Дали требаше да се продаде ЕСМ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ама стално ни бегаат, ја качуваат и тие. никако да се израмниме :(
скраја да е, ако дојдеме до таа цена, треба зимоска да плаќаме 20-30 илјади месечно
 
Неможеме да се жалиме, имаме избори си гласа нацијата за извршител.

Нека дојди извршител ќе го пречекаме со леб и сол, ама повеќе сол има да му дадеме отколку леб :icon_lol:.
 
"Ние" ќе кркаме и повеќе тоа е повеќе од јасно, се додека Чичко Војо не го стави во погон буренцето :).

Само не знам кои сте тоа "вие" што не ве засега ова, можеби си цепиш атоми во подрумот со секирче и немаш гајле зимава... :D
Само онака фигуративно..., инаку и гол Асан е таму каде и сите турци....;)
 
Ама стално ни бегаат, ја качуваат и тие. никако да се израмниме :(
скраја да е, ако дојдеме до таа цена, треба зимоска да плаќаме 20-30 илјади месечно
Во право си, расте и кај нив. Инаку продажна цена на струјата, од увоз е околу 45.000 евра за GWh. Тоа му иде 4,5 евроценти за KWh или 2,76 денари. Кај нас ефтината кон корисниците се продава за 1,76, а скапата 3,53. Ако се земе предвид дека потрошувачката ефтина-скапа е во однос 2:1 идеме до просечна цена од 2,35 денари, што е пониско од цената за која се продава струјата „на големо“. Кога ќе ги додадеш преносот и платите на вработените иде дека со добивката од струјата што ја произведуваме, покриваме загуби од струјата што ја купуваме. Затоа немаме пари за вложување во нови производствени капацитети и се повеќе увезуваме струја.

Ова е маѓепсан круг кој мора да се прекине. Како и секогаш, на грбот на граѓаните, нормално.
 
Македонците сме доволно глупи да испродадеме се за пуста пара, некоја провизиичка, па сега странците ќе не дупат како сакат.
А спас веќе нема...
 
А бе Розита на портал ја читам граѓанска непослушност за парното. А во Прилеп кога живееше парно можи имаше, не ми е за нејзе за ќерка и ми е гревови ќе и студи :icon_lol:.

Него не покачува цена на струја ни влада ни ЕВН, некоја комисија регулаторна ја викаат.
 
Не е проблем Лурц да откажам, ама проблемот е што нема алтернатива, јас сум градско дете, цел живот со парно живеам, јас не можам да замислам да ми е ладно во вц да речеме. Иритира моментот што на топлификација и се дозволува во текот на годината, по минимум 4 пати да си покачува цена и тоа со над 10 % и сите си ќутиме, а за струја ако рипне (не дека одобрувам, чисто само за споредба) одма се рипа, особено од владеачките структури нели, а автоматски се заборава дека најголем дел од тоа поскапување ќаруваат државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО.
Основен проблем е што е дозволено Топлификација да стане приватно претпријатие, а тоа по својата природа е јавно комунално претпријатие. Тие сега се прават само да лично се богатат. Регулаторната комисија е слаба заштита.
Колку што јас знам, мрежата на Топлификација е сеуште сопственост на Градот. Кај ЕВН е уште пострашно. Градската електро-мрежа му е продадена. Тие што ја продадоа градската мрежа, не погледале во чија сопственост е градската електро мрежа во светските метрополи. Постојат работи кои секаде се јавно општо добро. Овде важи приказната: „ Видела жабата дека коњите имаат подковици и ... “
 
Се поскапела струјата, значи криви се ЕВН, значи не требаше да го продаваме ЕСМ.

Ако не го продадевме ЕСМ и не ја поскапевме струјата во сметките, кој ќе го платеше поскапувањето?
 
Струјата од 1 Јануари поскапува за 7 % .. по кој знае кој пат од 2006 наваму.. Дали требаше да се продава ЕСМ,дали влезот на странската компанија е добра, колку инвестираше од тогаш ЕВН,колку профит прави и за колку посто ја качи цената на струјата..

клик

Не е работата до ЕВН

ЕЛЕМ бара покачување на струјата за 30 отсто (државна ли е ?)

Македонија за едно 10 години со оваа ниво на инвестиции , 90% од струјата треба да ја обезбеди преку увоз.

Пошто си голем љубител на скулптури и коњаници , би те прашал , дали било попаметно 300 милиони евра да се инвестираат за производство на сопствена струја, со што цената на струјата немаше да расте а со тоа и сите останати цени , а исто така не ќе бевме зависни од увезена струја.

Кога ќе поскапе струјата , очекувајте да поскапат и други работи.
 
Епа знаеш зошто се покачува цената.Ради "вас" се покачува кој сте 80 % неплаќачи.За сметка на вас ние треба да го плаќаме оној дел вие што го крадете или кој што не го плаќате.
 
Не е проблем Лурц да откажам, ама проблемот е што нема алтернатива, јас сум градско дете, цел живот со парно живеам, јас не можам да замислам да ми е ладно во вц да речеме. Иритира моментот што на топлификација и се дозволува во текот на годината, по минимум 4 пати да си покачува цена и тоа со над 10 % и сите си ќутиме, а за струја ако рипне (не дека одобрувам, чисто само за споредба) одма се рипа, особено од владеачките структури нели, а автоматски се заборава дека најголем дел од тоа поскапување ќаруваат државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО.
па тоа е така затоа што за парното имаш алтернатива... исклучи се, стави си сопствено парно и тоа е тоа... а за струјата немаш алтернатива... па затоа секое поскапување народот рипа... е па рипа.. ај замисли си го животот без струја каков би ти бил, а каков би ти бил без градско парно...
 
Кај виде бе жити око дека сакам да се поскапува струја и народот да не рипа, м? Изреагирав дека се плука само по ЕВН, а демек ЕЛЕМ и МЕПСО - невините државни фирми сакаат да поефтини струјата, за наше добро :tapp:.
И нема потреба да ми објаснуваш за алтернативите за греење, пошто нема алтернатива на топлификација, монопол е, и ако сакам јас парно да имам, треба да имам опција да бирам или барем заштита од неконтролирани цени, а не да сум ставена во тесно - демек чим сакаш парно има да ќутиш, а? Кој е овој муабет стварно не ве разбирам, ама ај..
 
Ваква топлификација, со овакви цени и оваков квалитет можеш да ја замениш со што сакаш и ќе имаш и покавалитетно и поевтино греење. Но топлификација, каква е во Европа, која користи, геотермална енергија, био горива, дрвени одпадоци и други алтернативни извори на енергија, која квалитетно грее 24 часа, се согласувам дека е тешко со нешто да замениш.
 
Кај виде бе жити око дека сакам да се поскапува струја и народот да не рипа, м? Изреагирав дека се плука само по ЕВН, а демек ЕЛЕМ и МЕПСО - невините државни фирми сакаат да поефтини струјата, за наше добро :tapp:.
И нема потреба да ми објаснуваш за алтернативите за греење, пошто нема алтернатива на топлификација, монопол е, и ако сакам јас парно да имам, треба да имам опција да бирам или барем заштита од неконтролирани цени, а не да сум ставена во тесно - демек чим сакаш парно има да ќутиш, а? Кој е овој муабет стварно не ве разбирам, ама ај..
друже мешаш брзини... ја нигде не видов дека ТИ сакаш да поскапува струјата а народот да не рипа... а ТИ кај виде дека јас го посочив истото посочувајки те тебе? јас само ти ја појаснив причината зашто народот не рипа на поскапување на парното а рипа за поскапување на струјата... едноставно е, се исклучуваш од топлификација и имаш еден куп варијанти за греење... од дрва, кано котли, електрични котли, пелети, нафта, греалици, клими, инвертори, ковектори... значи имаш огромен избор на алтернативи за греење кои не се поврзани со топлификација на било кој начин, НО ако се исклучиш од струја е тогаш немаш алтернативи, освен дизел агрегат на тераса или двор и тогаш ке те кошта ѓавол ипол струјата башка глава ке ти пукне од бучава... е за тоа зборев а не за твоето чувство, желба или незнам што...

плус, нормално дека никој не сака да поскаупва струјата... и да, како ден ми е јасно дека е формирано јавно мислење дека само ЕВН е крива за секое поскапување на струјата а не е така... до сега во целиот воз за поскпување неколку пати беше поскапување и заради подигнатите трошоци на дистрибуција на високонапонските мрежи а со нив не стопанисува ЕВН туку една од државните фирми ај нека погодат другиве која е таа...?
 
Back
На врв Bottom