Дали постои апсолутна вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Имаше една интересна реченица: 2+2=5. In some parallel world this is true.

Навистина, дали постои нешто како апсолутна вистина? Дали има некоја работа за која може да кажеме дека е апсолутна вистина, апсолутно точна без ниедна трошка сомневање?

Или сепак се е релативно и субјективно?

Дали вистината зависи од аголот од кој ги гледаме работите или сепак постојат работи за кои вистината е иста како и да ја гледаш?
 
Хм... апсолутна вистина...
Законите на природата се секогаш „апсолутно точни без ниедна трошка сомневање“. Но колку сме ги сфатиле ние е прашањето.
Ама ова сепак се сведува на прашањето дали постои апсолутна реалност, реалност која постои без оглед дали ние сме свесни за неа. Тогаш, нашата перцепција за реалноста би била релативна и субјективна, но сепак би постоела и апсолутна реалност, а оттука и апсолутна вистина. На пример, ние можеме да мислиме дека сме еволуирале од примати, но сепак тоа е субјективна оценка базирана на теорија. Се додека на се потврди со помош на научниот метод, не може да се рече дека е апсолутна вистина.
Сега, што ако научниот метод е всушност неадекватна алатка за откривање на апсолутната вистина? Ние можеме да мислиме дека со негова помош секогаш доаѓаме до научна вистина, но што ако тоа не е така во реалноста? Како ќе докажеш дека научниот метод функционира? Ќе и веруваш на логиката? Тоа е и елементот што се базира на вера во целиов овој поредок на науката. Што ако има дел од универзумов кој е нелогичен? Што ако аксиомите се неточни?

ОМГ... отпловив во длабоки филозофски води:pos::kesa:
Во секој случај, ми се чини некогаш дека науката не е толку reliable, колку што би сакале ние да биде.
 
Постои. Кога ќе настапи смрт на нам блиска особа која ни била од особено значење во животот, Апсолутна Вистина е дека ја нема веќе покрај нас и никогаш нема да ја има. Тоа е Апсолутна Вистина.
 
Постои. Кога ќе настапи смрт на нам блиска особа која ни била од особено значење во животот, Апсолутна Вистина е дека ја нема веќе покрај нас и никогаш нема да ја има. Тоа е Апсолутна Вистина.

прашање на перцепција!!!!

тогаш апсолутна вистина е дека и нас ке не нема....или??
 
прашање на перцепција!!!!

тогаш апсолутна вистина е дека и нас ке не нема....или??

Ќе не нема крај некој друг кога во моментот ќе ги има. Дали нас ќе не има после смрта и во која форма не е ни битно.

**Може малку да ми пообјасниш како го сфаќаш прашањето на перцепција во случајот којшто јас го споменав?
 
апсолутната вистина не може да биде релативна категорија,оттука губењето на личност не може да биде апсолутна вистина односно ако за тебе е,за Х лице не е:toe:
 
апсолутната вистина не може да биде релативна категорија,оттука губењето на личност не може да биде апсолутна вистина односно ако за тебе е,за Х лице не е:toe:

Губењето на личноста не може да биде релативно кога физички повеќе не е тука ни за мене ни за тебе. Релативни можат да бидат само чувствата т.е. што јас чувствувам за загубата, а некој друг не.
Но, личноста секако веќе не е тука.
 
Губењето на личноста не може да биде релативно кога физички повеќе не е тука ни за мене ни за тебе.

физички е тука...ама не како жива материја,а личноста сепак е релативен поим....има разлика од личнос до личност....а има и некои личности кои се трансформираат во ликови-дали и тие се unique односно посебна вистина за себе апсолутна или само дел од општеството кое неминовно влијае врз оформувањето на личноста оттука со промените во општеството имаме и влијание врз личноста така да и нормалната личност е релативна:toe:
 
Доколку нема апсолутна вистина залудно е човековото постоење.
Некој ми рече на форумов "зошто бараш едноумие, разноврсноста и различноста во ставовите се тие кои прават форумов интересен за читање".
Тоа е чиста глупост, тоа е за мене муабет со следниов тек:
Сонцето е зелено.
Не, сонцето е кафеаво.
Не, сонцето е безбојно.

Немам воља да дебатирам со луѓе кои не ги делат моите ставови, затоа у последно време не се обидувам да ги "просветлам".
 
Доколку нема апсолутна вистина залудно е човековото постоење.
.

Немам воља да дебатирам со луѓе кои не ги делат моите ставови, затоа у последно време не се обидувам да ги "просветлам".

просветли ме мене(а и другите):se_ molam:se_ molam:se_ molam:se_ molam:se_ molam:se_ molam:se_ molam:se_ molam

па знаеш ли дека и господ не е апсолутен бидејки со створањето на човекот ОН докажа дека пати од комплекси на нижа вредност е сега види ти!!!!

значи постои нешто апсолутно а тоа е апсолутна нула(-273 степени целзиусови):vozbud:
 
Не постои!
Како што не постои добро и лошо. Така и не постои и вистина и лага.

Од кај знаеме дека небото е сино. Го гледаме со очите?
Филозофирање малце... што ако не лажат очите, кучињата гледаат црно бено, мувите подруго, сите суштества различно па таке и ние. За нас е сино но за другите не е. Колку е тоа навистина сино небото?
Колку е тоа навистина безбојна водата? Некои суштества (пример хипотетички постојат вонземјани) некои суштества кои се поинтелигентни по усовршени од нас и тие можат да гледаат каква е водата навистина.
Мислам дека ме свативте што ми беше зборот .:smir:
 
Се е апсолутна вистина. Кој ве лажел дека нема. :) На кого не му се верува нека се пробуди. Или некој камен поголем по глава и после нека се прашува дали е тоа вистина или лага што му се случува. :P
 
Како што во секоја лага има пола вистина и во секое црнило ја има и онаа бела точка како јинг јанг знакчето неможе да има ни апсалутна вистина.. Тоа што за нас е точно за некој кој го гледа од друг аспект е тотално погрешно. Се зависи од аспектот од кој се гледаат работите, сфаќањата. Секоја вистина е апсулатна вистина за тој што ја кажал и тој што се сложил со неа. Но всушност не е апсолутна затоа што не е вистина и за СИТЕ останати.. Светот не е баш така мал. Секој е со свој ставови, свои размислувања и свој агол од кој го гледа и проучува светот.
 
[zEUs];2712232 напиша:
Не постои!
Како што не постои добро и лошо. Така и не постои и вистина и лага.

Од кај знаеме дека небото е сино. Го гледаме со очите?
Филозофирање малце... што ако не лажат очите, кучињата гледаат црно бено, мувите подруго, сите суштества различно па таке и ние. За нас е сино но за другите не е. Колку е тоа навистина сино небото?
Колку е тоа навистина безбојна водата? Некои суштества (пример хипотетички постојат вонземјани) некои суштества кои се поинтелигентни по усовршени од нас и тие можат да гледаат каква е водата навистина.
Мислам дека ме свативте што ми беше зборот .:smir:

Те сваќам, ама... баба лаже трап не лаже... викаат старите.:pos:

дури и да ме лажат очите, инструментот не лаже. Ќе ја измерам брановата дожина на светлината и ќе знам како тоа ќе изгледа и за маче и з куче и за што сакаш.
Ова се прашања на факти. Затоа викам и дека постои апсолутна вистина.
Јас тврдам дека универзумот постои и без наша свест за него. Оттука, во нашите умови, преку сетилата, се пресликува апсолутната реалност во релативна. Секој може различно да ја интерпретира реалноста. Тоа и се вика релативна вистина. Што е вистина за тебе, а за мене не. Секако, ова не оди за се. Неможеш да речеш дека шеќерот не е благ, освен ако нешто не е во ред со твоите сетила.

Значи ако не функционира сетилото ние можеме да ја откриеме апс. реалност со помош на научни мерни инструменти. Исто како што не ги гледаме Х-зраците, но можеме да ги забележиме со помош на инстррументи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom