Дали вреди да се биде добар?

Па немаме некој голем избор, нели? Мислам, или сме добри или не сме. Добрината и лошотијата се едни од основните човечки карактеристики,кои се градат цел живот и не се менуваат како чорапи. Само во вакви времиња е многу тешко да се зачуваат маските на добрина, чесност и човештина, па мнозина си го покажуваат грдиот сурат на виделина. Вреди да бидеме она што сме, па што сака нека биде тоа.
 
Не вреди , како што не вреди ништо у овој момент , ама е пожелна работа да се биде добар .
 
Не можеш да бидеш добар кога никој не го покажува вистинското лице...
 
dobar???? tesko...vo ovoj svet....tesko....
 
Kako moze da vredi da se bide dobar koga sekogas te iskoristuvaat poradi tvojta dobrina....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Eдно големо ЈОК ! Која е поената ? Ќе направиш 10 добри работи , ќе добиеш неколку насмевки или 2-3 "Фaла" и за кратко време одеш у забораф .. напрај една лоша работа и сите ќе те запаметат и ќе те паметат долго време ..
Нема поента да бидеш добар ..
Ќе му понудиш на некој помош или ќе му завршиш услуга , за на крај да те искористи твојата доброст ..
Мислам дека само наивци можат да бидат добри во сегашно време ..
 
Чиста десетка за одговорот.Тоа е вистината.:toe:
 
Чиста нула за одговорот, тоа не е вистината.

Да се биде добар, да се почитува човекот, да се пружи помош кога е таа неопходна, да се биде среќен за туѓата среќа, да се усреќи некој кога за тоа нема потреба, да се пружи рака и на непријателот... се работи кои воопшто не се нешто кое е наивно.

Во денешно време, кога сите работи се изедначуваат со пари а луѓето единствено мислат дека се успешни кога ги имаат нив, а не некои други вредности, сосема е нормално мнозинството да мисли како вас. Затоа, ќе морам и јас да се прилагодам на вашите сфаќања, па би рекол...

Освен ако не ви зависи работното место и некој опинок мисли дека треба да гази преку вас, мора да бидете добри, зашто инаку треба да прогласиме граѓанска војна или барем војна на лицемерието, кој го има повеќе!? Кога се работи за вашето работно место кое ве прави среќен, прифаќам да вратите со иста мера и да не дозволите некој да ве изманипулира, бидејќи од тоа зависи вашата ситуираност која дефинитвно е неопходна за бркање среќен живот. Мислам на основни работи, не на палати на Водно.

На прашањето, што ќе добијам ако бидам добар? Ништо! А што ќе добиеш ако бидеш злобен?!
 
"Quod tibi fieri non vis,alteri ne feceris" или во превод:

„Не им го прави на другите она што тебе не сакаш да ти го прават“

Има вистина оваа поговорка во огромен број од случаевите.
 
Едноставно Не!:uvo:
 
Да се биде добар е доблест, вградена кај луѓето.Се друго не е потребно да се истакнува како доблес кај луѓето.:smir::smir::smir:
 
Вреди да се биде добар, тоа е доблест (како што кажа погорниот член), тоа е богатство, човечка особина. Добрината се исплати. На тие што прават лошо, лошо ќе им се врати.
Можеби понекогаш на прв поглед не изгледа така, но верувајте - Господ гледа и Господ е секогаш тука. :)
 
Вреди да се биде добар да се понашаш добро и да правиш добро НО само на луѓето тоа што го заслужуваат :smir:, па другите ако сакаат дел от твојата добрина нека ја заслужат!
Не правио го на друг тоа што не сакаш да ти го прават тебе:nenene: ( така ли беше или ја зезнав)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom