Дали знаете да се шегувате на сопствена сметка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Многу нормално дека знам да се шегувам, сигурно нема само на туѓа.
 
Дали знам?
Да, само не кажувам.

...а знаете ли колку деца у школо не одговараат, а најчесто го знаат одговорот?
Озбилно.
 
хехехе у принцип гледам секој момнент да насмеам накој и да расположам.. се смеам на сметка на други личности али кога ке дојде рад за мене не одбивам каква и да е шала.. нели кога веќе сакаш некој да заебаваш нормално е дека ке ти дојде редот и тебе да те заебаваат и нема лутиш.. така и ова.. коа знаеш да се смееш на туѓа сметка ке се смееш и на соопствена и то је то.. и не ми пречи воопшто :pipi:
 
Да знам.Чим се шегувам на друга сметка знам да се шегувам и на моја.
 
Даааа...и не гледам причина зошто да не се шалам на своја сметка или пак да не прифаќам шали...фала Богу има и многу луѓе што ти кажуваат се на `шала` ама и со нив знам да се `нашалам` во иста мера, сепак на своја сметка ми е нај, зш ем ги насмееш луѓето ем знаеш дека никого не си навредил :smir:
 
Многу ми е смешна ситуацијава: кога се шегуваш на туѓа сметка (без злобни намери), соговорникот може да се навреди, демек зошто така зборуваш за него. И ај, си мислиш си ја научил лекцијата, ќе бидеш повнимателен за наредниот пат. Кога, наредниот пат, ја кажуваш истата шега, но ете, на сопствена сметка (поучен од „грешките“), и ПАК те погледнуваат попреку, демек „како можеш така да речеш за себе, мразам луѓе кои не се почитуваат самите (или штознам што)“... Човече, затоа се нарекува „ШЕГА“, зашто не го мислам тоа сериозно.:tapp:
 
хммм...Секако знам да се шегувам:))
Искрено мн.сакам да се шегувам на туѓа сметка..Едноставно некои постапки на луѓето ми даваат инспирација за ‘‘заебавање‘‘!
Ама колку што знам да се шегувам на туѓа, толку и се шегувам и на моја сметка...и баШ е интересен светет на шегите:baeh: лал
 
Само интелегентните се шегуваат на своја сметка. Оние кои немислат така немаат врска од хумор.
 
Дааааа, многу често правам шеги на моја сметка, што понекогаш и ме нервира...
 
Да се бијам со шегата и на моја сметка, обично почнувам со себе па потоа и со другите :)
 
Многу често го праам тоа. У друштво на пример, ако почне некој муабет за тебе и сите ти се смеат, а ти покажеш знаци на слабост (нервоза) упорно ќе продолжат да те заебаваат и нервираат. А доколку у истиот случај и ти се смееш со нив, и дури додадеш уште нешто интересно, ќе се смеат уште малце и брзо ќе заборават. Еден вид одбранбен механизам.
 
Па да.. знам и да направам шега на моја сметка.. зашо да не:icon_bigg:icon_bigg
Ии прифаќам шегии.. не се лутам:wink: Но, кога ке претераат малце поише.. знам и да се подналутам.. али брзо поминува:icon_bigg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom