Дали пијанството го оправдува неверството?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пијанството го оправдува неверството?

  • Да

    Гласови: 69 17,4%
  • Не

    Гласови: 328 82,6%

  • Вкупно гласачи
    397
Џабе се трудиш да бидеш интересен кога не ти успева.
Туку зборувам за делот кога некој е пијан и тогаш се појавува периодот кога си го кажуваш она што го чувствуваш, она што сакаш да излезе на површина без разлиак колку си сакал да го криеш. Тебе тоа ти се случувало? :icon_lol:
Поентата на темава е за тоа кога некој ќе се начука и го изневерува партнерот а не да се пишуваат постови за виното,вистината и тоа као си поштен и на прво начукување тебе ти текнува да се јавиш на партнерот. Тоталка ја промашуеш темата, знаеме дека пиеш вино и дека си верна.
 
Поентата на темава е за тоа кога некој ќе се начука и го изневерува партнерот а не да се пишуваат постови за виното,вистината и тоа као си поштен и на прво начукување тебе ти текнува да се јавиш на партнерот. Тоталка ја промашуеш темата, знаеме дека пиеш вино и дека си верна.

Се извинувам Господару што сум толку глупа и неписмена и не ја сфатив поентата на темата. :pipi:
Ако знаеш да читаш ќе го прочиташ и вториот дел од мојот пост а не да се факаш за сламка и да се правиш јак за да собереш лајк4е .:pipi:
А ако не препознаваш сарказам мој проблем не е.
И кажав, не простувам неверство ни во пијано ни во трезно. Илјада пати се изјаснив и во друѓи теми само дали си ме прочитал и колку си прочитал тоа не знам.

Фала лепо на разбирање.
 
Не може да се оправда неверство преку пијанство. Тој/таа што се оправдува со пијанство, очигледно нема идеа како да се оправда пред партнер(ката). Се фаќа како давеник за сламка.
 
Не може да се оправда неверство преку пијанство. Тој/таа што се оправдува со пијанство, очигледно нема идеа како да се оправда пред партнер(ката). Се фаќа како давеник за сламка.

Бро а замисли си ситуација, се праиш муле пијан, и на нишо не се сеќаваш од вечерта, и некоја девојка го искористила тоа...И девојка ти не треба да ти прости, само затоа што си лапал некоја, а ни ти самиот незнаеш која?
Да бидам јасен, не оправдувам неверство поточно никој не го заслужива тоа, али некогаш искушението е поголемо...
 
Во никој случај. Незнам ја мислам дека ако си пијан незначи дека си будала. Односно сепак знаеш што правиш. Освен ако не се влечиш по земја али во таква ситуација и не ми се верува дека некој би изневерил пошто глава неможе да исправи, а не пак нешто друго да направи.
 
Ја коа сум тиква пијан и да сака некоја да ме искористи ако го дигне еве на :icon_lol::icon_lol:

Иначе нема оправдување за пијанство, ако девојка се напраи ќуп за да неможе да мрда и да и се редат не би сакал ни да ми е девојка, поумерено пијанство значи дека си свесен што правиш и треба да одговараш за своите постапки.
 
Кратко и јасно- не.
 
Горе долу се познаваме какви сме на пијанство и како реагираме. Еден е позборлест, друг е терсен и агресивен, трет прави други далавери, но една работа која сите ги поврзува е туркање на бариерите кои ги поставуваме при трезност.

Пијанството не го оправдува неверството во никој случај. Секое претерување со алкохол и исклучување од реалноста е пост-состојба, која причинско-последично резултирала од претходна состојба во која лицето било трезно и внесувало одредени количини на алкохол. Што значи умислено љока, љока и љока, свесен е дека можи да се задефектова(познавајќи се себеси) но не превзема ништо, туку се препушта на задоволството кое го има во умислата, кое на крајот ,,излегува од границите" и резултирано со неверство.

Постои едно нешто што се нарекува самоконтрола, која се ограничува со тоа Супер егото на Фројт, преку Егото, за да се потисни Идот и нагоните кои се наоѓаат во него.
 
Колку и да си пијан не може до толку да не знаеш што правиш, па да изневеруваш. Пијанството може само да ти даде поголема самодоверба да го направиш тоа што малку поспоро и попретпазливо би го направил и трезен.
 
Каков изговор пијан бил, незнаел што правел, не бил свестен, незнаел за себе..како да не...Све знае што прави,него му се присакало,засвиѓал друга во тој момент и напраил тоа што сакал..Да нејќел и мртов пијан немал да пипнал ниедна..Така да глупи изговори се тоа за лажговци.
Варање е варање без разлика пијано или трезно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom