadnja sansa za promena. Pritoa kandidatot e uber klasicen kandidat kakvi sto ne vodat izminatite 35 godini.

Znaci logikata ti e, zadnja sansa za promena ni e status kvo kandidatot :D Toa ti e ko Amerikanec da rece ova ni e zadnja sansa za promena, i kandidatot da e Hilari Klinton ili Bajden.
 
Поглупи муабети од ова како Орце работел со политички факултет во ЕВН или зошто Амар не завршил факултет нема. Класика Македонче.
Факултетот ама ич не е важен, може и со 10ки да завршиш а да си прост.
Можеш и со политички да бидеш подобар од сите што завршиле електро и се во ЕВН.
Или еве Амар и без факултет делува дека дека е попаметен од 99% луѓе во државава.

Искуството моментално што го добиваат им значи многу повеќе од било кој факултет. Едниот на млади години станал советник и градоначалник на Кисела Вода.

Амар па на 23год е во парламентот и на 27 е кандидат за главен град. Еве сега нема да стане градоначалник, ама кариерата само што му почнала. Памтете ова дете ќе направи нешто во политиката, за разлика од Апасиев има многу повеќе харизма.

Исто и Орце, млад е. Ако кажува дека ќе биде пред се домаќин и за нардот, а да не трча за политиките на ВМРО и он ќе има блескава иднина. Во спротивно следни избори ќе ги изгуби и ќе биде тргнат настрана, пред се од своите.
 
Премногу неквалитетна дебата беше ова вчера. Иван се мачеше да ги задржи, не знам зошто воопшто тој го водеше ова, Александар требаше да го превземе зашто наназад нон стоп тоа го прави. Иван требаше да ги викне и двајцата на Кавга 1 на 1, како загревање пред дуелот кој би го водел Александар.

Не слушнав ништо од програмата, се некои површни муабети без децидно кажување на планови, се некако површно лаички. Всушност е и показател за реалната состојба во државава, се се прави туку така. Јас верувам дека да сме здраво општество, политички активно и да не сме деморализирани од 30 години Курто и Мурто, ќе имаше квалитетен кадар кој подот ќе го избришеше со двајцата вчера.

Амар можеби спомна прв врска со родител, но не верувам дека е далеку од вистината. Орце се фали дека прв ангажман му е во ЕВН, а знаеме како се влегува во ЕВН, Телеком и слични фирми во кои државата и до ден денес си има некаков удел. Амар посочи дека стартната позиција на Орце била подруга од неговата. Што е океј и не го сметам за удар под појас, додека Орце проба да направи левириџ на родител со кој Амар нема допирна точка, или барем така се претставува.

Исто така не ја изигра доволно картата на тоа дека ВМРО советници не гласаа за функционирање на градот и опструираа набавки на автобуси и разно разни одлуки во совет на град Скопје. Пребрзо се отргнаа од таа тема.

Од друга страна, Орце дојде поспремен и се гледа дека го искалиле во ВМРО за политичка позиција. Тоа е тоа во принцип. И јас мислам дека ВМРО собира градоначалничко место само ради тоа што имаат поголема армија гласачи, Левица ќе собере некој глас од неопределени ама пак мислам дека ќе бидне со минимална излезност гласањето и тоа е тоа роѓаци. Ако освои Левица, ќе гледаме Данела 2.0 сценарио кај што ќе го саботираат Амар, и најдобриот план да го има не може ништо да направи ако нема кој да гласа за одлуки.
 
Апасиев е незаменлив, ваков каков што е треба да му дадеме шанса да не води.

Амар ако влезе градоначалник таму и ќе биде едно два-тринаесет години.
 
Или еве Амар и без факултет делува дека дека е попаметен од 99% луѓе во државава.
Зошто? Како го заклучи ова? Затоа што збори течно и е елоквентен? Јас од она вчера што го видов не добив баш таков впечаток, можеби затоа што дечкото е уште премногу млад и незрел, не знам..
 
Зошто? Како го заклучи ова? Затоа што збори течно и е елоквентен? Јас од она вчера што го видов не добив баш таков впечаток, можеби затоа што дечкото е уште премногу млад и незрел, не знам..
Ти и така не гласаш јас не знам што се мешаш. Амар со самата политика од Левица ќе биде илјадапати подобар од Орце. Амар е за сите а овој за поединци.
 
Многу ниско се отиде со прозивки за едни решени избори.
Сакале ние или не, овие двајца се нашиот моментален просек и материјалот за работа што ни е достапен. Залутано дете и умислен сељобер.
Господ на помош, ама стварно.
 
Амар реално ништо конкретно не кажуваше. Дојде неспремен, без план, без аргументи. Дури Иван кога почна да предлага нешто рече да супер е тоа ќе се залагаме нешто у таа смисла. Он му даваше идеи фактички за неговата платформа. Ако гледаме објективно така е.
Сеа ако гледаме како поддржувачите негови како Амар кажувал граматички точни реченици тоа е друга работа.
 
Нема потреба брат, ниту сум политички определен ниту гласав 1 круг ниту ќе гласам 2 круг, јас само ти ја кажувам фактичката состојба. Ако мислиш дека Амар ќе тепа тогаш не знам што да ти кажам, или не следиш политика или живееш во некој паралелен универзум. Те сфаќам што сакаш да кажеш, мала е веројатноста дека нешто драстично ќе се смени али тоа е..
Еве и јас исто така не сум политички определен. Не велам дека Мециновиќ ќе тепа, тоа е во граница на научна фантастика. ама грев е да даваш такви изјави, ќе сме имале четири години да видиме дали Орце ќе го оправел Скопје, кога сите однапред знаеме дека нема да биде така. Како што пиша @Menethil погоре, овој Орце ти е олицетворение на оние кои ја уништија државата последните 34 години. Имал искуство како градоначалник на Кисела Вода, знаел како функционира администрацијата. Што остварил Орце за овие 4 години во Кисела Вода. Колку точки од својата програма од 2021 се исполнети:
Отвори само први неколку страни од програмата.

До каде се Зона Драчево и Зона Чупријан? Постот од пред 4 години:
До каде е модерна населба Чупино Брдо?
Дали Орце ја стопира урбаната мафија во Кисела Вода?

Го реши Расадник?

Ја направи Кисела Вода еко општина?

Отвори поликлиника Кисела Вода до Расадник? Досега требаше да биде изградена, четири години имаше, а овие ја ветуваат како нов проект за овие локални избори :ROFLMAO::ROFLMAO::
И најфундаментално прашање од сите- каде отидоа парите од касата на Кисела Вода кои беа наменети за овие проекти?

Орце можеби одработил нешто за урбаната мафија и неговите пајташи од Драчево, ама ништо од тоа во програмата.
 
Од една страна имаш кандидат кој ќе биде поддржан од централната власт и верувам дека ќе направи доста во градот, а од друга страна имаш кандидат кој да бидеме реални ќе биде максимално бојкотиран од централната власт, а за кој исто така мислам дека има прилично искрени намери да промени некои работи во градов. Реално дебатата им беше као на двајца копачи пред коперација, а Мирчевски беше као третиот морон кој ѓи потпалува двајцата копачи. Едно е сигурно. Кој и да дојде да биде градоначалник треба од корен да го менува функционирањето на Јавните претпријатија. Многу напикани вработени кои се со куроболка и ништо не работат. Вчера баш видов на фејс некоја жена имаше ставено видео каде ги снима комуналците кои треба да исчистат ѓубре од контињерите и околу. Овие као полумртви, заметеа два пати, пола ѓубре остана надвор, ништо не собраа, па уште еден мајмун и сереше на жената зошто ги снима. Со такви пациенти во секое претпријатие нема што да се бара подобрување на било кое поле. Кој и да сака нека биде градоначалник нема ништо да биде на подобро. Менталитетот во ова државиче, односно на народецов кој живее во него е дојден на најмизерно ниво а тоа е се така бидејќи владее беззаконие, нема никакви закони кои ќе бидат имплементирани (не само на папир).Ништо не е изменаџирано на вистински начин, а како резултат на тоа ја имаме сликата на главниот град, која моментално е толку црна, и на која ќе и требаат години за да почне да се менува на подобро.
 
Автоматски споено мислење:

Убаво е да се види што ветувал Орце пред 4 години за Кисела Вода...и што од тоа остварил...

Па гледам...нова поликлиника, нова пожарна станица, нов пензионерски дом...па, па, па...
 
Чичин, убаво си вика човекот, ама кој да слуша!
Транзицијата траела различно кај сите. ете моите деца се помали од него, па нашата бранша сеуште беше во транзиција тие 2000-2006 година. Јас морав да одам во Грчка да работам за да им платам школување. Со плата од тогашни 150-200 дојч марки сигурно нема да исшколуваш двајца студенти на страна (мислам надвор од местото на живеење).
Е па затоа јас дадов пример - моите двајцата беа невработени. Еден стечаец, друг поранешна текстилна работничка во град каде сите текстилни фабрики се затворија. И јас студирав надвор од местото на живеење. Доаѓав во Скопје со 100 денари во џеб неделно. Со недели сум јадел само леб и маргарин, зашто тоа беше најевтино. Па пак успеав. Како? Во прва година беше навистина тешко. После земав стипендија, па со неа успевав да врзам крај со крај (иако неретко со неа и сметките дома ги плаќав, моите немаа од каде). Подоцна, кога станав апсолвент почнав да работам. Во тоа време платата ми беше 6000 денари и тоа беше навистина огромен приход. 150-200 дојч марки да имал татко ми, ко тебе, јас ќе бев богат. Само изговор е тоа „транзиција“, бла-бла-бла. Така се вадат џаболебарчињата на кои цел живот мама им меси а тате им носи. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom