Дали премолчувањето е лажење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
И за да излажеш и за да ја кажеш вистината, треба да проговориш. А ако премолчиш, ништо не кажуваш. Премолчувањето не е лажење, ама исто боли. Најдобра другарка ти премолчала нешто што требала да ти го каже, ти дознаваш и одеднаш и викаш „Не ми кажа. Како можеше?“ Исто како да си и кажал/а „Ме излажа. Како можеше“. И исто ќе бидеме повредени. Не ги премолчувам работите. Гледам секогаш да ја кажам вистината. Понекогаш знам да кажам по некоја бела лага, ама мн. ретко и никогаш не им ја кажувам на оние што ги сакам и ми значат. Викаат понекогаш е подобро да се премолчи. Да, така е...но се зависи од случајот. Верувам дека нема таков/ва што би и премолчал на најдобра другарка доколку види дека момчето ја изневерува а знае дека таа е премн. затрескана во него и се му верува.:smir:
 
Мислам дека премолчувањето е многу блиско до лажење. Доколку го прашаш партнерот за нешто и не добиеш одговор, како би се осетил тогаш? Веднаш се јавува сомнеж.
Некогаш е подобро да се премолчи со цел да не се повреди некој, ама вистината секогаш испливува на површина, така да кога - тогаш кога ќе го дознаеш тоа пак ќе те повреди.
Што се однесува до мене, јас не премолчувам ама баш ништо, чиста ми е совеста секогаш и имам мир.:pipi:
 
Не е, нормално.За да излажеш треба да смислиш како и што.А кога премолчуваш,само не ја кажуваш вистината.Иако јас сум повеќе да се каже отколку да се премолчи,но има ситуации кога сум зажалила, затоа што сум повредила некои луѓе со кажување на вистината.А таа знае некогаш да боли.
 
Некогаш е подобро и да се премолчат работи,да не се дознаат.Затоа и некогаш премолчувам и тоа не го сметам за лажење:smir:
 
Пред некој ден на форумов прочитав едно мислење што идеше отприлика вака:

Според вас дали премолчувањето или не кажување нешто припаѓа во лажење и неискреност или премолчувањето сепак не може да биде лажење, затоа што сепак не кажуваш ништо погрешно?

Вие? Премолчувате ли кога нешто не ви одговара, искрени сте или сепак смислувате некоја лага?

И кога некој ќе ви премолчи нешто, а дознаете, лути сте како да ви кажал некоја лага или не го сметате тоа за ништо страшно?

Мразам премолчување! Ме вади од кожа!
Не е лажење, али не е ништо подобро од лажење... Ако премолчуваш значи не сакаш да ја кажеш вистината, а ако нејќеш да ја кажеш мора да има некоја причина, а тоа најчесто е заради тоа што вистината е нешто лошо...
Не премолчувам... Ако веќе треба да изберам меѓу двете попрво би излажала... Како и да е, вистината е секогаш најдобра...
А кога некој ќе ми премолчи се лутам, зашто како што кажав, не е ништо подобро од лажењето... Ја сакам вистината....
 
Се кое некажување, извртување или заобиколување на вистината е лажење по дефиниција.
Ваљда и премолчувањето тука спаѓа.
 
Лажење, ама некреативно. За добра лажга треба да се уклучи мозок, да се смисли нештото и плус да се памти.
 
Се кое некажување, извртување или заобиколување на вистината е лажење по дефиниција.
Ваљда и премолчувањето тука спаѓа.

Kомшо бе, камо либерален став? Ти доаѓам дома уморен, си пружам нозе на маса, вртам на А1 глеам футбал, а ти домаќинка права ко тие старине на времето шо ги праеле, ми носиш пиво, и легнуеш да спиеш...

И сеа ја лажго сум демек? Па не си ме прашала бе душо кај бев и што правев.

Друго е на пример да ме прашаш кај беше бе стоко една пијандуро смрдиш на километар, па да ти кажам...не знам мајке ми, или па да сменам тема и да ти кажам дека ќе ти прегоре кафето...

Значи...имаме два вида на премолчување...
Едното премолчување е кога не постои прашање...Ништо не е кажано. Тоа никако не е лага. Второто премолчување е кога ќе те прашат нешто а не кажуваш ништо. Тоа зависно од интелектот на соговорникот, може и да не биде класифицирано како лага.
 
Едното премолчување е кога не постои прашање...Ништо не е кажано. Тоа никако не е лага. Второто премолчување е кога ќе те прашат нешто а не кажуваш ништо.
Комшо, ај да не навлагаме сеа у меѓуопштински конфликти :) Се знае дека на второто се мисли.

Еве ти пример си седиш сеа на работа, си посматраш тоа авиончињата, ко и секој ден, и ја знам шо праиш и кај си бил, затоа и не прашувам.

Арно ама, баш овој ден се погодило на автопат од Петровец да ти автостопира некоја згодна младичка на која и се расипал стокецот, ти да и застанеш ко и секој услужив сограѓанин, да и понудиш вожња, да се шмекнете, и на крај да завршите на хауба у пот и делириум негде накај Водно.

Идеш ти дома, ја варам кафето, претпоставувам дека и овој ден бил ко и другите, и не те прашувам. Од кај знам ја тебе што ти се случило, нема ваљда да ми текне да прашам: абе, да не случајно се плескаше со една автостоперка на хауба до сеа? Тоа сигурно не.

И сеа?
Си ме варал? Си ме варал.
Си ме излажал? Си ме излажал.
Л`жење е комши, како сакаш врти го, а и како сакаш наречи го, на крај пак ќе испадне да ти го скршам сукалото од глаа. :icon_lol:
 
...премолчуањето е мнооогу далеку од лажење..едноставно јас молчам кога нејчам некого да повредам или пак самата уште повеќе да не се повредам..инаку не е убаво ..ама секако дека е многу подбро да премолчиш неголи да лажеш:toe:
 
Ама кој е крајниот исход на премолчувањето кога другиот сепак не ја чул вистината?
Мислиш дека нема сто пати повеќе да го повредиш некого кога ќе дознае дека си прикрила информација отколку да му ја кажеш без разлика на последици? По мене тоа е фер однос меѓу двајца.
 
Премолчувањето не е лажење, но во некои случаи на тој начин можеме да бидеме и соучесници во лагата, секако ако е кажана од некој друг. Во друг случај дефинитивно не може да биде лажење. Сите ние некогаш премолчуваме нешто пред некого ако за тоа почувствуваме потреба. Сепак, ако станува збор за лични работи и нема зошто да се правдаме пред други. јас тоа не го сметам за лажење. Или едноставно постојат работи во кои не сакаме и не треба да се мешаме, па и да сме свесни или да дознаеме нечија лага, а истата ја премолчиме пред другите, не го сметам тоа за погрешно. Сосема е различно премолчувањето од лажењето, лажењето претставува кажување невистини, а со премолчување едноставно ги задржуваме работите за себе т.е. во себе, за што на крајот на краиштата не сме должни никому да се правдаме. Секако, може да настане незгодна ситуација ако му премолчиме нешто на некој близок, но се додека не станува збор за нешто сериозно, нема причина за грижа. Знам по себе, дека ако некој таков ми премолчи нешто, сигурно би се налутила, но нема да го сфатам тоа како лага во никој случај затоа што личноста мене ништо не ме излажала туку едноставно не ми кажала се, односно ми премолчела нешто!!!:helou:
 
Комшо, ај да не навлагаме сеа у меѓуопштински конфликти :) Се знае дека на второто се мисли.

Еве ти пример си седиш сеа на работа, си посматраш тоа авиончињата, ко и секој ден, и ја знам шо праиш и кај си бил, затоа и не прашувам.

Арно ама, баш овој ден се погодило на автопат од Петровец да ти автостопира некоја згодна младичка на која и се расипал стокецот, ти да и застанеш ко и секој услужив сограѓанин, да и понудиш вожња, да се шмекнете, и на крај да завршите на хауба у пот и делириум негде накај Водно.

Идеш ти дома, ја варам кафето, претпоставувам дека и овој ден бил ко и другите, и не те прашувам. Од кај знам ја тебе што ти се случило, нема ваљда да ми текне да прашам: абе, да не случајно се плескаше со една автостоперка на хауба до сеа? Тоа сигурно не.

И сеа?
Си ме варал? Си ме варал.
Си ме излажал? Си ме излажал.

Л`жење е комши, како сакаш врти го, а и како сакаш наречи го, на крај пак ќе испадне да ти го скршам сукалото од глаа. :icon_lol:

Kомшо бе, како сум те излажал?? Сум забораил само да ти кажам мајке ми, имав на ум да ти спомнам, ама ете, сум заборавил, не било спомнато, не било прашано.
Да, сум те варал. Не, не сум те излажал.
 
Мразам премолчување! Ме вади од кожа!
Не е лажење, али не е ништо подобро од лажење... Ако премолчуваш значи не сакаш да ја кажеш вистината, а ако нејќеш да ја кажеш мора да има некоја причина, а тоа најчесто е заради тоа што вистината е нешто лошо...
Не премолчувам... Ако веќе треба да изберам меѓу двете попрво би излажала... Како и да е, вистината е секогаш најдобра...
А кога некој ќе ми премолчи се лутам, зашто како што кажав, не е ништо подобро од лажењето... Ја сакам вистината....

Па не те прашал некој за ти да кажеш. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom