Дали сте биле каснати од куче?

Не до толку да ми зарие заби. Иначе мое куче беше, ама не беше намерно, тргна да го напаѓа другото мое куче (имаше проблеми во мозокот и стануваше агресивно од нигде никаде) и го успавме кратко после тоа :(

А иначе брат ми го има каснато во Турција, над колено. Уште има лузна. Ни јас ни он не памтиме, мали бевме ептен. Ама нема никаков страв од кучиња :)
 
Касната од агресија-не, со игра... неколку пати од моето куче. Но, научена е сега да не каса.
И никогаш не сум се плашела од куче, ни големо, ни мало. Не сум направила ништо што би раздразнило куче за да ме нападне и не ме каснало. Добро, еднаш имаше можност да ме касне, но за чудо не ме касна.. тоа беше кога бркав една џукела да не ми ја нападне мојата.:icon_lol: Прво покажуваше заби и накострежен беше, ама не се повлекував и виде дека посилна сум и легна пред мене. И сега кога поминувам таму, кога ќе ме види ми приоѓа со наведната глава, мавтање на опашката и смеење, т.е покажување заби. После легнува и чека да го почешкам за стомак зошто бил умен.:X3:
 
Да, шарпланинец додека возев точак.
 
Не,немало зашто,ако не ги рчкаш нема да те каснат
 
Да, шарпланинец додека возев точак.
мене ме касна исто на точак, едно малецко ама со голема шилеста муцка, од тие пит сортите; среќа не ми ги проби летните пластични сандали, само ме изгреба , бидејќи газдата му свирна.. потоа газдата го тргна кучето некаде, едно година не го видов, можеби го носел на дресура, сега не напаѓа точак... инаку воглавном џукели напаѓаат кога си на точак.. а имам гледано порано во Аспровалта еден странец што џогираше рано сабајле по плажа го нападнаа кучињата што седат кај гирата (а кој се уште не беа отворени.).. човекот се снајде, откорна од песокот една долна цевка од сунцобран и некако се одбрани од гладните кучиња......[DOUBLEPOST=1491681642][/DOUBLEPOST]
грешка си, куче може да брани територија не само двор на газдата, туку и било каде, а и кучиња скитници може да заземат територија ако некој таму им фрла нешто за јадење...
 
Не, само ногивицата на тренерките ми ја потфати, и го акнав со петата и ме пушти, голема екипа беа, некои 7-8 кучиња, и тоа најмалото ми загази.
 
Колку што памтам два пати.

Првиот пат јануари/февруари во село само ногавицата на тренерките ми ја потфати, најверојатно поради тоа што ми беше лицето цело завиткано со шалот од што ми беше ладно, и тоа што идев во негов правец.

Вториот пат идејќи накај работа со точак поминував од една фирма кајшто имаше 3-4 џукели невакцинирани, сто пати сум поминал од таму и секој што ќе пројде го бркаат освен ако не им фрли малку мевце :)
Тој ден бев натоварен и возев малце поспоро, па едното успеа да ме закачи за ногата, доста длабоко. После тоа одење во 8-ми Септември, чекање саат време ред, па чистење, јод, газа и нареден ден на инфективно вакцинирање и уште неколку после тоа. Баш за последната им текна цело инфективно на колективен одмор да одат, па до Државна ме препратија, а тој што беше на смена таму на лева нога станат па седнувам и тој почнува да збори како безвезе се вакциниве дека во Македонија уште од времето на Тито немало човек со беснило...
Па нормално дека немало, сите се вакцинирале. :facepalm: :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom