Беличанец не е внук на Кардељ.Ја немавме таа среќа да германските банки ни нудат поволни каматни стапки како што беше случајот со Словенија и Хрватска.
Нашиот извоз беше главно за југословенскиот пазар и кракираше како таков кога почнаа да летаат ембарга наоколу.
Кога побараа во деведесетите нашиве кредити со ниска камата по светските банки сите врати беа затворени.
Шо само сте се фатиле како слепци за стап околу Бранко и комунизмот?
Оти не го викате хрватофил?
Или во мода е денеска да постојат србофили и бугарофили?
Човекот е тука и во лошо и во добро.Колку само беа силни сите оние симпатизери на ВМРО во 98...се чукаа по гради,плукаа по СДСМ...
И сите тие храбро ЌУТЕА кога Љ.Ѓ. стана бугарин.
Сега имате нов херој.Никола Груевски.Човек шо нема осет за чувство.
И он ќе помине како комарец у тунел.Шо после?
Нов херој?
Гледам нешто расправаш околу мој пост каде што зборам за приватизацијата, а ти расправаш за Бранко и компанија, и очигледно, не си ми го разбрал постот, или не си сакал да го разбереш, па си го пишал тоа што си го пишал...
Многу ми е интересен тој Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал...од професионална гледна точка пред се, но и гледан од една временска дистанца кога се е (скоро) готово...
Ако ја оставиме нестрана фалинката на законот, со која многу лица кои плаќале данок, па на тој начин учествувале во создавањето на тој капитал не добија ништо, не ни беа спомнати во законот, па и многу работници кои останаа и без акции и без работа, ќе го видиме следното:
1. ЗТПОК сметаше на неколку начини на трансформација, на хартија, многу убави и праведни (за оние кои работеа во фирмите, но не и за административците)
2. Истиот тој ЗТПОК со моделот „преземање на претпријатието од страна на лица кои го преземаат управувањето“ им ја отвори вратата на денешните олигарси да станат тоа што се.
Тие олигарси им земаа акциите на луѓето, откако претходно се запишуваа акциите во книга на акционери, со интерни договори за управување со истите...
Потоа, по пат на уцени, со некоја ситна марка, или бесплатно им ги зимаа акциите во сопственост...
Ете така настануваше олигархијата. На други теми имам образлагано и пошироко околу тоа.
И, имаше една консултантска куќа која од секоја македонска фирма во процес на приватизација земаше процент за консултантски услуги, а без нивен „амин“ не можеше да се „помине“ во Агенцијата за приватизација...
Муабетов за извозната ориентираност кон екс ју не ти држи како главна причина за колапсот наш економски...
Точно е дека произведувавме наменски за цела таа сојузна економија, но желбата некои да станат капиталисти, но со менаџирање како во договорна економија, т.е. инсистирање на задржување на старите пазари, а незнаењето како да работат во услови на пазарна економија го сторија своето.
Секако, побитно беше некој да го разграба имотот на претпријатието, отколку да се труди да го води рентабилно (со мали исклучоци).
И, ќе си прави после приватна фирма на урнатините на општествената и станал газда...
И, за крај, гледам како мене да ми се обраќаш дека Грујо ми бил херој...
Знаеш...ич не ме боли таквиот за него...и за Бранко...и за сите останати. Сите се исти и беспрекорно се вклопуваат во истото сивило.
Си ги следам отстрана, т.е. од мапетшоувскиот балкон и си расудувам за секого, но со сопствениот мозок, кој не сум го дал на некој лидер на управување.