Дали се живееше подобро пред осамостојувањето?

Кога се живееше подобро?


  • Вкупно гласачи
    92

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Која сметка која вересија, па според статистиките денес Екс ЈУ републиките се двојно позадолжени од СФРЈ.
Разликата е во тоа што Југица се задолживаше но од тие кредити народот имаше најголема корист, денес бате народот не гледа ни К од Кредити.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Разликата е во тоа што Југица се задолживаше но од тие кредити народот имаше најголема корист, денес бате народот не гледа ни К од Кредити.
Грешка си :) K..дефинитивно ја гледа од кредитите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонија поминува во транзиција и треба време да се пребродат овие кризи.
Таков е патот од социјалистичко општество.
Инаку во социјализамот трудот не се ценеше денес е поинаку тие што не сакаат да работат не можат да се втурнат напред.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
141
Поени од реакции
4
јас ќе земам едноставни примери па мислам дека во тоа време југославија била европска сила ние сме биле меѓу првите во регионов, во споредба со сега-сега сме еконоски и во секоја смисла на дното на европа па јасно е кога било подобро.
што се однесува до политички систем точно дека една партија,се немало толкава слобода на изразување и тн... но сигурно подобро од сега е зошто ова моментално во македонија не е демократија, ова е врвот на демократија или анархија...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
јас ќе земам едноставни примери па мислам дека во тоа време југославија била европска сила ние сме биле меѓу првите во регионов, во споредба со сега-сега сме еконоски и во секоја смисла на дното на европа па јасно е кога било подобро.
Не сме биле ние меѓу првите, Југославија била како целина развиена. Македонија во целиот тој склоп била најнеразвиена и тоа е една од причините зашто сега имаме такви проблеми.
Тогаш сме биле на дното на Југославија, сега сме на дното на Европа. Нема разлика, освен фактот дека сме свои на своето и покрај сите тешкотии.

што се однесува до политички систем точно дека една партија,се немало толкава слобода на изразување и тн... но сигурно подобро од сега е зошто ова моментално во македонија не е демократија, ова е врвот на демократија или анархија...
Знаеш ли што преставува анархија? Анархијата не значи безредие и како политички систем е ултра лево. Анархијата значи остуство на хиеархија во секој смисол.
Македонија е во транзиција и се уште се трансформира, затоа е во ваков хаос. Но, сепак сите го имаат правото да си го изразат своето политичко уверување, без оглед дали е лево, десно или центристичко.
Во Македонија има ЕКСТРЕМЕН политички плурализам, што е последица на тоа што долг период владеело едноумие и сега одеднаш настанува хаос секој сака да регистрира политичка партија.
Но, тоа се само фази, кои со текот на политчкото и демократското созревање и реформирање, ќе се надмине.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Не сме биле ние меѓу првите, Југославија била како целина развиена. Македонија во целиот тој склоп била најнеразвиена и тоа е една од причините зашто сега имаме такви проблеми.
Тогаш сме биле на дното на Југославија, сега сме на дното на Европа. Нема разлика, освен фактот дека сме свои на своето и покрај сите тешкотии.



Знаеш ли што преставува анархија? Анархијата не значи безредие и како политички систем е ултра лево. Анархијата значи остуство на хиеархија во секој смисол.
Македонија е во транзиција и се уште се трансформира, затоа е во ваков хаос. Но, сепак сите го имаат правото да си го изразат своето политичко уверување, без оглед дали е лево, десно или центристичко.
Во Македонија има ЕКСТРЕМЕН политички плурализам, што е последица на тоа што долг период владеело едноумие и сега одеднаш настанува хаос секој сака да регистрира политичка партија.
Но, тоа се само фази, кои со текот на политчкото и демократското созревање и реформирање, ќе се надмине.
Таман ќе се трансформира ќе се федерализира. Тогаш Македонија ќе биде Југа во мало.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Македонија поминува во транзиција и треба време да се пребродат овие кризи.
Таков е патот од социјалистичко општество.
Инаку во социјализамот трудот не се ценеше денес е поинаку тие што не сакаат да работат не можат да се втурнат напред.
Колку време ке и треба на македонија да ја преброди транзициската криза, 100, 200, години.
По што оцени дека во социјализмот не се ценел трудот, да случајно си осетил на плата, со твоите 20 години што ги прикажуваш во биографијата.
Во екс ЈУ се живеело 100 % подобро но денес и тоа во секој поглед дали од сигурност како вработен,или мирно и спокојно движење во границите на република МК или државата Југославија. и да не наведувам други придобивки од тоа време.........
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да се обидеме да бидеме реални...
Југославија не беше до толку моќна и развиена држава. Тоа е факт. И да тргнеме од тоа.
Политички права и слободи - никакви. Не е дозволена критика на системот, и на поединци од истиот, но сите други слободи се тука...Криминалитет на многу ниско ниво, како и во сите други комунистички држави.
Сопственоста на фирмите - општествена, значи сечија и ничија...уникат беше во светски рамки. Фирмите константно во загуби, па демек план прават за излез од ситуацијата, банките даваат кредити кои никогаш не се враќаат, оти нема од што...превработеност...
Кој ги памти боновите за бензин од 80-тите и рестрикциите на струја? Тоа...зошто Милка Планинц не обезбеди девизи да се купат...
Е сега за обичниот социјалистички трудбеник од тоа време...имало живот...
Платата иде на први...ама со неа на пр. нема што да се купи...Ги паметите ли редиците насабајле за леб и млеко, па празните рафтови во продавниците??? И, како спротивност на нив преполните продавници со ИСТ производ кој не се троши?
Затоа...ги направивме луѓе Бугарите и Грците...
Одмор на море во Грција, шопинг во Солун, Софија, Петрич, Сандански....Црно море...Купување бела техника и Аудио и ТВ по фри шопови....
Не беше до толку розово како што некои се обидуваат да кажат...платите не беа толку многу високи...пак луѓето одеа по Швајцарии и Германии...према западот пак си бевме чергари.
Се радувавме како деца на лименка Кока Кола донесена од Грција...
За разлика од другите комунистички држави, во Југославија слободно се доаѓаше до пасош.
Се во се...минато...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Во екс ЈУ се живеело 100 % подобро но денес и тоа во секој поглед дали од сигурност како вработен,или мирно и спокојно движење во границите на република МК или државата Југославија. и да не наведувам други придобивки од тоа време.........
И денес мирно можеш да се движиш де... Во границите. ЛОЛ
Туку, на темата. Не се живеело добро. Сме живееле на Словенскиот грб, во заблуда, со малку - ама не сме знаеле за повеќе па сме биле мн среќни...
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Грешиш.
Уште и во ЈНА бев...
Експерименти не можат да бидат држава.
Од тоа се плашам и јас пријателче... Од тоа ставувам, дека експериментални држави, максимум 20 години... Траат, мање више.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom