Дали вреди да се биде добар?

Вреди но не во ова време кога секој гледа само за себе.Па малку појасно кажано Добар кон добрите Лош кон лошите.
 
со добрите -добар
со лошите - пак добар
Ако очекуваш "да е исплати", или да добиеш нешто за возврат, тогаш не си добар. него се фолираш.
Ако те направат, глуп или нешо слично, тогаш си наивен.
Не треба да очекуваш некој фала да ти рече. Ако си стварно добар, тогаш самата помисла дека си придонел некој да биде среќен, те исполнува
 
Тој што ти праи добро - врати му со добро.
Тој што ти праи лошо - ignore некое време ако ти го пукне курот, врати му со лошо.
 
секогаш им помагам на тие што им е потребна помош..без разлика каква.ама секогаш откако ке му завршам на некој работа после веднаш ми вртат грб...вака се разочарав од многу личности кои што на некој начин ги сметав за светци...сватив дека разговараат со мене само кога им требам за нешто...многу пати решив да се сменам..и во тие периоди не го е*ам ни 2%...ама по некое време ке размислам подобро,ке се запрашам себеси,зошто и јас да паѓам на нивно ниво...па пак помагам..колку и да ме искористуваат,колку и да забораваат на се...некако ко посилно од мене е...
 
Не вреди,зошто сега сите си гледаат само за својот гз и неможеш на секому да помагаш со надеж дека и тебе кога ќе ти треба помош ќе ти помогнат.
 
Секогаш сум добар и позитивен , му помагам на другите а со тоа си помагам и себеси. Има луѓе и што ме мразат а не ме знаат каков сум , има луѓе што ме мразат иако сум добар, има луѓе ме мразат зш сум добар,има луѓе што ме мразат што сум среќен па јбг мора некој на светов да те мрази :) ... сум успеал да ги хипнотизирам што размислуваат за мене толку :) .
 
Ако некој не е добар спрем тебе, веднаш размисли што според него било лошо,а што добро додека го правел тој престап. Кога ќе го сватиш тоа,ќе го сожалуваш, а нема ниту да му се восхитуваш,ниту да му се лутиш И ти самиот имаш сличен став према доброто и лошото. Значи мораш да му простиш. Ако пак никако не се согласуваш со него за тоа, што е добро а што е лошо, биди милостив према тој што згрешил.
 
Дали вреди?Ако било кој од нас се водел според тоа дали вреди, или го правел од погрешни причини или не би го направил никогаш
 
Во принцип да, вреди да се биде добар, но не до степен каде сите те искористуваат и манипулираат со тебе, туку со резервна доверба во секој.
И кога би ми сторил лошо и да го убијам е џабе, кога веќе е сторено. Едноставно што треба да се направи е да стоиш цврсто и да не дозволиш да се случи нешто.
 
Branje na definicija za "dobro" e utopija ...
Onaa sto za mene e tocka na belo pole, za nekogo e samo crna tocka ...
Eden umen filozof rekol: "Ne raspravaj mnogu za toa kakov treba da bide dobriot covek, tuku ti samiot bidi takov "
 
Доброто е точно помегу љубовта и стравот , добро е све она што си бил пред да се родиш и што ке бидеш кога наводно ке умреш , се друго е набубано и нема ништо од тоа . Добро е да ги сакаш сите затоа што сите се дел од тебе и ти си дел од сите , ама све тоа автоматски си доага ако го надминеш умот-мозокот така да на крај заклучок: биди си она што од секогаш си бил-чиста свест , а не некој што ти кажал да бидеш . Иронијата е во тоа и да бидеш "добар" а да не си заслужен за тоа (набубана работа) и да се надеваш на рај . Подобро е да бидеш расипан и зол барем нема никаква хипокризија у тоа а не да се правиш дека си у состојба на љубов и кога ке ја снема да обвинуеш цел свет за тоа . Најголемите злосторства се направени заради љубов , Хитлер бил крив за милиони убиства заради љубовта кон својата нација . Љубовта и стравот се различни страни на една паричка , искуси ги ама не се идентифицирај со нив за на крај да ги надминеш и да дојдеш до ултимативната работа ..
 
со добрите -добар
со лошите - пак добар
Ако очекуваш "да е исплати", или да добиеш нешто за возврат, тогаш не си добар. него се фолираш.
Ако те направат, глуп или нешо слично, тогаш си наивен.
Не треба да очекуваш некој фала да ти рече. Ако си стварно добар, тогаш самата помисла дека си придонел некој да биде среќен, те исполнува
а што правиме кога тебе тоа те исполнува и тоа баш така како што сакаш без да очекуваш некој да ти надомести материјално или да ти каже фала али од друга страна ти неможеш да прекинеш да се самосожалуваш себеси заради сето тоа добро што си го направил?..на крај сите ќе бидат среќни и насмеани само ти ќе останеш со тажна фаца и се ќе ти биде црно..а неможеш да бидеш лош со сите зошто тогаш ќе останеш и тажен и сам...и како ќе живееш,секој ден ќе правиш нешто добро и ќе правиш другите да се осеќаат подобро и среќно без да очекуваш фала или нешто за возврат а тебе кога ќе ти биде лошо и се ќе ти се распаѓа ќе чекаш некој рандом од улица да ти каже се ќе биде ок?..понекогаш посакуваш како ти што си направил на твојата најдобра другарка "се ќе биде добро..само ти не се секирај..не вреди знаеш дека е така" да дојде некој и тебе тоа да ти го каже?..ама кога тоа нема да се случи и ќе плачеш сам у соба ќе си го вратиш филмот се добро што си напраил и што не си очекувал ништо за возврат,и ќе видиш колку бедно се осеќаш моментално и ќе сватиш дека тоа што си бил добар со ништо ама баш ништо не ти се вратило ќе ти текне дека следниот пат и ќе сакаш да ти каже фала и дека она ќе биде тука за тебе кога ќе ти биде тешко...:kesa:
 
Вреди и те како, само не во оваа држава.:toe:
 
Вреди и те како, само не во оваа држава.:toe:

до некаде точно...но види го тоа вака...државата е тука само за да работиш во неа и јас ја гледам како еден голем буџет...луѓето се тие што го прават тоа дали да бидеш добар или лош..нема врска во која држава се наоѓаш..
 
Џабе ќе работиш тука кога не го ценат трудот, ги ценат лиглињата 24 годишни кои се убутале у влада седат со лап топ цел ден на кеј и кркаат плата од нас обичните што црнчиме по цел ден.Со оваа работа да си негде странство дупло платен и ценет ќе бидеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom