Колку што памтам два пати.
Првиот пат јануари/февруари во село само ногавицата на тренерките ми ја потфати, најверојатно поради тоа што ми беше лицето цело завиткано со шалот од што ми беше ладно, и тоа што идев во негов правец.
Вториот пат идејќи накај работа со точак поминував од една фирма кајшто имаше 3-4 џукели невакцинирани, сто пати сум поминал од таму и секој што ќе пројде го бркаат освен ако не им фрли малку мевце
Тој ден бев натоварен и возев малце поспоро, па едното успеа да ме закачи за ногата, доста длабоко. После тоа одење во 8-ми Септември, чекање саат време ред, па чистење, јод, газа и нареден ден на инфективно вакцинирање и уште неколку после тоа. Баш за последната им текна цело инфективно на колективен одмор да одат, па до Државна ме препратија, а тој што беше на смена таму на лева нога станат па седнувам и тој почнува да збори како безвезе се вакциниве дека во Македонија уште од времето на Тито немало човек со беснило...
Па нормално дека немало, сите се вакцинирале.