Дали хуманоста е преценета?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Убав е муабетот, ви го читам деноиве, само мислам дека малку се промашени термините. Она кое ви го дискутирате се вика хуманитарност и таа се сложувам дека е преценета. Хуманоста од друга страна е токму потценета. Толку моќна алатка на човековата свест за подбар живот, а толку извртена и изманипулирана, што во модерниот дваеспрви, некој може да те изедначи со луд. :zid:

Кој е тука лудиот уствари?! :lud:

И јас ова сакав да прашам,дали се свесни луѓето за шо дискутират прво и прво?

Темата не е ХУМАНИТАРНОСТ.
 
И јас ова сакав да прашам,дали се свесни луѓето за шо дискутират прво и прво?

Темата не е ХУМАНИТАРНОСТ.
Еве неколку примери конфликтни региони во африка:
Афричката популација е комјутерски неписмена , поради глобалното затоплување се повеќе региони стануваат пустина, не можат сами да се прехранат, не можат да најдат работа, поради неписменоста избираат налудничави водачи или стануваат топовско месо во некоја радикална групација.Овие луѓе секојдневно страдаат од разни болести, напаѓанисе од радикални групи кои редовно силуват и убиваат и во постојан страв, или пак едвај преживуваат. Овие луѓе не можат да бидат инкорпорирани во модерното општество поради нивната неедуцираност едиснстврено што им преостанува е да се бават со проституција, да бидат донори на органи или пак да се бават со криминал кој задава главоболки на општеството во кое живеат.
Додека хуманитарните организации во името на хуманоста само ги одржуваат во живот и не дозволуваат да се намали бројката која е во константен пораст на сиромашни,неедуцирани и лесни за манипулирање луѓе кои не ретко завршуват во западна европа и во истио тој циклус на страв како бело робје

Мене ми звучи како полесно решение е да се остави природата да го завземе својот природен пат(то ест хуманитарните оргазнизации да прекинат да ги ранат овие луѓе).
Вие?
Дали за вас хуманоста е преценета

едитирано од модератор: внимавајте на екстремноста на изјавите и гледајте да бидат у рамка на човечки и законски соодветно.

Очигледно авторот на темава мисли поинаку. Значи доста се подјебавате со терминологија и назад на темата.

т.е. ако уште ви се праи муабет. Досеа разочарувачки тече дискусијава.
 
А каква точно е разликата меѓу хуманитарност и хуманост? Зборуваме за хуманост,а во воведот на темата се наведени Африка и хуманитарните организации кои наводно ги спасувале од глад и со тоа ја продолжувале наводната агонија на `дивјаците` од Африка...

Ако беше воведот за личното чувство на хуманост (а не е)...тоа е индивидуално прашање и зависи од многу фактори пред се како се развивала личноста и какви погледи има на луѓето околу себе,пред се на оние на кои им е потребна помош (во случај да може да помогне)...
Хуманоста,алтруизмот и идеализмот врв на човековата умствена еволуција и чекор напред кој дефинитивно не дели од животињите.Прашање е како и колку
хуманоста постои во реалноста и колку се манифестира...
Лично не сум убеден дека постои такво нешто иако секогаш има луѓе кои сакаат да помогнат...за жал таквите се многу малку...
 
Еве неколку примери конфликтни региони во африка:
Афричката популација е комјутерски неписмена , поради глобалното затоплување се повеќе региони стануваат пустина, не можат сами да се прехранат, не можат да најдат работа, поради неписменоста избираат налудничави водачи или стануваат топовско месо во некоја радикална групација.Овие луѓе секојдневно страдаат од разни болести, напаѓанисе од радикални групи кои редовно силуват и убиваат и во постојан страв, или пак едвај преживуваат. Овие луѓе не можат да бидат инкорпорирани во модерното општество поради нивната неедуцираност едиснстврено што им преостанува е да се бават со проституција, да бидат донори на органи или пак да се бават со криминал кој задава главоболки на општеството во кое живеат.
Додека хуманитарните организации во името на хуманоста само ги одржуваат во живот и не дозволуваат да се намали бројката која е во константен пораст на сиромашни,неедуцирани и лесни за манипулирање луѓе кои не ретко завршуват во западна европа и во истио тој циклус на страв како бело робје

Мене ми звучи како полесно решение е да се остави природата да го завземе својот природен пат(то ест хуманитарните оргазнизации да прекинат да ги ранат овие луѓе).
Вие?
Дали за вас хуманоста е преценета

Тоа всушност е мач со две острици, на еден начин им помагаш на еден им одмагаш. Никогаш нема да дознаеш кој е правиот начин, реално гледано да им дадеш храна да преживеат, имаат некакви шанси, него да ги оставиш да испоумрат. Никогаш незнаеш како ќе се свртат работите.
 
Очигледно авторот на темава мисли поинаку. Значи доста се подјебавате со терминологија и назад на темата
-------------------------
А каква точно е разликата меѓу хуманитарност и хуманост? Зборуваме за хуманост,а во воведот на темата се наведени Африка и хуманитарните организации кои наводно ги спасувале од глад и со тоа ја продолжувале наводната агонија на `дивјаците` од Африка...
Авторот како ги разбира термините е негов проблем, што тие значат е друго.

Хуманитарците за кои марсовка зборува, и сама има напишано, подобро е да ја остават земјата да си ја заврши работата, што таа порано или подоцна секако ќе го стори. Мислите дека се залудни вековните муабети за апокалипса? Не треба да си генијалец да видиш дека ние сме вирус на земјата и ќе бидеме истребени ако не смениме нешто во нашиот однос кон неа.

А за дебатирање на темата и немаме многу. Единствено можеме да го правиме тоа, ако дојде пак некој од оние “малоумни сезнајковци“ кои сметаат дека начинот на кој функционираме сега и законите на модерното време да ги изедначи со врвот на развитокот на човештвото. :lud:

Хуманост во име на хуманитарност е само материјал за холивудски блокбастер. Оние луѓе кои вистински се грижат и искрено сакаат да помогнат не се во “бизнисот“ на хуманитарците, го образложивте убаво поназад. И не знам зошто бизнис го ставив во наводници, јасно е дека е токму тоа. Луѓе кои се хумани а не се хуманитарци од друга страна немаат апсолутно никаква моќ да сменат нешто. Тоа се речиси редовно луѓе кои немаат богатства од милијарди па реално и не можат да помогнат, колку и да сакаат. Луѓето кои можат да помогнат, своето богатство сигурно веќе го стекнале со повредување други луѓе, па смешно е од нив да чекаме да сторат нешто.

Во моменталната ситуација која се наоѓаме, и општеството во кое живееме мислам и дека нема потреба од хуманост бидејќи очигледно е дека не сме способни да сочуствуваме. Секоја им чест на скандинавците каде со закон е пропишано дека мора да има доволно средства за помагање на симошаните, што би се рекло свеста на тие луѓе е на доволно високо ниво да не остават никого на улица, а да не мора да си ја мачат душата со хуманост, тоа го завршуваат со примањето на платата знаејќи дека дел од неа веќе е отиден на вистинско место и немаат проблем со тоа.

Сеедно, глобално, она кое ни недостасува е голема катастрофа. Океј, претерувам, само нешто мора да не поттикне да сфатиме сите заедно дека начинот на кој функционираме е тотално неправилен. Човештвото не се движи напред, бидејќи берзата не е она кое не движи напред, туку духовноста. А таа се повеќе ја губиме, ладни сме и незаинтересирани. Седиме пред монитор по цели денови заборавајќи како изгледа сонце, а туѓите очи се помалку имаме сила да ги гледаме подолго од три секунди. И нормално дека е така, бидејќи преку нив ќе видиме колку сме мизерни ние и ќе се засрамиме од своите мисли и од своето однесување.
 
Треба да се биде хуман и на секому да му се помогне (колко можеме де), и не треба да се оставаат на цедило луѓето.(африканците, а и други луѓе кои не се наведени)

Не треба да бидат оставени и тоа филмот за природна селекција као демек.
Земјотресот во Скопје 1963 - ќе го земеме како пример. Замислете си ако никој ни немаше помагано какво ќе беше Скопје денес.

Секој човек на човек му е брат.

Инаку за хуманитарните организации имам некое сумливо мислење но не е битно.
 
.

Во моменталната ситуација која се наоѓаме, и општеството во кое живееме мислам и дека нема потреба од хуманост бидејќи очигледно е дека не сме способни да сочуствуваме.

Има луѓе кои се способни за тоа,а тоа е едноставно да станеш друга,личност за момент да ги разгледаш работите од негова перспектива,како тој се осеќа....има луѓе способни за тоа.

јас конкретно се држам до меѓучовечките односи,нормално без материјален интерес,ако некој ми направи добро три пати ќе му вратам,а тие што ми прават зло-ги оставам...умот да им го видат.А да наштетам некому...не вреди време да губам за таква подла постапка.

но мојата хуманост лично има граница,тоа е кога станува збор конкретно за мојата обврска кон нашиот народ,значи имам група со која се идентификувам и ќе ги штитам нејзините интереси до екстрем.

не да продавам лажен патриотизам,не сум националист туку релативно либерален,но...да ми дојде некој од надвор и да ми кажува кое писмо и јазик ми треба...да силува жени..и да малтретира-мојот одговор е логичен и овде не станува збор за право на одбрана туку за обврска .

ете ова се однесува конкретно за мене лично,инаку во други случаи не би направил штета(освен ако сум дрво пијан...ме фаќаат психите:vozbud: иам лошо пијанство) и затоа не пијам уште од средно.

марсовка ги спомна организациите,имаат придонес,лошо е да се негира нивниот удел...но секако има и такви кои ќарат..поточно бизнис...ама тукатер даде пример за навистина хуманитарни организации кои треба да бидат репер за другите.
 
Изјава од Виктор Франкл кој го преживеал пеколот на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц :

`Ние кои бевме во концентрационите логори секогаш се сеќаваме на некои луѓе кои со последни сили се движеа наоколу тешејќи и охрабрувајќи ги другите логораши,често давајќи го последното парче леб на друг...
Можеби таквите беа малку на број но тие ги сметам за конечен доказ дека се можат да ни одземат, освен една работа - последната човекова слобода, да се избере начинот на однесување и ставот кон животот и другите луѓе...да се одбере својот пат макар соочени со креамториумот...`
 
Зборуваме за денешната хуманост, а не за хуманоста во време на војна!
 
Зборуваме за денешната хуманост, а не за хуманоста во време на војна!

Грешка си малце...и денес има војни.

Примерот кој го посочи тукатер е од лице кое го преживеало аушвиц...истото тврди дека има луѓе кои и покрај страдањата,малтретирањата и крематориумот сепак бирале хуманост и си помагале едни на други.

П.С побарај слики од аушвиц па ќе видиш за што станува збор.
 
Дали хуманоста е преценета?

Еве пример ....200 000 бегалци(љоч) примаме од косово , ги раниме им дадовме засолниште ..ги спасивме од колење и масакри.....а тие по две години ни се заблагодарија со војна:toe:
 
Грешка си малце...и денес има војни.

Примерот кој го посочи тукатер е од лице кое го преживеало аушвиц...истото тврди дека има луѓе кои и покрај страдањата,малтретирањата и крематориумот сепак бирале хуманост и си помагале едни на други.

П.С побарај слики од аушвиц па ќе видиш за што станува збор.

Јас не реков дека денес нема војни, туку дека хуманоста Е преценета.
Кога беше војната Косово во Мак избегаа 200-300 илјади косовци т.е. ние ги примивме, а после ни вратија со војна 2001год
Велам нема хуманост туку само интереси.
 
Колку си сигурен дека беа истите тие?

Е сега имало и по некој косовар ама мнозината беа од Македонија.
 
Колку си сигурен дека беа истите тие?

Е сега имало и по некој косовар ама мнозината беа од Македонија.

Напротив, токму косоварите беа најголемиот проблем. Ама не е тоа поентата, тие беа само луѓе, изманипулирани да одат да убиваат други луѓе. Прости луѓе. Како што и македонците беа прости, безброј пати кога беа изманипулирани од политичарите. Хуманоста нема никаква врска со тој муабет.
 
Подобро кажано не може да биде.

Зборуваме за денешната хуманост, а не за хуманоста во време на војна!

ма нема врска...биле во логор...на тортура-и пак човечкото останало во нив!!!

тоа е важно.
 
Back
На врв Bottom