Не станува збор за тоа да се согласиме, нормално дека пола/пола, таков е подфорумов. Чудно ми е тоа што од една обична реченица тргнавме во сосема друг правец, некако на друга фрекфенција сме.
Не переме мозоци јас, ти, или повеќето тука на форумов: и едните и другите сме убедени дека нашиот став е вистинскиот и си го браниме со аргументи.
Мозоци перат многу посилни луѓе, групи, организации, како сакаш... нема ништо спорно во тоа некој, да речеме црковно лице, кое верува во Бог, да ги убедува луѓето во своите погледи и сваќања. Проблем е што разни организации, цркви, па дури и држави, ја користат религијата како средство за контрола на масите: тие самите не веруваат, тие се поголеми атеисти од Атеист тука на подфорумов. Но религијата е опасно оружје во рацете на луѓе кои ја знаат вистината.
Зошто не може никој да ме убеди, дека луѓето кои направиле палати, храмови, во името на Бог, и живеат раскошен живот во нив, веруваат во Бог. Или поп кој вози скапо Ауди и уплаќа лото и чека седмица. Тие луѓе живеат од религијата и се додека има маса на народ која верува во нивните лаги, за нив нема да има зима. Тие ја знаат вистината. Човек кој верува дека постои Бог би имал страв од таквите постапки и би живеел поинаков живот, се разбира има и такви. Но контролата ја имаат овие другите.
Затоа ми смета религијата. Не затоа што според мене е лажна. Нека си верува кој во што сака. Бог, Вонземјани, Дарвин, сеедно. Тоа си е лично право. Но религијата е инструмент за поделба на луѓето. Ако не е религијата, меѓу нас што сме оделе или одиме во црква и оние што одат во џамија би имало една огромна разлика помалку, би биле исто (како и што сме исто). Религијата предизвикувала и сеуште предизвикува војни, последната се водеше на еx-yu просторите и беше неверојатно крвава. Се разбира, се водеше за други цели, но тие кои ја водеа ги подбуцнуваа и мотивираа луѓето на религиозна основа. Светот без религија би бил далеку подобар, тоа е една од работите во кои верувам.
И за крај знам, вистинските верници ова-она, вистинската вера/верба... сето тоа држи. Но и понатаму, религиозните луѓе остануваат предмет на обработка, ги подбуцнуваат едни против други, создаваат тензии, жаришта... На атеистот... сите му се исти.
Ај доста е, засега...