MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Забораваш нешто многу важно, да те надополнам, вистината може да ја сруши само тој што има доказ дека таа вистина не е вистина. Што доведува до една вистина ( не повеќе, како на пр христијанството, исламот, будизмот... ).
Тоа што вистините се менуваат кон посовршеност, со доказ за нивната вистинитост, е позитивна работа, што значи доколку се случи некоја грешка, а мали се шансите за тоа, со соодветен доказ, таа ќе се поправи. Уште еден ( од многуте ) позитивен факт е што таа неможе да се искривува толку лесно колку „вистината“ на религиите.
Па во најлош случај, подобро е да се има една неконечна вистина, одколку да се има една конечна лага.
Тешко дека е така...
Своевремено, славниот Ленин има истакнато една девиза: „Учење, учење и само учење„. преку која, наводно, колку повеќе знаење имаме акумлирано, дотолку повеќе, наводно, сме биле поблиску до вистината. Арно ама, кутриот Ленин, не ни кажа и КОЈА е и КАКВА е и КАКО исгледа таа конечна ВИСТИНА, до која, наводно, требало да дојдеме со се поглемото знаење. Тоа е логички апсурд: ако јас ја знам СЛИКАТА ЗА ВИСТИНАТА, која допрва треба да ја достигнам, тогаш, што ќе ми е напорот за да ја достигнам таа вистина, кога веќе знам како изгледа? М?
Проблемот со современите науки е универзален: науките сметаат дека преку собирањето делови, ќе го склопат мозаикот од конечаната вистина, а самите науки немаат помим што всушност треба да откријат! За разлика од денешното време, античкиот свет (Грција и Рим) го имаат користено токму спроитивниот принцит: тие тргнуваат од позната целина, која се состои од деливи, но и целина која се состои во делот, преку принципот на универзалната аналогија.
Со така поставена и извртена логика на делување, денешните науки отркиваат само делови од целината, која никогаш нема да ја достигнат. Плус тоа, кога на науите ќе им „фали„ одредено објаснување, истите тие науки се впштаат во шпекулации и користење огромна количина од празни зборови, кои се „материјал„ за пополнување на празнинте од нивните теоретски поставки.