Прегледај го приврзокот 299464
Изи
Добро ми легна и се изнаиграв овие две недели. Занданите очекував да ми бидат проблем, ама интересно беше и тоа. Само во последната заглавив повеќе на босот пред кралицата.
Имаше доста интересни босови, ама имаше и некои прелесни од кои е невозможно да умреш. Уште ми остана ставот дека Секиро ми беше потешка, само не знам дали е тоа до фактот дека тоа ми беше прва ФС игра. Веројатно ќе ја играм пак понатаму, па ќе можам вистински да споредам сега кога веќе сум колку-толку искусен со игриве.
Не знам дали да го зимам ДЛЦ-то, гледам и тоа е на попуст сега.
Дали станувам фан на ФС?

Најдов убавина во игриве секако. Комбатот во Секиро ми е ептен јак и интересно ми беше за играње и покрај нервозите на некои босови. Левел дизајнот е феноменален, кога ќе научиш како да се снајдеш во просторот и ќе најдеш како е се поврзано. Би сакал малце повеќе и постандардно раскажана приказна, и се надевам тоа ќе го добиеме во Елден Ринг. Само, не ми е мене интересно да лутам со саати не знаејќи што треба да правам следно и каде да одам. Таман ми е со гајд, колку да ми каже каде треба да одам, или со некој кој веќе ја има изиграно играта. Дефинитивно се чека Елден Ринг сега.