Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.413
- Поени од реакции
- 6.131
Секако дека ги почитувам. Од постовите може да се научи многу, да прочиташ нешто што не си го знаел или да ти се разјаснат некои дилеми. Има и постови што ме нервираат, несредени или неправилно формулирани и самиот што ги пишувал не може да си ги сфати, а не пак оние што ги читаат. Иако ретки се таквите на овој форум. Благодарение на постовите имам изградено по некое мислење за сите од поактивните членови а со тоа си помагам и себеси зашто запознавам нови карактери и ставови па макар и виртуелно. Затоа што сите меѓусебно се почитуваме кајгана е едно големо виртуелно семејство и баш ми е драго поради тоа. 
