Дали се успивате наутро?

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 февруари 2007
Мислења
4.059
Поени од реакции
2
Компанијата "Рајс анд шајн" претставила на пазарот апчиња направени од неколку видови на витамин Б , аминокиселини и семки од гуарана за кои тврдат дека ќе стават крај на утринската зашеметеност и чувството на нервоза на луѓето кои не сакаат да стануваат рано. Апчињата "разбуди се навреме" давале дополнителна енергија и зголемен имунитет на организмот , го подобрувале расположението и позитивно влијаеле на варењето на храната, циркулацијата на крвта и меморијата.Сепак пак е потребно часовник или некој да ве разбуди но сето тоа ќе било попријатно.....
Дали и колку често Вие тешко станувате наутро и колку редовно се успивате?
 
Многу, последица е: што си легнувам прилично касно....
На школо, факултет, и не ми пречеше.... можеш и да дремнеш, да излезиш кога сакаш... но, на работа е зафркнато, треба да си сконцентриран во најголемиот дел од денот....

Па, да, се успивам, но и да станам навреме, ќе влечкам некоја мамурлива фаца на мене :)
 
Значи добро би ти дошле вакви апчиња?!
 
Никако!!! кај спијам по 4 саати па уште и да се уцпивам. Во живот се немам успиено. Малце е чудно ама така е. Сите ми викаат ти си будала!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!:tapp:
 
Ако имам јак мотив и желба за нешто, не се успивам, а ако не..и тоа како се успивам, каснам...како до дисциплина освен со апчиња????
 
Да се успивам многу често, а како последица да-намуртено лице! Али да имам една коцка чоколадо се е ок!:kaleber:
 
Не никогаш не се успивам затоа што станувам прилично рано и да немам обврски.Ни во основно ни во средно никогаш не сум се успала а на факултет нема ни теорија:toe:
 
Mnogu retko moze da mi se sluci da se uspijam. Ama obicno se budam na vreme poradi toa sto imam lesen son i dovolno mi e da mi zadzvoni mob za da se razbudam.
 
Море едни вакви за мене и ке идам ко навиен одсабалје у школо :zlo: :pos2:
 
не често али се случува, затоа се тука татко ми и мајка ми 2-3 минути претходно да ме разбудат.
пример треба да идам да возам кола во авто школа од 9часот сум навил саат во 8. ке се разбудам си викам да одморам малце и пак ке заспијам и ме будат 10 минути за 9.
 
Ретко,тоа коа ке легнам покасно to e to
 
Сабајлево се успав:tapp: На првите 2 часа не отидов.
Не се успивам често зошто вообичаено се будам и без да ѕвони алармот,ама кога сум премногу уморна ми се случува да не го слушнам алармот или да го исклучам и да продолжам да спијам:toe:
 
Не. Само еднаш ми се има случено лани задоцнив на ликовно 1 час, иако тешко ми е да станам и сите околу мене настрадуваат кога се будам зашто не ми се зборува и цел ден сум намќор ако не сум наспиена. И секое сабајле си ветувам дека вечерта ќе легнам порано ама ништо од ветувањето.
 
па што знам..не се успивам толку често,затоа што мајка ми обично ме буди,ама додека се разбудам ехехехе е тоа е богами тежок и долг процес..
 
Голем спанко сум и имам навика да се успијам тогаш кога нешто треба да завршам или да одам негде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom