Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.479
Поени од реакции
6.146
Епа се ближи тој период од годината зимата јас искрено многу ја сакам најубаво годишно време за мене и снегот
Кога е зима јас највеќе сакам да си седнам пред прозорецот со топло чоколадо и гледам како снегот убаво си вее се чуствувам прекрасно кога ќе излезам со другарите кога мававме со снегот кога се шетавме а на секое чекорче снегот си крцкаше кога ќе си го шетам кучето и тоа се радува и многу други работи за овој прекрасен период а и да не заборавам кога се санкавме ко будали од еден рид со другарите :ROFLMAO:

Пишете што вие правите во зимата
 
Јас многу ја сакам зимата, сакам кога врне дожд или снег, реално повеќе ја сакам зимат одколку летото. Инаку што правам зимата? Земам одмор од работа и одам 2-3 дена на скијање, останатиот дел од одморот го преседувам дома, гледам филмови, серии, емисии и слично што ќе се најде на тв/компјутер.
Ете така. :icon_mrgr:
 
Не, не ја сакам зимата. Не ми е практична. Многу облека, пази се од настинки, троши пари на дрва, треба да се наоблечам па да излезам некаде оти стално ми е ладно ... :(
 
Едноставно го обожавам ова годишно време. Само права штета е што кај нас веќе не паѓа толку често снег и немам можност што повеќе да уживам во убавините на истиот. Се надевам дека оваа година ќе најдам време да тркнам до некој скијачки центар и да утепам еднонеделно зимување.
 
Ја обожувам зимата, посебно оној поглед низ прозорецот додека врни снег :love:
Исто
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 16:15 ---
Оваа година ќе завршам коледе уште еднаш и готово :(
 
Ние со другарите ко будали истуравме шишиња вода и другиот ден на лизгалиште се лизгавме дур некој не паднеше :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom