Дали живееш Сајбер-живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Aceva напиша:
Тупни му една васпитна. И од мене. Па нек ми стаи црвено. :)

Добар предлог. Нека види првоборец како мава заушки :)
Финтата е што на него не му пречи тоашто сме воделе дискусија на форум, сме разменувале мислења, сваќања... туку вика "ти не си ми другар". Или пак не дај боже да му мавнам сеир на форум или на друго место on the net... Ќе полуди.
 
па да ви кажам колку не ме интересира другите што ќе ми кажат само јас си знам каков сум и така да не се замарам тоа е нивно мислење и така нека им остане
 
Делам мислење со Ацева ... стојам зад све тоа што го имам напишано тука или на мсн или мирц (иако скоро не ги ни користам во последно време). Така да не живеам некој виртуелен живот дека тука сум каква што сум во живо и го кажувам секогаш тоа што го мислам. Работата ми е цел ден на компјутер, па така да тепам време со форумџии наместо во кафич со друштво ... понекогаш мислам дека е сосема исто ... и тука интересно и на кафе интересно ... плус познавам доста луѓе, па едноставно све ова го рачунам како начин на општа комуникација, што и е. Е сега, неможе да ме навреди многу некој непознат ако ми се закара затоа што знам дека е некој психо кој без да ме знае ми се истура (велам психо затоа што неможе тоа нормален и разумен човек да го стори), а кога би ме запознал би се понашал сосема поинаку. Не дека нема да ме пецне воопшто, ама нема да ме навреди како што би ме навредило и нанервирало доколку е кажано и сторено во живо.
 
Нормално дека има ефект, јас лично скоро и никогаш за ништо не сум излажал на интернет (некоја ситна шега со другарче на кратко, тое е се). Се знам со многу луѓе (лично) баш од на интернет, иситите овие пријатели после подолго муабетење онлине кога ме запознаеле во живо коментарот им бил следен: "Леле ист си како на нет така во живо" (мислат на карактерски дека сум ист). Такада доколку некој од овие познаници би ми "рекле" (напишале на нет) нешто што ме навредува нормално дека ке се накурчам, наљутам, а богами и убаво искарам за истото. :pishtoldz
 
Јас сум на нет бидејќи тука во Германијава немам со кого да дискутирам на мајчин јазик а и германциве не се до толку зборливи. Инаку кој сум во реалност тоа сум и на нет. На моменти се зафркавам , некогаш фаќам сеир , ама некогап влагам и во тешки филозофии, нормално секогап со почит кон тој со кого дискутирам и се обидувам нког намерно да не навредам, ако нечто се протне како навреда да знаете дека не било тоа намерно, акој не ме почитува и ме навредува и на нет и во реалност го игнорирам, бидејќи немам намера да си трошам нерви на секакви расправии.
Шеги на моја сметка примам воколку тој што ја смислил шегата е спремен и тој да прими шега на негова сметка.
Искрено луѓето со кои се спријателив на форумов многу би сакал да ги дружам и во реалност (со некои веќе и се дружев кога бев во Скопје) инаку ако друштво ме викне надвор па макар било тоа и за денгубење и праѕни муабети веднаш прифаќам и оставам и интернет и форум и мирц и МСН и јаху бидејќи мене ми е поубаво кога се дружам со луѓето во 4 очи отколку на нет , ама бидејќи сега не сум во можност така да мора вака да се друшкаме во сајбер просторот.
 
divine напиша:
Делам мислење со Ацева ... стојам зад све тоа што го имам напишано тука или на мсн или мирц (иако скоро не ги ни користам во последно време). Така да не живеам некој виртуелен живот дека тука сум каква што сум во живо и го кажувам секогаш тоа што го мислам. Работата ми е цел ден на компјутер, па така да тепам време со форумџии наместо во кафич со друштво ... понекогаш мислам дека е сосема исто ... и тука интересно и на кафе интересно ... плус познавам доста луѓе, па едноставно све ова го рачунам како начин на општа комуникација, што и е. Е сега, неможе да ме навреди многу некој непознат ако ми се закара затоа што знам дека е некој психо кој без да ме знае ми се истура (велам психо затоа што неможе тоа нормален и разумен човек да го стори), а кога би ме запознал би се понашал сосема поинаку. Не дека нема да ме пецне воопшто, ама нема да ме навреди како што би ме навредило и нанервирало доколку е кажано и сторено во живо.

Зборуваш од администраторско ниво :)
Што ако налетам на некој канал на ирц, кадешто си обичен гостин, без да те знам и познавам, те опцујам све поблиску и подалечно, те наречам неколку погрдни зборови (да не демонстрирам сеа), и си одам.
Ќе ме памтиш по ник? Ќе "тргнеш" по мене да се реваншираш? Ќе му кажеш на некој "поголем" другар да ме "истепа" (истепа во наводници бидејќи не мислам на вистинско тепање, туку на нет одмазда)?
 
divine напиша:
Е сега, неможе да ме навреди многу некој непознат ако ми се закара затоа што знам дека е некој психо кој без да ме знае ми се истура (велам психо затоа што неможе тоа нормален и разумен човек да го стори), а кога би ме запознал би се понашал сосема поинаку. Не дека нема да ме пецне воопшто, ама нема да ме навреди како што би ме навредило и нанервирало доколку е кажано и сторено во живо.

Princ напиша:
Зборуваш од администраторско ниво :)
Што ако налетам на некој канал на ирц, кадешто си обичен гостин, без да те знам и познавам, те опцујам све поблиску и подалечно, те наречам неколку погрдни зборови (да не демонстрирам сеа), и си одам.
Ќе ме памтиш по ник? Ќе "тргнеш" по мене да се реваншираш? Ќе му кажеш на некој "поголем" другар да ме "истепа" (истепа во наводници бидејќи не мислам на вистинско тепање, туку на нет одмазда)?

Па ете ти има напишано во својот пост што ти го цитираш баш за ова ти што прашуваш. :icon_lol:

Иначе и јас исто мислам, нема шанси некој што не ме познава да ме "чепне" некаде... т.е. да погоди нерв... па јас да сум "приморан" да превземам некои интервенции.... т.е. да му се пожалам на некој поголем другар да го истепа. :icon_lol:
 
со оглед на тоа што интернетот ми е 24часовен јас водам сајбер живот меѓутоа нема да ме навреди ако некој што не го познавам каже нешто лошо за мене,мислам како да замерувам на некој кој не ме ни познава и обратно,е сега ако е некој со кој подолго комуницирам е тогаш да се лутам и не ми е сеедно
 
Сосема е јасно дека сум и јас дел од нетот,како и тој од мојот живот. Но,има една чудна работа која не ми бешее јасна.
Пред да дојдам на Кајгана,членував на еден форум,на кој добив толку многу навреди,што почнав да ги доживувам лично и болно.
Влегов на Кајгана и сватив дека всушност, луѓето на тој форум немале основна култура на однесување во нет-просторот.
И да,интернетот е простор,место,на кое се среќаваме, запознаваме, под некои други имиња,но позади нив стоиме ние и нашиот персоналитет (освен кај тн. сајбер-пациенти).Доколку имаме култура во однесувањето и ги почитуваме правилата на однесување во тој простор,тој е пријатно место за дружење,како било кое кафуле во градов.Што е најважно - пошироко од градов! :)

Многу ми е драго што ја пронајдов Кајгана и сите луѓе во неа,без оглед на возраста.Ми покажаа дека има луѓе кои точно знаат што е тоа сајбер-свет!Кои точно знаат како во него да се однесуваат и кои се културни и од дома воспитани,пред се!!! Лав ју ол.:)
 
па да кајгана е одлично место за да спознаеш нови луѓе виртуелно, а подоцна и можеби во живо. Искрено имам голем респект кој форумов како големо место каде што секој може да си го искаже своето мислење.
 
