Сосема е јасно дека сум и јас дел од нетот,како и тој од мојот живот. Но,има една чудна работа која не ми бешее јасна.
Пред да дојдам на Кајгана,членував на еден форум,на кој добив толку многу навреди,што почнав да ги доживувам лично и болно.
Влегов на Кајгана и сватив дека всушност, луѓето на тој форум немале основна култура на однесување во нет-просторот.
И да,интернетот е простор,место,на кое се среќаваме, запознаваме, под некои други имиња,но позади нив стоиме ние и нашиот персоналитет (освен кај тн. сајбер-пациенти).Доколку имаме култура во однесувањето и ги почитуваме правилата на однесување во тој простор,тој е пријатно место за дружење,како било кое кафуле во градов.Што е најважно - пошироко од градов!
Многу ми е драго што ја пронајдов Кајгана и сите луѓе во неа,без оглед на возраста.Ми покажаа дека има луѓе кои точно знаат што е тоа сајбер-свет!Кои точно знаат како во него да се однесуваат и кои се културни и од дома воспитани,пред се!!! Лав ју ол.