Дали вежбате, што вежбате и колку често?

  • Креатор на темата Креатор на темата ragazza
  • Време на започнување Време на започнување
најчесто кога ке станам ке повезбам малку да се размрдувам(по 2-3 серии склекови ) доста е :baeh:
 
Здраво тело Здрав дух!!! само така !!
 
Моментално кога е само топло трчам покрај Вардар и возам точак дома праам стомачни склекови и дигам тегови,едвај чекам лето да дојде секој ден трчање
 
Не пропуштам шанса да играм фудбал, а и често пешачам од дома до мојата дестинација и назад... Задоволен сум од мојата форма, а особено од кондицијата.
 
престанав да тренирам оклолу 6-7 месеци и ми падна формата и имав слаба кондиција!еве веке со 2 недели тренинг почнаа да излегуват на површина резултатите!
 
Единствено на тренинг само што трчам секој ден :)

И така рееетко некогаш со другари на спортскиот центар :)
 
Доаѓа лето, почнаа темите за изглед:)
Јас сум во никаква форма и уште поникаква кондиција, ама од летоска кога пливав во Охрид немав ништо направено...
Здравје за месец дена со ова темпо би требало да сум како што треба.
 
Треба да трчам ама тоа што не ми се трча е друга работа. Ќе надокнадам поинаку.
 
Во топ форма, и кондиција исто така :smir:
 
форма и кондиција .... можи да се кажи во подем :), пред 2 недели почнав пак да вежбам, претходно апсолутно никаква физичка активност немав неколку месеци. така да за некој месец очекувам да се вратам во топ форма :sport1:
 
Кога е топло времево овие денови возам точак околу 10км, а за време на лето, секоја вечер.
 
Па од средина јануари почнав да вежбам 4-5 пати неделно дома со тегчиња, аеробик малку, статичен точак а сега еве се затоплува ќе има пешачење и надвор возење со велосипед. Трчање тешко, ептен ми е напорно тоа :icon_lol:
Вишок килограми немам, ама имам вишок спојлери :)
Ама затоа напредувам со стомачните. Прво по 20-30 правев, сега околу 100. Значи има напредок добро е. Ама повеќе од 10-15 склекови нема теоретски шанси :(
 
Ама повеќе од 10-15 склекови нема теоретски шанси :(

Јас ни толку не ги можам. Кога бев во најдобра форма правев по 10 :) Сега три пати едно-подруго не можам да го кренам газот:))
 
Gi praktikuvam teskite seks pozi,nekolku pati nedelno.
 
Со оглед на тоа што живеам на 6 спрат а немам лифт , имам кондиција . Ама Формата ми е за никаде. Затоа решив од неделава вежбање.
Трчање на кеј во Понеделник , среда и петок , а теретана во вторник четврток и сабота. Недела за одмор ден.
И очекуем резултати .
Кај и да е :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom