Дали си "муфте" / "гагаџија"? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата .....
  • Време на започнување Време на започнување

.....

Човекот...
Член од
5 јануари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
12
Возраст
35
Јас не сметам дека сум муфте, ама сите ми викат дека сум бил муфте најголемо, па изгледа ненамерно сум станал муфте и јас :)
 
Тој ти е чисто Битолски збор. Не знам точно да ти објаснам ама ке дадам се од себе :). Муфте ( џабе) сака се да добие џабе (без пари). Можи не е најдобро објаснување, ама паметни сте вие, ке сватите:)
 
По скопски тоа би било - дали си ‘гагаџија‘?
 
Така, така. И кај нас во струмица го има-Муфтаџии. Патолошката форма на муфтаџија е „Грепка, гребатор”.
Муфтаџијата има братуџед-Шлепер.
Шлепер е фаца што се шлепа на други мислења, пари, добра.
 
Не сум муфте ни под разно..:icon_lol:
А муфте буквално кажано е личност што сака се да добие за ништо, за без пари, за џабе..
 
добро е и гагаџија, ама јас би се одлучил за МУФТЕ, поинтересно звучи
 
Ни јас не сум муфте, а страшно ме нервираат таквите појави.
 
Batistuta напиша:
Ни јас не сум муфте, а страшно ме нервираат таквите појави.
Абе не до толку муфте, до одредена вредност на Муфте-метарот:)
 
Да бе, те сфаќам, ама има и такви кои ја преминуваат границата :wink:
 
Знам да се изгребам по некоја цигара ако ми снема.
Штознам за друго... Ако не ме понудат, не се гребам. Ако ме понуди некој, знам да земам - ама затоа и давам. :-)

Не, не спаѓам во муфтиња/гагаџии/гребатори.
 
Абе се си има граница.Останам без цигари,изгребам една,и толку.Се позајмиш,вратиш.А никогаш не сум ни помислил да живеам „на муфте„
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom