Дали премолчувањето е лажење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Молчам само ако ме замолат за тоа за доброто на некој, за некоја доверлива работа или слично но ако знам нешто и ако го негираат тоа е тогаш нема шанса да премолчам :toe:
 
премолчувањето на ВИСТИНАТА е лажење...не викам дека некогаш не е оправдано или е како што американците викаат benevolent lie...но сепак...лажга си е лажга..
 
pa ne znam tocno,ako premolcis za necie dobro e lazenje ama pa nejkes i da go povredis,poso ke mu kazes nesto samo da mu e podobro.a zavisi i sto premolcuvas,dali golema rabota ili sitnica...
 
Во некои случаи е добро да се премолчи за некои работи (со цел да се заштити личноста т.е. за нејзино добро) , ама пак има и случаи каде едноставно не можеш да премолчиш и мора да излезе вистината на виделина :)
 
Прво како што чинам римз спомна има премолчување во смисла не кажување на нешто и има премолчување на дадено прашање, што во основа е и одговор ако е да/не прашање.
Јас лично кога сум прашан нешто а не сакам да ја доставам информацијата ради разноразни причини (нормално тука не станува збор за комуникација помеѓу партнери за теми кои директно или индиректно влијаат на врската) јас едноставно одговарам дека неможам да кажам поради одредени причини, и евентуално ќе посочам каде да го бараат одговорот и тука нема ни л од лажење, бидејќи човекот е едноставно искрен дека не е во состојба ради разноразни причини и приоритети да ја достави дадената информација. Инаку сите во армијата со воените тајни би се лажеле помеѓу себе.
Што се однесува до премолчување односно некажување на некои работи, тоа не е исто со лажење, но може да произведе слична реакција кај засегнатата страна како и лажењето, нормално многу зависи и од темата.
Ама јас сум сигурен дека никоја нормална партнерка нема да му се налути на својот партнер ако тој не и каже дека дента видел три типки по пат кои со својата појава сексуално го возбудиле, спиењето со други партнери е сепак друга проблематика.......
 
Ако е со добра намера тогаш не е лажење...:toe:
 
Па незнам од една страна ми е лажење од друга па не. Али повеќе ми е дека е лежење зашто ти си одбрал да не кажеш, значи си одбрал виситината да не излезе на виделина и фактички си излажал. Според мене боље кажи си, него да се мачиш и да мислиш дали како што и како би реагирал. Ама па од друга страна, она што не го знаеш неможе да го повреди соговорникот нели?
 
Абе јас и лажењето не го мислам за толку трагично многу пати помага ама зависи до кои граници лажеш не мислам на некоја превара што ќе те направи побогат или слично ама малите лаги се секојдневие и се добродојдени во некои случаи! А за премолчувањето ензнам зашто би премолчил едноставно премолчувањето за мене е чувство ан немоќ!
 
Лажење си е не кажување на вистината.
Молчењето си е не кажување на ништо ...
Така да молчењето не е лажење ...туку ... ќутење...
 
Лажење си е не кажување на вистината.
Молчењето си е не кажување на ништо ...
Така да молчењето не е лажење ...туку ... ќутење...

Ако немаш било каква причина да ја сокриеш вистината тогаш нема ни да ја преќутиш истата.
 
Премолчувањето, не е баш и некое лажење, ама е состојба во која сакаме и волкот да е сит и сите овци да се на број. :nesum:
 
премолчувањето не е лажење едноставно е некажување
 
Хм...Може да биде и тоа и тоа. На пример ако си прашан за нешто , а не го кажеш или избегнеш одговорот тогаш го сметам за лажење, но доколку не те прашаат, а ти премолчиш нешто, што можеби и треба да го кажеш - тогаш не го сметам за лажење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom