Очигледно авторот на темава мисли поинаку. Значи доста се подјебавате со терминологија и назад на темата
-------------------------
А каква точно е разликата меѓу хуманитарност и хуманост? Зборуваме за хуманост,а во воведот на темата се наведени Африка и хуманитарните организации кои наводно ги спасувале од глад и со тоа ја продолжувале наводната агонија на `дивјаците` од Африка...
Авторот како ги разбира термините е негов проблем, што тие значат е друго.
Хуманитарците за кои марсовка зборува, и сама има напишано, подобро е да ја остават земјата да си ја заврши работата, што таа порано или подоцна секако ќе го стори. Мислите дека се залудни вековните муабети за апокалипса? Не треба да си генијалец да видиш дека ние сме вирус на земјата и ќе бидеме истребени ако не смениме нешто во нашиот однос кон неа.
А за дебатирање на темата и немаме многу. Единствено можеме да го правиме тоа, ако дојде пак некој од оние “малоумни сезнајковци“ кои сметаат дека начинот на кој функционираме сега и законите на модерното време да ги изедначи со врвот на развитокот на човештвото. :lud:
Хуманост во име на хуманитарност е само материјал за холивудски блокбастер. Оние луѓе кои вистински се грижат и искрено сакаат да помогнат не се во “бизнисот“ на хуманитарците, го образложивте убаво поназад. И не знам зошто бизнис го ставив во наводници, јасно е дека е токму тоа. Луѓе кои се хумани а не се хуманитарци од друга страна немаат апсолутно никаква моќ да сменат нешто. Тоа се речиси редовно луѓе кои немаат богатства од милијарди па реално и не можат да помогнат, колку и да сакаат. Луѓето кои можат да помогнат, своето богатство сигурно веќе го стекнале со повредување други луѓе, па смешно е од нив да чекаме да сторат нешто.
Во моменталната ситуација која се наоѓаме, и општеството во кое живееме мислам и дека нема потреба од хуманост бидејќи очигледно е дека не сме способни да сочуствуваме. Секоја им чест на скандинавците каде со закон е пропишано дека мора да има доволно средства за помагање на симошаните, што би се рекло свеста на тие луѓе е на доволно високо ниво да не остават никого на улица, а да не мора да си ја мачат душата со хуманост, тоа го завршуваат со примањето на платата знаејќи дека дел од неа веќе е отиден на вистинско место и немаат проблем со тоа.
Сеедно, глобално, она кое ни недостасува е голема катастрофа. Океј, претерувам, само нешто мора да не поттикне да сфатиме сите заедно дека начинот на кој функционираме е тотално неправилен. Човештвото не се движи напред, бидејќи берзата не е она кое не движи напред, туку духовноста. А таа се повеќе ја губиме, ладни сме и незаинтересирани. Седиме пред монитор по цели денови заборавајќи како изгледа сонце, а туѓите очи се помалку имаме сила да ги гледаме подолго од три секунди. И нормално дека е така, бидејќи преку нив ќе видиме колку сме мизерни ние и ќе се засрамиме од своите мисли и од своето однесување.