Дали постои апсолутна вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
За мене се' е релативно. Не постои нешто на што му давам апсолутна моќ, можам да бидам најмногу 99% сигурна во нештото, но секогаш давам 1% можност дека можеби не е така.
Можеби само смртта е единственото нешто што знаеме дека ќе не стигне (апсолутна вистина), но после тоа се јавува повторно сомнеж- што после неа, дали постои друг живот подобар од овој или не? Надежта дека постои таков живот не' прави да ја прифатиме и релавитизираме на некој начин оваа апсолутна вистина.
 
Па има апсолутна вистина...Ако ние сме сигурни во тоа што го перцепираме,а од тоа произлегува и релативноста,не сме сигурни и дека има и нешто што постои надвор од нашите гледаишта,ако нешто не го гледаме и не го перцепираме,не е еквивалент дека и тоа не постои....
 
. Секој може различно да ја интерпретира реалноста. Тоа и се вика релативна вистина. Што е вистина за тебе, а за мене не. Секако, ова не оди за се. Неможеш да речеш дека шеќерот не е благ, освен ако нешто не е во ред со твоите сетила.

.

значи не е апсолутна:toe:

Да. Љубовта е апсолутна вистина.:back:

дај линк жити се:vozbud:

Па има апсолутна вистина...Ако ние сме сигурни во тоа што го перцепираме,а од тоа произлегува и релативноста,не сме сигурни и дека има и нешто што постои надвор од нашите гледаишта,ако нешто не го гледаме и не го перцепираме,не е еквивалент дека и тоа не постои....

ако нешто не го перцепираме било преку инструменти или сетила тогаш тоа не постои!!!!!!

ова излева како господ постои ај да веруваме...ама рокот на употреба му е...хмм..поминат:toe:
 
Луѓето мислат дека само нивната вистина е апсолутна вистина. Исто така мислат дека ако туѓата вистина биде презентирана подобро, тие секогаш можат да се извлечат од дебатата со зборовите се е релативно и нема апсолутна вистина.

Апсолутна вистина според мене, постои на овој свет во оваа димензија која ја живееме, во оваа реланост, со трезни и трезвени очи и ум кога гледаме што се случува низ прозорецот кон улицата и можностите.
Токму љубовта е апсолутна вистина, смртта секако е апсолутна вистина, гравитацијата и моќта на суперлепакот помеѓу палецот и показалецот.

Но, со оглед на тоа дека пред илјада години апсолутна вистина беше човечката невозможност да комуницира со друг човек на оддалеченост од 100 километри, би рекол дека моменталните сфаќања за апсолутна вистина се само привремени и ќе бидат изменети и надградени подоцна, по неколку години или со вечни векови, амин. :pop:

Дали тоа ќе го стори технологијата со сите свои диоди, транзистори и вајфај преноси на податоци, или моќта на мозокот кој ќе најде начин како да ги проектира нештата од едно место на друго со помош на неговите неограничени но неистражени можности, или 2012 која ќе ни укаже на тоа дека овој свет во кој пишуваме постови на форум е имагинарен а сонот всушност е вистинскиот живот... не знам.

Апсолутна вистина е дека јас не знам која е апсолутната вистина и дали постои. Но секако можам да нагаѓам и заземам став околу тоа прашање. Мојот е овој. ^^^
 
значи не е апсолутна:toe:

ако нешто не го перцепираме било преку инструменти или сетила тогаш тоа не постои!!!!!!

ова излева како господ постои ај да веруваме...ама рокот на употреба му е...хмм..поминат:toe:

Не си ме разбрал. Со тоа што си го болдирал јас само сакав да укажам на односот помеѓу апсолутната вистина и нејзината перцепција од наша страна (релативна вистина).

Ако „нешто не го перцепираме било преку инструменти или сетила тогаш“ не знаеме дали постои. Ова не е како: ништо не постои додека не се утврди спротивното. Ако до пред 200 години не знаевме за Х-зраци тоа не значи дека тие не постоеја.
Препрочитај што сум пишувал назад за да ти се разјасни.
 
епа односот е битен!!!

апсолутна вистина ниту се надоградува ниту менува во зависност на условите:toe:

а и не е како : ништо не постои додека не се утврди спротивното.!!!

нигде не напоменав на такво нешто...не сум детерминист тежок иако забегувам натакај:toe:
 
Така и кажа на Божица.

Па, тоа и јас го викам. Постои апсолутна вистина, независно од нашите ограничени способности да ја перцепираме.
Тоа и го зборам во сите постови наназад.

п.с. Јас сум детерминист. А тебе што те одвлекува од детерминизмот. Мислам, имаш аргумет против?
 
лаплас скренал барајки ја!!!!:toe:

а како знаеме дека постои???

по кој основ доагаме до тој заклучок???

дали ако речеме дека постои без разлика на нашата перцепција...или пак таа мора да постои!!

а пази ако постои мора да биде една:toe:

ако веке постои тогаш мора да биде видлива очигледна како таква за ние да заклучиме дека постои:toe:

без разлика на перцепцијата:toe:
 
Па, едноставно бе. Науката ја открива апс. вистина. Тоа се природните закони. На сто степени водата врие. Факт. И тоа е апс. вистина. Без разлика што ти или ја мислиме, тоа е така.
 
Па, едноставно бе. Науката ја открива апс. вистина. Тоа се природните закони. На сто степени водата врие. Факт. И тоа е апс. вистина. Без разлика што ти или ја мислиме, тоа е така.

а на 4 степени целзиусови водата е најгуста!!!!

која е поапсолутна вистина од двете!!!(една е апсолутна)

ако врие на 100 целзиусови степени истото го прави и на 373 келвинови а пак парадоксот тогаш се случува на на 277 келвинови степени:toe:
 
Па точката на вриење и точката на најголема густина не се контрадикторни вистини. Зошто само една да е точна??? Двете се дел од апс. реалност.

А тоа со мерките, нема врска. Се знае колкава е таа температура во споредба со точката на мрзнење и вриење на водата. Степените се само наш начин да ја направиме природата мерлива.
 
ни,кој не вели дека се контрадикторни ама која е поапсолутна ме интересира???
 
Јас сакам да се држам до дефинитивни, проверени еве во интерес на темата апсолутни нешта. Then again, погледнете ми го аватарот. Умот знае да лаже, најверојатно.
И што е всушност апсолутна вистина. Мислам зошто епитетот апсолутна? Како може една вистина да биде релативна кога тоа се коси со самото поимање на вистината. Сакам да кажам, релативизирањето на вистината е научно или ненаучно? Денес се тврди едно, утре друго. Дури и инструментариумот се менува. Значи како апсолутна можеби постои, ама ние не успеваме докрај да ја осознаеме. Ние претежно се договараме или се сомневаме во пак ќе кажам условно договорената вистина. Крајно, апсолутна вистина нат аур тхинг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom