Данска - Македонија [ 12.01.2014 - 20:30 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата HristijanWR10
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само да минеме па макар и трети..а после Прибак ке настапе на сцена...најмистериозниот македонец:cuc: ке си газеме бе
 
Можеа да пробаа на лев бек да ги повикаа Костевски и Арнаудовски. Пецаковски ако е доволно опоравен би бил најдобро решение за лев бек сега за сега. Исто така и во стартна постава Обрван треба да го игра Ојлевски пред Манасков.

П.С . Како не му учука некој бокс на она педерчено Ландин ептен се курчеше, па и дури нешто му се закануваше на Ојлевски.
 
и да кажам само колку слаба игра со нозете има Пецаковски...лош рад ногама шта би рекле срби :coffee:...па мислам дека и јас и било кој од тука е подобар у тај сегмент од него...изгледа од повреди е така..во Вардар беше далеку поподвижен..
 
Лошо.. нека си ги спакуваат куферите и назад кај маглава :D
 
Инаку на утакмицава најслаби убедливо беа Миркуловски,Манасков и Ѓоргиевски. Стојчевски многу го критикуваа тука на форумов ама подобро одигра од Миркуловски.
 
Најголем проблем ни е тоа,неупотребата на крила .... но и агресивноста во играта ... чекаме да шутнеме до пасивност,само ја вртат топката,наместо агресивно,дриблај,иди у одбрана,создади им невојли .... исто и одбраната ...укопани у место .... Данците ги гледаш ... колку само имаа исклучени ... во одбрана колку пати со агресивност не натераа на грешки,а тоа контри ... навистина треба агресивност да се има,не како чекај неодлучно, чекаш друг да превземе иницијатива :( ...


Не беа нашиве толку лоши кога се подразбудија, само неизнудените грешки и нереализирани зицери (Манасков на два-три пати, две контри, некористењето на вишок играчи...) ни го дадоа резултатот.

Ландин уште на почеток го истурка Миркуловски, и не дека сакам да плачам, ама за онаква евентуална реакција од наша страна ќе имаше барем исклучување (сетете се на Лазаров на Светското во Хрватска против Германија ми се чини беше). Па уште и се жали на судијата дека три пати го погодиле во глава, плачко, лигле....

Туку, прашав по некоја од темиве пред некое време, знае ли некој дали има посебна причина што Кузманоски секогаш е во поширок состав, а никогаш повикан на големо натпреварување?
Мислам дека има одличен учинок воРоманија, претходно и на Исланд, ама упорно не е повикан (мислам дека игра централен бек и е многу снажен).
 
Не беа нашиве толку лоши кога се подразбудија, само неизнудените грешки и нереализирани зицери (Манасков на два-три пати, две контри, некористењето на вишок играчи...) ни го дадоа резултатот.

Ландин уште на почеток го истурка Миркуловски, и не дека сакам да плачам, ама за онаква евентуална реакција од наша страна ќе имаше барем исклучување (сетете се на Лазаров на Светското во Хрватска против Германија ми се чини беше). Па уште и се жали на судијата дека три пати го погодиле во глава, плачко, лигле....

Туку, прашав по некоја од темиве пред некое време, знае ли некој дали има посебна причина што Кузманоски секогаш е во поширок состав, а никогаш повикан на големо натпреварување?
Мислам дека има одличен учинок воРоманија, претходно и на Исланд, ама упорно не е повикан (мислам дека игра централен бек и е многу снажен).

:pos:
 
Мал коментар од мене...
Борко фантастичен денес... Имавме шанси не си ги искористивме... Во неколку наврати имавме напад на минус 2, но наместо да намалиме на 1 следуваше техничка грешка и плус три за Данска... Посебно ме изнервира Кире во првиот дел кога имаа Данска 2 играчи помалку уште десетина секунди, а тој избрза и шутираше... Во второ иста ситуација, но сега Данска имаше еден играч помалку и Миркуловски избрза... Од тогаш почна бродот да тоне... Очајно ни фалеше лев бек... Кога веке не беше повикан Стојановиќ, при повреди на Мојсоски и Филипче и недоволно опоравен Пецаковски, мислам дека и тоа беше максимумот од левата страна... Но сепак мораше да се најде некој во подготвителниот период кој би ја пополнил таа позиција, но што е тука е... Крилата прича за себе... Манасков ме потсети на зицерот од ЕП во Србија против Германија... Во моментов Ојлески е за класа над Дејан според мене, мислам дека мора да стартува... Десно крило... За таму реков во еден пост Темелков и без една нога е подобар од Престап... Барем во таа ситуација да направеше престап, а не да шутира како рагбист ебаго... За Кире се знаеше дека ке му одат фластер во текот на целиот натпревар, но во ниту еден подготвителен натпревар не подготвуваа алтернатива т.е. акција која би ја одиграле кога Кире ке биде затворен... Одбраната беше солидна... Стојчевски мене лично не ми се допаѓа како игра... Го гледав во Струмица со Црна Гора, некако немаше никаква идеја кога играше... Единствено позитивно е тоа што се труди и што е брз... Шут нула, креативност нула... И смех шала, но Шундо кога беше тренер имавме акција која многу често ја користевме кога бевме со играч повеке... Игравме со два пикера и во 90% од случаите дававме гол или изнудувавме седум метри... Сега мислам дека само во еден наврат изигравме добро до крило но оној Ландин ги откажа нашите крила...

Сепак имаме големи шанси за пласман понатаму... Доколку Борко продолжи да брани како што бранеше денес, со здрав Пецаковски и доколку Гоце одигра како што знае мислам дека следните две се наши...
:):)
 
Во ситуации кога игравме со играч (два) повеќе, наместо да постигнуваме голови, ние примавме дури по два гола. Таман се доближиме на -3, бам, две минути за играч на Данска и ете ги со играч помалку +5. :rolleyes:

Борко супер што ги одбрани пеналите, но имаше и многу ситуации кога мораше да одбрани.

Па и данскиот голман каков сељак е.
 
Тенкиот ростер си го направи своето.
Не сме ние Данска па да имаме 2 тима подеднакво исти, кај нас отсуство на 1-2 играчи одма се чувствува, опаѓа нивото на играта, а и концентрацијата на играчите кога играат повеќе минути опаѓа. Рака на срце Обрван искористи голем број на играчи, ама од на лев бек нит голови дававме, нити пак левото крило можеше да добие асален пас (секој чест на Ојлески кој ги искористи 2-те шанси). За Кире се согласувам со повеќето од вас, едноставно процентот му е на 50% бидејќи нема кој друг да шутира во некој безидеен/пасивен напад. Злате направи цик-цак движење (ала Суарез) ама и шутот му беше ала Рамос, уште кога би знаел да глуми како Стерлинг, каде ќе му беше крајот :D
Сума сумарум, едноставно очекуван пораз од Данска, на двеве следни средби 50-50 ни се шансите, па ете, ако ги победиме, сигурно сме во наредна фаза.
 
После утакмицава кога ќе се погледне резултатот, и не е така лошо и мизерно. Лоша и мизерна беше играта. Пак го јадеме преку брз центар, пак се покажува егото на играчите. Што ќе ги чини да направат додатен пас до отворен играч. Од кај им доаѓа мислата "јас ќе ја закопам, па нек си ебе матер ". Многу пати имаа отворени крила, отворен пикер, и скоро сите ја бапкаа со противнички играч пред себе. Егоизам во тимски спорт со закон е забрането.

Мене ме чуди од кај научил Борко да брани пенали толку добро. Колку што се сеќавам, обично дупка беше за пенали и најчесто Диви влегуваше да ги брани.

За Злате и Манасков, сто пати пред мене е кажано. Кој го лажел Злате дека знае да игра ракомет :facepalm:?
 
Па добро му рекол.Очекувани беа реакциите кога го удрија в глава ама после на Ојлески што му се праваше Рамбо ? Или не смееше да му шутира околу глава ? Тука покажуваше сила дефинитивно без никаква потреба.

Доколку судијата процени дека играчот имал намера да го удри в глава се добива црвен,ама тука никаква намера немаа.

Паметам пред две години Лазаров доби црвен кога го погоди Штербик в глава а изведуваше седмерец.
 

А јас би им рекол: Самобендисани Скандинавци, ладни и неизмешани кои мислат дека само они се на врвот* и никој друг не смее да ги чепка. :D

*а тука и се во право, пошто се на врвот у многу категории... :unsure:

Туку ај, баш сакам сеа Рајн-Некар да се падне против Металург или Вардар во осминафинале ЛШ, па да дојде Ландин у Скопје и да осети шо му кажал Столе. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom