Дали вреди?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Локација
Prilep
Еве веќе неколку дена во Прилеп напаѓаат инспектори по сите приватници и пишуваат казни за безвеза од по 3,5 па и 10 илјади евра(алооооо), не ми е јасно како планираат ова политичариве да одиме напред кога се гледа дека масовно го ништат стопанството.
Добро дали имаат ум во главата дека една обична кафана, продавница, бурекчилница и слично не може да оствари профит од олку илјади евра во текот на целата година?? Па уште ги затвораат по 30дена...
Луѓево веќе не знаат кој крај да го фатат у пм за една фискална сметка добиваш инфаркт или мозочен удар, едно мора пошто пари да ги подмират обврските према државата немаат.

Алооо дали вреди???
 
Се разбира дека вреди, мора да има некој ред. Ама работата е што овие казните се заради очаен недостиг на средства во буџетот и има огромна селективност по разни основи, најмногу болат партиската и етничко/географската селекција.
 
Еве веќе неколку дена во Прилеп напаѓаат инспектори по сите приватници и пишуваат казни за безвеза од по 3,5 па и 10 илјади евра(алооооо), не ми е јасно како планираат ова политичариве да одиме напред кога се гледа дека масовно го ништат стопанството.
Добро дали имаат ум во главата дека една обична кафана, продавница, бурекчилница и слично не може да оствари профит од олку илјади евра во текот на целата година?? Па уште ги затвораат по 30дена...
Луѓево веќе не знаат кој крај да го фатат у пм за една фискална сметка добиваш инфаркт или мозочен удар, едно мора пошто пари да ги подмират обврските према државата немаат.

Алооо дали вреди???
Е шо е тоа безвеза? Мора да има некоја причина поради која ја лапнале казната.
 
Абе луѓе тоа вреди ама треба да се има во обзир дека мала и голема фирма не можат да плаќаат исти казни, туку проценти од приходите, а сите знаеме дека неправилности во работењето најмногу има во големите фирми
 
а да кажеш што конкретно се дешава? како може за ништо да ти опали некој казна 10 000 евра?
 
Јас мислам дека не вреди
 
да бе стварно балче балче го затворија а бапнал флаер „ се реновира “ :pos:
 
Првиот проблем е што инспекторите се неспособни за дејноста што ја извршуваат,вториот проблем е што имаат месечна квота на казнети фирми и третиот проблем е што политизираните фирми не се контролираат.
Од една страна имаш неписмен инспектор кој мора да казни некој а од друга страна имаш недопирливи партиски фирми како конкуренција.Е сега,јас како бизнисмен треба да опстанам во тие услови.
Вистина е дека државниот буџет е хронично празен па со вакви акции го дополнуваат за да прикрпат додека се земе некој кредит за да може да се дели плата по пренатрупаната администрација.
Се додека не се намалат административците лошо ќе биде за сите граѓани.
 
Да има казни ама не да банкротираат туку да им ја подбутне свеста да ја стават државата во ред.
 
Jas imam samo nesto da dodadam deka se nenormalni so tie kazni
 
да бе стварно балче балче го затворија а бапнал флаер „ се реновира “ :pos:

Извини, не разбрав. Зошто паѓаш од смеење? Јас имам видено вистинско реновирање додека и помине рокот на пломбата, а тоа навистина те тера на смеење од мака. Но не верувам дека се работи за истото во твојот случај затоа не ми е јасно зошто се смееш?
А гледам прашувате кој бил прекршокот што бил казнет со 10 000 евра. Па дали може да има таков прекршок што ќе чини толку многу??? Во продавничките, сендвичарите и бутичињата во кои се случува тоа? Во една ваква сиромашна земја чии жители едвај врзуваат кредит со кредит, затоа што не можат плата со плата??? Јас барем не знам за казна под 3 000, а тоа е навистина идиотизам! Добро, не ги рачунам тука казните по 50 евра што беа за пикавци и слични тракатанци. Треба да се казнуваат неправилности, но државата треба да знае колку може да поднесе народот. Многу подобро би било ако има прифатливо нормални казни, кои ем ќе може да ги плаќаме, ем ќе зема нешто државата. Наместо тоа, таа свесно не турка во пропаст и се изживува со нас.
Многу можам да пишувам на оваа тема од лични искуства, но ќе се пренервирам, па ќе прекинам превентивно.

п.с. Заборавив да прашам... што поточно прашува авторот на темава? Дали вреди да се работи приватно или?
 
Не е само Прилеп во прашање секаде забегано (освен Тетово, Гостивар, Дебар, Чаир, Гази Баба и слични).
Државата нема пари и се собира од, бензин, казни сообраќајни и од инспекции, даноци за непотребни работи, купување на веќе купен двор.......
Народов е при крај со нервите, напнато е до коска и незнам што ќе биде во скоро време ама не е добро работата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom