Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
мразам зима по тоа уште ако има снег како на гомна да газам исто
 
Зима ти е најеротично годишно време
Тк не ти се зноиф јајца и не те тепа зној по чело

Нема појјако чустфо да шеткаш на минус сс другари сс испуцани капилари у очи и да газиш сс трфд ѓон по белу меку материју. Кој звук вади човече, милкивеј ефекти. А оно си вее ли си вее...
Зима vs планина, логорска ватра, безброј ѕвезде на небо, вино и добро мезе... Тај небесна плава боја која се прелива и дава пејсаж како новогодишну честитку, прајслез : )

Ма обожаам зиму бре
Ич не сам зимогожљиф, мрзу вруќо лето и сакам ладну зиму, не ми е ладно мене никад, едноставно ја не сам ѕивра фраер,
ја га сакам снег како Херман Маер

Многу ти го сакам дијалектов ама ти си единствен што не се обидува ни малце да збори литературно :D
 
Декември/Јануари се убедливо најдобрите месеци, барем за мене. И преферирам зима повеќе отколку лето. Едноставно, многу ми се подобри периодите кога преовладуваат часовите со повеќе мрак. Некако подобро функционирам тогаш. А и целата атмосфера која се прави околу Нова година... Милина.

Снегот како помал ептен го сакав, но како што растев, почнав да сфаќам зошто сите возрасни го мразат. Сега ми пречи во многу наврати, но се' уште ме фаќа еуфорија кога ќе станам едно зимско утро и кога ќе го видам првиот снег како паѓа преку прозор. :)
 
Мразам зима!! единствено нешто што сакам од зимата е снегот ,но некаде на планина а не каша по улици .
 
Како беше тоа:
Пролетта е раѓање
летото е живеење
есента е агонија
зимата е смрт.
Баш така и ја доживувам. Не само како смрт на растенијата, туку некако ме умртвува и мене... Немам воља , енергија, мотивација ама баш за ништо. Уште кога ќе видам дека се стемнува во 3 ипол, 4 и мене ми се стемнува пред очи. Наместо сонце, некоја тмурна светлина помешана со чад од оџаците. По улиците нема луѓе да се шетаат, освен оние кои мораат да одат некаде стуткани со капи и шалови.
Исто така мразам и снег. За еден ден убава идила, морам да трпам 3,4 дена кашкалник. Па и ако подмрзне нема излегување од дома.
За гардербата да не правам муабет.
 
Уфф и тоа како ! Со душа чекам да пукне студот а ќе ме исполни кога ќе дојде и снегот.
Некако повеќе работи ме исполнуваат тогаш. Топла облека, топол дом, домашното милениче легнато до тебе, топол чај, книга во рака, надвор си врне снеже, поубаво се спие.
Како и да е поубав шмек има зимата барем за мене..
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 19:10 ---
Декември/Јануари се убедливо најдобрите месеци, барем за мене. И преферирам зима повеќе отколку лето. Едноставно, многу ми се подобри периодите кога преовладуваат часовите со повеќе мрак. Некако подобро функционирам тогаш. А и целата атмосфера која се прави околу Нова година... Милина.

Снегот како помал ептен го сакав, но како што растев, почнав да сфаќам зошто сите возрасни го мразат. Сега ми пречи во многу наврати, но се' уште ме фаќа еуфорија кога ќе станам едно зимско утро и кога ќе го видам првиот снег како паѓа преку прозор. :)
И јас бе братче на зима повеќе сум активен во секој аспект ! За све имам време .
 
Не ја сакам зимата, а уште помалку го сакам овој период од годината т.е. доцната есен. Дождови, магла, тмурно време, се стемнува дури да се свртиш, сонце ни за лек...губам волја за живот. А најидеален период ми е мај и почетокот на јуни, пред да се спукаат жештините.
 
Zimo? Zarem nekoj saka stud , snegovi , ladno , crveni nosinja Buli, Buli :D
Nekam zima od mnogu sneg me faka panika koa ke vidam sve belo a jas moram begde so kola na daleku au neubavo cuvstvo ... I uste ova zimovo sea ke bidam covek od alishta zaso sjm zimurlija ke ne moze cura da me soblece ako saka hahahaha ;)
 
Лето - да не видам.

Зима - така така (далеку подобро од лето, не поднесувам температура над 30c)

Пролет - закон.

Есен - да не видам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom