Еј изверување? Јас тој збор во мојот речник него познавам ниту пак постои. Јас си имам свои принципи на живеење и едно од нив е да не изневерам без разлика на искушенијата. Патем сум бил во искушение но битно не сум барал можност во тоа искушение за да го направам тоа. Зошто? затоа што тоа ќе биде повреда за мојата личност поточно јас самиот ќе го носам тоа на совест бидејќи како прво знам како е кога ќе бидеш изневерен, го знам тоа проклето лошо чуство кое го имаш во себе кое те тера да се запрашуваш, да урлаш, ќе бидеш нервозен со денови итн. да не навлегувам толку длабоко. Секој нешто си има подвлечено и зацртано но има и такви кои едноставно не се придржуваат до тоа па си изневеруваат. Затоа и јас си имам зацртано и подвлечено линија која не сакам да ја преминам никогаш таа линија без разлика колку е големо искушението и таа личност колку ти била убава или пак јака девојка со големи атрибути, преубав задник итн бидејќи сето тоа нема да вреди откако веќе направиш нешто. Сепак не е се во сексот ниту пак во едно лапање,драпање. Исто и никогаш не сум ни посакал да се осветам поради тоа што сум бил изневерен сепак некој паѓа на искушението и како човек се простува и едноставно после 2-3 години поминува тоа чуство и веќе и скоро да не се сеќаваш на тоа освен ако се упадне во некој моабет на ваква тема па да се присетиш но тогаш нема да биде од големо значење.