Дали вечерате?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерам... Но зависи ако сум ручал покасно тогаш не вечерам али у принцип вечерам, но секако некоја лесна храна.:toe:
 
Немам појма.
Биоритамов ми е толку зезнат што не знам кога доручкувам, кога ручам, кога вечерам.
Најчесто јадам по 2 пати на денот, со околу 6-8 саата разлика во оброците. Некогаш и трет пат, ако се погоди, па веројатно во тие случаи се рачуна како вечера. :icon_lol:
 
Па...не дека никогаш немам вечерено, но кога ќе си ставам некој ред во исхраната (кога, колку и што ќе јадам), тогаш не вечерам, освен овошје нешто.

И овошјето е вид исхрана. Битно не легнуваш со празен стомак.

Кога е во прашање на храната имам распоред. Значи никогаш ама баш никогаш не легнувам со празен стомак - искуство од предтоа кога не вечерав следното сабајле бев гладен и ми се рушеше целиот (да го речам) ред за исхрана. А со тоа почнува и лажењето на сопствениот организам - го залажувам со мали меѓуоброци кои после тоа растат и растат (Нормално треба самоконтрола тука). Така да сега ако не сум гладен сепак си праваам некоја салата или овошје за вечера. Го одржувам тој баланс колку толку на три оброци дневно.
 
Нормално. Кога не вечерав се познавав физички, а од кога вечерам уште повеќе

За 8 месеци 24 килограми накачив..

Деца..вечерајте, обилно
 
Се разбира дека вечерам. Јадам околу 21 часот, потоа накај 23 и уште еднаш пред да си легнам, околу 3...не можам да спијам гладен...
 
Вечерам цел распуст и ка стока сум се напраел
 
па вечерам скоро секогаш

само во последно време ми се изместени одброциве и некогаш навечер ми е ручек:nesum:
 
Уште да не вечерам и да почнам да припаѓам по улица.
Често ме фаќа мрза да си правам за јадење навечер, ама во такви моменти само ми текнува на состојбата во која бев кога еднаш си реков “Ма, што морам да јадам?“ и одма си го фаќам патот под нозе до кујна.:)
 
Да вечерам. Во два во три саат, по полноќ....пола пита до пита бурек, тазе леб од фурна со свашта во него....што ми дојде:)
 
вечерам скоро секогаш околу 21 часот а кога одам во град тогаш јадам и по полноќ:toe:
 
Вечерам како не,секогаш накај 11 или 12 часот
 
Обожавам навечер си седам пред компјутер и си јадам нешто. :pipi: Па некогаш кога ќе идам од излегување си купувам чипс, кроасан и едвај чекам дома пред компјутер да седнам и да си грицкам. Лошо, а треба да одбегнувам да јадам навечер. Ама седам до доцна и не можам да издржам да ми цвичат цревата:pipi: Мада последнава недела се контролирам, не јадам навечер, освен соленки, соја или јаболко. Се надевам ќе продолжам.
 
Јадам секогаш кога ќе ми се пријаде. И како може да нејадам после 20 часот коа станувам во 15-16...и баш тогаш вечерта имам најголем апетит. Навечер обично јадам нездрава храна, знам дека не е убаво ама тоа е :)
 
ДА :pos: и тоа штом почувствувам потреба без разлика дали е 19:00, 24:00 или 3:00, 4:00 по полноќ значи гладен не можам да легнам :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom