Дали верувањето е БОЛЕСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Има нешто вознемирувачки чудно и нејасно во врска со тебе. Од едно прашање, кое самата го постави, направи калабалак од темава. Прашањето беше: кажи ми еден атеист кој умрел за повисоки цели? Ти го постави, не ние. Ти направи поделба, и тоа строга. Мене ми е јасно дека има луди научници атеисти и паметни и напредни верници. Се разбира и едните и другите се реткост.

Мило ми е што конечно увиде дека не ја отворив темава, патем, нити сум отворил, нити имам намера да отворам тема на овој подфорум.

На американскиот дoлар пишува In God We Trust. И окото што гледа се е на доларот. Во американските судови треба да се заколнеш врз библијата. Најмоќната нација на светов го прави она што сите најмоќни нации од секогаш го правеле: ја користи идејата за Бог за контрола на населението и за brain washing.

To be continued... или не...
Dobro do nekade se razbravme ama ne mi e jasno od kade ispadna дека станува збор за мене и сите вие и што има чудно во мене. Секој кој не се согласува со поставената тема е оној другиот. Зборуваш за перење на мозоци, а зар ти не го правиш истото но во спротивен правец?
 
Перење мозоци, во спротивен правец?
U mean, НЕперење мозоци? о.0"
 
Dobro do nekade se razbravme ama ne mi e jasno od kade ispadna дека станува збор за мене и сите вие и што има чудно во мене. Секој кој не се согласува со поставената тема е оној другиот. Зборуваш за перење на мозоци, а зар ти не го правиш истото но во спротивен правец?

Не станува збор за тоа да се согласиме, нормално дека пола/пола, таков е подфорумов. Чудно ми е тоа што од една обична реченица тргнавме во сосема друг правец, некако на друга фрекфенција сме.

Не переме мозоци јас, ти, или повеќето тука на форумов: и едните и другите сме убедени дека нашиот став е вистинскиот и си го браниме со аргументи.

Мозоци перат многу посилни луѓе, групи, организации, како сакаш... нема ништо спорно во тоа некој, да речеме црковно лице, кое верува во Бог, да ги убедува луѓето во своите погледи и сваќања. Проблем е што разни организации, цркви, па дури и држави, ја користат религијата како средство за контрола на масите: тие самите не веруваат, тие се поголеми атеисти од Атеист тука на подфорумов. Но религијата е опасно оружје во рацете на луѓе кои ја знаат вистината.

Зошто не може никој да ме убеди, дека луѓето кои направиле палати, храмови, во името на Бог, и живеат раскошен живот во нив, веруваат во Бог. Или поп кој вози скапо Ауди и уплаќа лото и чека седмица. Тие луѓе живеат од религијата и се додека има маса на народ која верува во нивните лаги, за нив нема да има зима. Тие ја знаат вистината. Човек кој верува дека постои Бог би имал страв од таквите постапки и би живеел поинаков живот, се разбира има и такви. Но контролата ја имаат овие другите.

Затоа ми смета религијата. Не затоа што според мене е лажна. Нека си верува кој во што сака. Бог, Вонземјани, Дарвин, сеедно. Тоа си е лично право. Но религијата е инструмент за поделба на луѓето. Ако не е религијата, меѓу нас што сме оделе или одиме во црква и оние што одат во џамија би имало една огромна разлика помалку, би биле исто (како и што сме исто). Религијата предизвикувала и сеуште предизвикува војни, последната се водеше на еx-yu просторите и беше неверојатно крвава. Се разбира, се водеше за други цели, но тие кои ја водеа ги подбуцнуваа и мотивираа луѓето на религиозна основа. Светот без религија би бил далеку подобар, тоа е една од работите во кои верувам.

И за крај знам, вистинските верници ова-она, вистинската вера/верба... сето тоа држи. Но и понатаму, религиозните луѓе остануваат предмет на обработка, ги подбуцнуваат едни против други, создаваат тензии, жаришта... На атеистот... сите му се исти.

Ај доста е, засега...
 
Затоа еднаш реков разликувај религија од вера..
 
Едно е да имаш пусто верување во некој поубав живот после овој и во Бог, а друго е да ја живееш верата сега овде, свесен за Бога, како неиздвоив дел од тебе.
Што се однесува до верата во религиските установи, и мене ми се малку апсурдни тие што редовно одат таму, но не би за тоа.
 
Станува збор за верување во Бог издвоен од нас како разумно битие кој ги набљудува настаните од некое скришно место кај што одат добрите мртовци
 
Прашањето е као хипотетично . Но нее баш така .За многу луѓе на планетава тоа е реалност дури прашање на живот и смрт .

ЗАТОА ЈАС ЌЕ ТИ ПОСТАВАМ КОНТРА ПРАШАЊЕ !

Ете гледаме на средства за јавно информирање , тв . интернет слики видеа каде ОБИЧНИ ВЕРНИЦИ Муслимани (најчесто на снимките се млади луѓе ) начекале некој вљубен пар , момче и девојче како се држеле за рака или се бакнувале иииииииииии и ги шутираат , каменуваат дo смрт . Пази не зборуваме за верски фанатици , фундаменталисти , радикали туку за НАЈОБИЧНИ ВЕРНИЦИ .Значи не збориме за платена “морална” исламска милициjа ,за талибанци , ниту за верска милиција како во Иран , тукуза обични луѓе – верници . И тоа си проаѓа неказнето .Значи одобрено.

Е сега во поновата историја го имаме Џек Мевосек серијски убиец кој убивал проститутки , има цел куп на сериски убијци кој убивале или проститутки или девојки жени оти сметале дека не се облекувале според нивната замисла и се чуствувале предизвикани па во име на Господ брутално ги касапеле убивале . За сите такви случаи психијатсриските наоди биле дека не се нормални луѓе .Значи медицински докажано се болни луѓе .

Е сега Исламот го одобрува мањачењето буљашењето да се ѕирка во туѓа кола да се демнат луѓето во паркови или на други места а ако се најде дека некој дечко и девојка се заљубиле ДА СЕ УБИЈАТ , брутално со каменување , шутирање итн се е дозволено при нивното понижување , малтретирање , изживување..

Прашањето е :

Дали на Џек Мевосек и сите други сериски убијци на жени кој “небиле прикладно облечени” , на проститутки итн Исламот им го признава правото дека се ДОБРИ МУСЛИМАНИ . Бидејќи според Исламот тие не само што не направиле ништо лошo туку направиле дела според Исламот треба да им признае статус на принципиелни вистински Муслимани ...”светци .”

Дали им го признавате правото на светци на сериските убијци ?
Оти според Исламот тие тоа го заслужуваат .Нели ?
Оти не ми одговара на моети прашање, пробај , мнг е едноставен одговорот, секако дека и јас ќе ти одговорам, и ќе ти давам можност да видиш во каква психичка сосотојба се атеистите:kesa:!
Исламот е совршен пред се, затоа многу болни луѓе како тебе го наоѓат мирот и лекот на душата !!!
 
Да. Постојат големи шанси верувањето во нашето битисување како вреќи полни со коски, да е некаква аномалија, т.е. болест.
 
верувањето е доследно спроведено надевање!
 
ДАЛИ ВЕРУВАЊЕТО Е БОЛЕСТ

Дека постои историска отворена недоверба и нетрпеливост помеѓу атеистите и верниците не е некое откритие . Се подразбира дека омаловажувањата и невредите се неизоставен дел од таквата нетрпеливост .
Значи од една страна сите религии и вери меѓусебно не се поднесуваат , се мразат , навредуваат , потценуваат но и сите заедно тоа го прават кон атеистите .Атеистите никогаш не им остануваат должни оти не се нималку посиромашни во својот арсенал на цинизми потценувања итн .кон верите и религиите .

Тоа била и е реалноста .Низ вековите и денес .
Но зошто е тоа така ?
Што е тоа што континуирано ги иритира атеистите кај верниците .

Еве ќе го прескокнеме делот каде водачите на религиите и верите низ историјата и денес секогаш злоупотребувале некакви наводно свети книги , богови , дрн дрн ,а секогаш за свој личен интерес .Тоа веќе и самите верници си го знаат .

Од каде е нетрпеливоста на атеистите кон самите верници .?
Дали верниците заслужуваат таков однос од атеистите ?Со што заслужиле таков однос од атеистите ? Оправдано е или нее ? Злонамерно е или нее ?

Зошто атеистите кога некој ќе спомне дека верува веднаш ( може и нема да му каже ) му паѓа цената , дури го смета за душевно болен .?

ЗНАЧИ ТЕМАВА НЕЕ ДА ГИ УПОТРЕБИМЕ НАВРЕДИТЕ ПОТЦЕНУВАЊАТА
ТУКУ АКО Е МОЖНО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО НЕКАКОВ ОДГОВОР .

Еве јас ќе наведам неколку ( не сите треба книга да напишам ) по мое видување :

-- Отсуство на самоиницијатива . Откажување од мисловноста како основен услов кој го раздвојува човекот од другите растителни и животински видови верниците го отфрлаат целосно . Како може да преземат било каква иницијатива ако цело време чекаат некој друг да мисли место нив .

- Неодговорност . Бегање од било каква одговорност која ја препуштаат на некаква случајност нарекувајќи ја Бог а најчесто на други наводно поупатени свештенства кој без проблем ги злоупотребуваат – стануваат нивни жртви .

-- Кукавичлук .Колку пати низ вековите атеистите биле убивани за да докажат работи од кој потоа и самите верници имале корист НО никогаш несобрале храброст да застанат на нивна страна туку си ги грицкале ноктите кога атеистите биле измачувани и убивани .Нормално потоа ги уживале придобивките кој атеистите ги избориле ...и за нив .

-- Апсолутна спремност доброволно да се подложат на секакви манипулации.
Доволно е да им се рече дека некој-а е лош и тие да мрзат до степен да убијат без воопшто да посакаат да се запознаат со наводниот непријател , без било каква проверка , без сомнеж во (не)чесните намери на тој што им сервирал таква информација .

- Од една страна спремни да трпат секакви понижувања , омаловажувања страдања да бидат мазохисти без било каква помисла дека подобрувањето на нивната состојба зависи и од нив самите а не од некаква случајност (бог) или луѓето кој им сервираат информации .А од друга страна да се јават во улога на ѕверови .Дури и ѕверовите убиваат колку да опстанат а не се изживуваат врз пленот , а ете верниците во улога на усташи , четници , балисти , ванчомихајловисти секогаш кога ќе начекале невооружено цивилно населени вршеле ѕверства кој ниту на филмовите неможе да се прикажат поради тешките трауми што може да им ги предизвикаат на нормалните луѓе .

Итн ит н.

Дали навистина кај личностите наречени верници неможе да се констатира некаква душевно нарушување = болест .Колку може едно општество да биде здраво ако во него има премногу верници .?

Дај бре доста сереш ти ебам племето сатанистичко.
 
Значи, поентата на верата е да се воспостави контрола на широките народни маси. Затоа и таа била измислена. Таа не е ништо друго, туку архаичен облик на правосуден систем со кој луѓето требале да се поттикнат да се однесуваат морално, одговорно и да работат за доброто на човештвото. Во спротивност, тие ќе бидат казнети од страна на некој авторитет со натприродни моќи. Значи, верата не е ништо друго, туку еден патоказ во животот, кој ги диктира нормите и вредностите кои ние треба слободоумно да ги почитуваме. Затоа сметам дека верата не е болест, туку напротив, извор на надеж и добрина.
 
Значи, поентата на верата е да се воспостави контрола на широките народни маси.

Не!

Измислена е да се пордаваат што повеќе јајца за велигден, да се продаваат свеќи, да се оставаат пари во црквата, да се продава библијата (најпродавана книга на сите времиња е!), и други бизниси во завосност на религијата...

Некој добро го има осмислено овој долгорочен бизнис план...

It's a world conspiracy man, I tell you!!!
 
Само што тие работи се појавија после 1ви век од нашата ера? :pos2:

Поентата на религијата е релативна, во тоа време тоа било најдобар начин за да се одржи редот, мирот, прогресот итн во општеството.
 
да, болест е и тоа многу лоша болест а и многу распространета
 
да, болест е и тоа многу лоша болест а и многу распространета

образложи ми ти мене зошто јас сум болен ако верувам во Бог? Не сум по то да прам христијански обреди, не се крстам, не палам свејќи, едноставно не сум христијанин но верувам во Бог ( виша сила ). И сеа ти мене образложи ми зошто јас сум според тебе болен?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom