Daydreaming

многу често ми се случува ќе си пуштам музиче и... отидов некаде,таму ми е некако поубаво од реалноста.Исто и на факултет,на предавање,досадно,што ќе правиш,мораш да избегаш малку
 
Па да често пати тоа ми се случува кога одам сам по улица и знаам да отпатувам некаде со мозокот и често се дешава де се уфилмам па да почнам и да си разговарам (полугласно) се дур на се свеснам и не се осрамам и најчесто ми се дешава на досадни часови да си пуштам „мозокот на пасење“.
 
Практикувам daydreaming во ситуации во кои не мора лично да учествувам.

Порано и кога бев со луѓе си одев во глава некаде, ама ме обвинуваа за недружељубивост.
Hell is other people ~ Sartre. :P

Sith
 
ПАААААА....понекогаш знам ДОБРО да го пуштам мозокот на пасење,понекогаш знам и да го изгубам од "видно поле"но тоа е као еден вид кратка пауза :uvo:
 
ехе по 8 сати на ден го пуштам мозокот на пасење....таква ми е работата, шаблонска и монотона :toe: ....морам да барам друга работа ...како и да е имам многу време за пустање на мозокот во лер и мислење...и такви работи....
п.с. повеке имам daydreaming него nightdreaming
 
Порано повеќе, ама најчесто ми се дешава со работи за кои има веројатност да се реална стварност.

..Или не? :pos:
 
Тоа ми се случува многу често. На пример кога седам во школо, кога гледам телевизија, па дури и кога сум излезена негде. А особено кога ќе си легнам, тогаш па ептен и дури неможам ни да заспијам.
 
Обично ми се случува да изгубам концентрација и да допуштам слободен проток на мисли сред стварно досаден муабет или сред оние муабети кои се прават почесто со истите луге на истите теми, чии почетоци и краеви се однапред познати. Е тогаш инаетот за некреативноста на муабетот наместо гласно го искажувам индирекно (со забегување во други воѓа :pos:) односно залетување и соговорникот тоа го забележува. Во тие моменти најискрено се трудам да останам сконцентрирана ама не можам, daydreamin-гот ме обзема.
 
Уау, we all looove daydreaming! Мислев дека само јас забегувам со секојдневно стенд бај гледање во празно. Може да ти одземе доста време при учење и сл., ама може да испадне и нешто баш креативно и оригинално од сето тоа.
 
На школо даа....на историја или географија најдобро се дреме, а и музичко е добар час за пасење. Посилно е од мене, што да правам- ја ја гледам али триста други мисли сами ми доаѓаат, а нормално се друго е поинтересно од нејзиниот монотон час.
 
Секад,се дешава и кога ми зборат да забегам со паметот,ретко кога знам да се сконцентрирам и да бидам 100% присутен.
 
Секогаш ми се случува тоа... незнам зашо ама посебно у школо, и тоа последните часови кога сум стора смена...
 
Дефинитивно да...И тоа ми се случува ептен често..Каде и да сум ми се случува да го пуштам мозокот на пасење и да уживам.... :)
 
Non - stop i iskereno me faka strav da ne zabegam ...
 
Кога будно сонувам..

Сите понекогаш сакаме да побегнеме од реалноста,,и си правиме филмови во глава како би изгледало сето тоа...Сите ние понекогаш будно сонуваме...Па,,какви се вашите соништа од овој тип? За што сонувате моментално?
И колку да не дојде до забуна,,овде не станува збор за животен сон или нешто слично туку за секојдневните соништа,,кога би можеле,,што би направиле токму во овој момент,,и воопшто што би сакале да ви се случи? Можеби е тоа на финансиско поле,,
некој успех на работа,,семејство,,здравје,,некој сон на љубовен план? За што сонувате додека сте будни?

Кога зборувам за мене,, дел од соновите ми се имаат исполнето,,но кога ќе земам предвид дека сепак станува збор за имагинација,,а бидејќи сум личност со мноогу развиена фантазија,,честопати ваквите соништа знаат да ми бидат и надвор од реалноста...
Моментално посакувам да ме викнат на промоција:vozbud:,,понатаму ќе ви кажам пак за што ќе сонувам...:) Искрено,,често кога си седам по дома си мечтаам за нешто,,и си уживам..

Како е со вас? Си дозволувате ли да изгубите дел од вашето време само за себе,,кога тн будно сонувате,,и дали тоа го правите било кога,,во слободното време или пак пред спиење?
Ј
ас искрено можам секогаш да 'забегам',,особено тоа го имам правено на часови кога идев во школо,,зошто некои часови беа навистина ужасно досадни,,некогаш во автобус,,или било когa..Всушност,,сите понекогаш будно сонуваме..Кои се вашиоте вакви сништа???. повелете :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom