Не сме биле ние меѓу првите, Југославија била како целина развиена. Македонија во целиот тој склоп била најнеразвиена и тоа е една од причините зашто сега имаме такви проблеми.
Тогаш сме биле на дното на Југославија, сега сме на дното на Европа. Нема разлика, освен фактот дека сме свои на своето и покрај сите тешкотии.
Знаеш ли што преставува анархија? Анархијата не значи безредие и како политички систем е ултра лево. Анархијата значи остуство на хиеархија во секој смисол.
Македонија е во транзиција и се уште се трансформира, затоа е во ваков хаос. Но, сепак сите го имаат правото да си го изразат своето политичко уверување, без оглед дали е лево, десно или центристичко.
Во Македонија има ЕКСТРЕМЕН политички плурализам, што е последица на тоа што долг период владеело едноумие и сега одеднаш настанува хаос секој сака да регистрира политичка партија.
Но, тоа се само фази, кои со текот на политчкото и демократското созревање и реформирање, ќе се надмине.