добра тема

... Епа вака имам летано 8 пати до сега, последен пат пред 2 години. Нејсе, не сум битен јас во случајов...
...Имам другар кој не сака да чуе А од авион, едноставно со самото спомнување и отварање на таа тема чоекот го фаќа страв. И пробувам да го убедам, па како утре задутре ќе патуваш ако имаш бизнис, ај викам низ Европа со кола можеш секаде да стигнеш. Шо праиме му викам со Америка, Австралија... нема да одам ми вика по никоја цена, ако треба милиони да ми зависат!
Ауууу викам чувај боже, нема шанси чоеков да го предомислиш...
Но се до вчера

, се договараме 4ца другари да одиме во Бодрум на одмор, арно ама аранжманот е со чартер лет. И сега другаров вика одете вие, јас нема да дојдам зашто со автобус е многу пат и малтретирање а со авион нема шанси, и така ние го убедуваме, му збориме... не бре брате, арно ама татко му одигра клучна улога, му кажа дека едноставно мора да го преброди тој страв, и уште многу други прикаски и факти му кажуваше, ние од страна демек спонтано си збориме колку добро ќе си поминеме, ова-она, и ете го вечерта у дискотека и вика: МОМЦИ ОДЛУЧИВ, ЌЕ ЛЕТАМ СО ВАС!!! Ајде викам ќелнер одма носи алкохол
... И така, многу интересна приказна, посебно да се биде дел од тоа,

, сега останува да дојде терминот и да видиме дали стварно ќе се качи.