bibika напиша:
Сосема е јасно дека сум и јас дел од нетот,како и тој од мојот живот. Но,има една чудна работа која не ми бешее јасна.
Пред да дојдам на Кајгана,членував на еден форум,на кој добив толку многу навреди,што почнав да ги доживувам лично и болно.
Влегов на Кајгана и сватив дека всушност, луѓето на тој форум немале основна култура на однесување во нет-просторот.
И да,интернетот е простор,место,на кое се среќаваме, запознаваме, под некои други имиња,но позади нив стоиме ние и нашиот персоналитет (освен кај тн. сајбер-пациенти).Доколку имаме култура во однесувањето и ги почитуваме правилата на однесување во тој простор,тој е пријатно место за дружење,како било кое кафуле во градов.Што е најважно - пошироко од градов! :)

Многу ми е драго што ја пронајдов Кајгана и сите луѓе во неа,без оглед на возраста.Ми покажаа дека има луѓе кои точно знаат што е тоа сајбер-свет!Кои точно знаат како во него да се однесуваат и кои се културни и од дома воспитани,пред се!!! Лав ју ол.:)

Ти премногу се соживуаш со сајбер животот, тоа ме нервира и затоа некоаш ми иде да ти удрам една! Незнаеш да си ја дрвиш и да си уживаш туку мора да навлезеш насекаде и да замешаш прсти! :) :bip:

Инаку за мене шознам, ваљда и јас живеам сајбер живот ама не се потресувам толку како тоа шо го прават некои.
 
Prasajte me dali ziveam realen zivot.Ne znam so se desi ali virtuelniot mi go preklopi realniot zivot taka da se se spoi,virtualniot mi e realen i obratno
 
vardarce напиша:
Ти премногу се соживуаш со сајбер животот, тоа ме нервира и затоа некоаш ми иде да ти удрам една! Незнаеш да си ја дрвиш и да си уживаш туку мора да навлезеш насекаде и да замешаш прсти! :) :bip:

Инаку за мене шознам, ваљда и јас живеам сајбер живот ама не се потресувам толку како тоа шо го прават некои.

Нема да влегувам во долги коментари,а знаеш дека ќе те отрујам ако решам да ти одговорам.
Затоа само една мала напомена: ОЈ до комшии,влези у подрум и сети се кој дрви,кој не!!! :pishtoldz
 
Да му цркне на комшијата козата.
 
Princ напиша:
Зборуваш од администраторско ниво :)
Што ако налетам на некој канал на ирц, кадешто си обичен гостин, без да те знам и познавам, те опцујам све поблиску и подалечно, те наречам неколку погрдни зборови (да не демонстрирам сеа), и си одам.
Ќе ме памтиш по ник? Ќе "тргнеш" по мене да се реваншираш? Ќе му кажеш на некој "поголем" другар да ме "истепа" (истепа во наводници бидејќи не мислам на вистинско тепање, туку на нет одмазда)?

Прво: Не зборувам од администраторско ниво затоа што не сум админ на цел интернет и не го сваќам тоа како да сум го достигнала максимумот во животот. И покрај тоа што сум админ (барем тука на форумов) никому ради лична навреда не сум ја покажала мојата "моќ" ако е преку пп, а и јавно на форум толерирам многу покрај тоа што за сите важи нема навреди нели?
Второ: За мирц канал или било кој друг начин на комуницирање преку нет, нели пишав погоре ... што не разбра од тоа? Ај пак да си кажам за сваки случај ... неможе да се уклучи некој непознат и да ме пцуе и вреѓа па да ми достигне некое ниво нервозата за да се опседнам со него и да го кажам на поголем другар или било која друга осветничка работа да му ја спремам ... мислам хелоу!:lud: Тоа го може само детиште заглавено на нет по 24 часа кое од потсвесна сафра нема што да прави па се р'чка со секој некој ... а за такви искрено, жал ми е да се нервирам ... еми краток е животов за да си го арчиме безвезе:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom