Дали знаете ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Ова тој лидерот на Буркина Фасо го има кажано, го глеам ми искача за да го гледам на јутуб.

Заборавив да напишам
 
images.jpgdddd.jpgb5106a904fe14d8d.jpeg

... Арон, синот на Роберт Де Ниро со моделот Туки Смит, постанал транс ќерка - Ајрин, со што Де Ниро не гледал ништо страшно дури ја подржувал таквата одлука, со што 81 год. Де Ниро отворено помагал во победата во културната борба против стигмата и изолацијата со кои се соочувале многумина во ЛГБТК+ заедницата, дека сржта на доброто родителство е едноставниот, моќен чин на прифаќање и сакање на своите деца токму онакви какви што се. :confused:

robert-de-niro-si-fiica-transgender.webp
 
Сега одеше емисија на ХРТ1 за Сладолед, еден улав швабо што праи сладоледи со кобасици, кебапи и што ти не...после испадна тема НАЈСКАП сладоледво светот, пред 2 години го измислиле во Јапан, 1 кугла= 6700$ !!!!!!!!!!!!!!!!
Патем, на крај на емисијата, сега баш прашаа како тоа албанците од Македонија го држат Монополот на сладолед во Хрватска, а не Италијаните, одговорот е дека од време на ехЈу, уште 60-тите се доселија сладоледџиите од кај нас на Хрватско приморје...а албанците од Косово ги држеле пекарите, а тие од Албанија такси со мерцедеси ...
 
Последно уредено:
661082374_122163991208954577_73894503863935192_n.jpg FGaEOaepAh-foto-ovaa-makedonka-bese-edna-od-omilenite-pejacki-vo-jugoslavija-a-se-povlece-na-...jpeg

Дали знаете дека вокалистката Љиљана на екс ЈУ група „Магазин“ имала потекло од Македонија по татко од с.Битуше?
нејзини најголемите хитови со групата Магазин се : „Тамара“, „Коколо“, „Пиши ми“, „Ти жеља мог живота“, „Три сам ти зиме шаптала име“ и многу други,

661450265_122163991148954577_8563597942018693598_n.jpg

Еве накратко што изјавил нејзиниот татко Боро од реканското село Битуше:

-Дојдовме во Македонија, во посета на мојот брат, кој беше на умирање, а кога се вративме во Сплит, не ни беше дозволено да влеземе во нашиот стан, бидејќи во него веќе беше вселен друг човек. Со години нашиот живот е како песната на Љиљана, ,,Пут путујем”, бидејќи живееме без постојана адреса.
Првин живеевме во Скопје, па потоа во Белград кај роднини на Вера, па во Америка, од таму пак во Македонија на село, во старата куќа на мајка ми, која ја делеа тројца браќа. Тоа не е живот! -раскажуваше таткото на Љиљана Николовска (61) за хрватските медиуми, во време кога траеше нивната голгота.


nUpRiD16qs-foto-ovaa-makedonka-bese-edna-od-omilenite-pejacki-vo-jugoslavija-a-se-povlece-na-...jpeg

Со само 19 години во 1983 година Љиљана стана вокалистка на групата Магазин, и токму со неа групата ја стекна најголемата популарност ширум Југославија. Со Магазин сними седум албуми, и ја напушти групата во 1990 година, селејќи се во Америка.
Нејзиниот татко Боро е од реканското село Битуше. Тој како воено лице заедно со мајката на Љиљана, Вера, се преселиле во Хрватска, а беа актуелни во јавноста поради 20-годишната правна битка за нивниот стан во Сплит, кој им беше одземен, и годините кои следуваа ги поминаа селејќи се во Скопје, во Битуше, во Белград.
Државата им го врати станот во 2012 година.


660451771_122163991262954577_5624755563018013161_n.jpg 7fpz25zniL-foto-ovaa-makedonka-bese-edna-od-omilenite-pejacki-vo-jugoslavija-a-se-povlece-na-...jpeg

Љиљана денес живеела со сопругот Пит Мазич и со синот Тони во Сан Педро. Таа во 1996 година го сними својот соло албум „Лет“, но не се врати на сцената. Неретко објавува фотографии од секојдневието во Америка, на кои се гледа дека е посветена на својата градина и на домашните миленици, а пред неколку години изјави дека не жали што заминала од групата во екот на популарноста. “

 
... како се прави катанец со клуч како занает со лични изработени делови во Индија!

 
Дали знаете,
дека Комуналните редари се овластени државни службеници во рамките на Одделението за комунални редари при Секторот Инспекторат на Град Скопје и нивна основна улога е превенција, контрола и санкционирање на прекршоците од областа на комуналниот ред, јавната чистота и животната средина.

Заштита на јавната чистота, спречување на фрлање смет и градежен шут на диви депонии или јавни површини, како и палење, закопување и уништување отпад.

Контрола на комуналниот ред, надзор над користењето на јавните простори (на пример, забрана за неовластена продажба на земјоделски производи на јавни површини).

Управување со отпад, санкционирање на несовесни граѓани и фирми кои ги оштетуваат контејнерите за отпад.

Изрекување на казни, имаат овластување да изрекуваат мандатни (лице в затек) казни на сите правни и физички лица кои не ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота и прописите на градот, дејствуваат преку редовни и вонредни патроли како во урбаните, така и во руралните делови на градот и работaт во координација со комуналните инспектори од повисок ранг и со полицијата, особено при поголеми прекршоци.

Контрола на јавната чистота, набљудување и санкционирање на физички и правни лица кои фрлаат смет, шут или отпадоци на несоодветни места надвор од контејнерите. Заштита на зелените површини, спречување на оштетување на паркови, парк-шуми, дрвореди и рекреативни зони.
Поставување предмети, контрола и отстранување на противправно поставени предмети на јавни површини (недозволено паркирање на зеленило, на тротоар, урбана опрема без дозвола).
Домашни миленици, надзор над условите и начинот на чување на домашни миленици и животни во дворни места и јавни површини.
... комуналните редари имаат законско право да го утврдат идентитетот на лицата кои прават прекршоци.
Изрекување казни, овластени се да составуваат записници и на самото место да изрекуваат мандатни (глоби) казни во висина од 50 евра (во денарска противвредност) за физички лица, односно од 2.000 до 3.000 евра за правни субјекти.
Електронска пошта (24 часа) со пријава на дива депонија, комунален проблем или паркирано возило на тротоар на официјалниот е-маил: 24@skopje.gov.mk.

Помошник раководител на Сектор Инспекторат: 02/3297-231 (Е-пошта: Marija.Chukikj@skopje.gov.mk)

Лице за контакт со граѓани во Инспекторатот: 02/3297-360 (Е-пошта: gragjani@skopje.gov.mk)

Одделение за комунална инспекција: 02/3297-256 (Е-пошта на раководителот: Ljube.Stojkovski@skopje.gov.mk)

Е-пошта на Одделението за комунални редари: Selvija.Erkecova@skopje.gov.mk (Раководител Селвија Еркечова)

Централа на Град Скопје: 02/3297-204
за итен проблем со јавна хигиена и фрлање смет, може и до ЈП Комунална хигиена - Скопје на дежурниот телефон 02/3224-961
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom